ССМ со апел до пратениците утре да го изгласаат петтиот антикризен пакет


Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика пратениците од сите политички партии на разумност со апел утре да го изгласаат петтиот пакет антикризни мерки со кој меѓу другото е предвидена финансиска поддршка за плати за февруари и март. – Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат кој ги претставува интересите на 70.000 членови […]

Бугарските социјалисти го поддржаа Румен Радев за втор претседателски мандат


Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија одлучи да ја поддржи претседателската двојка Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат со 122 гласа „за“, ниту еден против и девет воздржани, јави дописникот на МИА од Софија. Членовите на Националниот совет формираа работна група за комуникација со претседателската двојка за формулата за нејзино номинирање, иницијативниот комитет […]

Истражување: Луѓето кои биле заразени од Ковид-19 не се целосно заштитени од повторна инфекција


Луѓето кои веќе го прележале Ковид-19 не се целосно заштитени од повторна инфекција, предупредува нова студија на американски научници. Истражувачи од Медицинскиот факултет ИСММС во Њујорк анализирале податоци за повеќе од 3.000 здрави припадници на американскиот марински корпус на возраст од 18 до 20 години, пишува британски „Дејли меил“. Весникот наведува дека тие откриле дека […]

Погребан принцот Филип: Церемонијата сам си ја испланирал (видео)


Англија– Во капелата на замокот Виндзор денеска беше погребан сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали. Кралицата Елизабета Втора се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Принцот Филип почина на 99-годишна […]

Бразил предупредува: Ако може, одложете ја бременоста за подобри времиња


  Медицинските официјални лица во Бразил ги предупредија жените да ја одложат бременоста додека не помине најлошиот бран од пандемијата од корона вирус, затоа што сметаат дека варијантата која е присутна во оваа јужноамериканска земја, многу повеќе влијае на идните мајки отколку основната варијанта на корона вирусот, пишува Гардијан. Оваа препорака доаѓа затоа што Бразил […]

Бројот на жртвите во светот од Ковид-19 стигна до неверојатни 3 милиони


Само кај богатите вакцинацијата оди побрзо. На глобално ниво, околу 87% од дадените 700 милиони дози се во богатите земји. Додека 1 од 4 лица во богатите нации примиле вакцина, во сиромашните земји оваа бројка е 1 на повеќе од 500   Глобалниот број на жртви од корона вирусот надмина неверојатни 3 милиони луѓе во […]

Мухамед Халили е новиот претседател на Советот на амбасадори


За нов претседател на Советот на амбасадори денеска е избран Мухамед Халили, а за потпретседатели Елеонора Петрова и Александра Наќева-Ружин. Од Советот на амбасадори попладнево соопштија дека во Извршниот одбор влегуваат и амбасадорите Љупчо Арсовски, Ѓорѓи Филипов, Азис Положани, Тихомир Илиевски, Ѓорѓи Спасов и Зоран Јолевски. Новиот претседател е избран на денешното Годишно собрание одржано […]

Две лица убиени, еден полицаец повреден при рутинска сообраќајна контрола во Сан Антонио


Две лица се убиени, а еден полицаец е повреден во Сан Антонио, Тексас, откако рутинска сообраќајна контрола се претвори во инцидент со пукање. Началникот на полицијата во Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека полицаецот е сместен во болница и дека може да зборува, објави весникот „Хил“. – Би додал дека полицаецот е многу среќен што […]

За првпат направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор


За првпат во историјата на македонското здравство на Клиниката за ортопедски болести е направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор. Коските се од починатата девојка, чие семејство реши да ги донира органите откако таа го загуби животот во сообраќајка несреќа. Министерството за здравство соопшти дека експлантацијата на коските и меките ткива е […]

Бубрезите на Алексеј Навални се пред откажување по штрајкот со глад


Затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални е под зголемен ризик од откажување на бубрезите и видот му се влошува по повеќе од две недели штрајк со глад, соопшти во саботата синдикатот на лекарите кој е поврзан со опозицискиот политичар. Навални (44), истакнат противник на рускиот претседател Владимир Путин, започна да одбива храна на 31 март […]

Дебранец починал од труење со плин


Четириесет и три годишен дебранец починал како последица од труење со плин. Тој се затрул пред неколку дена но одбил да се јави на лекар. -Во 9:45 часот во текот на вчерашниот ден, во Секторот за внатрешни работи во Охрид од Општата болница со проширена дејност во Дебар, пријавено е дека на ургентното одделение, бил […]

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација


Дваесет и седумгодишен пациент на дијализа доби бубрег од починатата девојка чие семејство ги донираше органите. Министерството за здравство попладнево соопшти дека во тек е и втората трансплантација кај 40-годишен пациент со хронична бубрежна болест.   – Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од […]

Не стивнува поддршката за хуманиот чин на семејството Бојчовски кое ги донираше органите на починатата ќерка


Откако решија да ги донираат органите на својата ќерка која загина во сообраќајна несреќа, не стивнуваат позитивните реакции за огромниот чин на хуманост до семејството од беровското село Русиново, за кои единствената утеха покрај огромната загуба, е тоа што нејзиниот живот ќе продолжи преку животот на пациентите кои ќе ги примат нејзините органи. За братот […]

Србија не очекува заклучување за Велигден


Во Србија последното деноноќие потврдени се уште 2.583 новозаболени од Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа уште 34 лица. Дали Велигден ќе се помине под клуч, д-р Бранислав Тиодоровиќ за Б92 вели дека очекува Србија да остане на истите мерки и дека разбира оти на луѓето име преку глава од вирусот. – Но, […]

Во Скопје во ковид центрите се лекуваат вкупно 702 лица, низ земјата уште 998 пациенти


Од Министерството за здравство информираа дека вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, додека во другите градови во земјава се лекуваат вкупно 998 пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците […]

Изборниот процес во Албанија ќе го обезбедуваат над 7.500 полициски службеници


Безбедноста и редот на парламентарните избори на 25 април ќе ги гарантира албанската државна полиција, за што ќе бидат ангажирани над 7.500 полициски службеници, јави дописничката на МИА од Тирана. Директорот на секторот за јавна безбедност, Или Васили објасни кои чекори се преземени од страна на полицијата од декември минатата година. – Првиот чекор беше […]

Пожар во болница во Јоханесбург, евакуирани околу 700 пациенти


Околу 700 пациенти беа евакуирани денеска од болница во Јоханесбург, каде избувна пожар во некои оддели. – Засега нема извештаи за жртви или повредени, а пожарот е локализиран. Сепак, болницата ќе биде затворена неколку дена, изјави Дејвид Махура, премиер на јужноафриканската провинција Гаутенг. Тој додаде дека околу 400 пациенти се веќе префрлени во други јавни болници, […]

Следната недела јавен повик од 1 милион евра за настани со домашни изведувачи  


Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат настани од јавен интерес со домашни изведувачи, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи по средбаата со Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП. Вицепремиерот Битиќи и националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, на средбата со […]

Во Хрватска уште 2.627 новозаразени, починаа 37 лица


Во последните 24 ќаса во Хрватска од корона вирус заболеле 2.627 луѓе, а активни се 16.284 случаи. Од нив 2.014 пациенти се на болничко лекување, а 182 на респиратор. Починаа 37 пациенти, а вкупно досега 6.523. До денеска од корона вирус заболеле 306.225, а оздравеле 283.418 лица. Тестирани се вкупно 1.693.080 лица, од кои 9.429 […]