Србија од 2017 година со електронската управа сочува 900 тони хартија
Од воведувањето на електронската управа во 2017 година, соседна Србија до денес, сочувала 900 тони хартија. Тоа значи дека граѓаните можеле јавните услуги да ги добијат преку интернет. Последица на тоа е значително намалено користење хартија. Според официјалните податоци, сочувани се 180 милиони страници хартија А4 формат. Ова постигнување го коментираше премиерката Ана Брнабиќ. […]