Облачно со повремен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд претежно во западните и крајните источни делови. На места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 10 до 18 степени. Во […]

Австрија ќе пренасочи 651.000 дози вакцини од ЕУ за Западен Балкан


Австрија денеска соопшти дека планира до август да испрати 651.000 дози на вакцина против коронавирусот на Бионтек/Фајзер во шест земји од Западен Балкан, како дел од програмата на Европската унија за помош на соседните земји и Африка. Тие ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај според тоа на кои земји им се најпотребни. Босна и […]

Кои се 30-те најплатени работни места за следната деценија


Проектирањето на идните деловни трендови во која било област, особено по она што ни го покажа глобалнo кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот, е многу тешка, речиси невозможна работа. Сепак, познатиот американски портал Бизнис инсајдер се обиде со помош на статистички податоци да открие кои работни места ќе бидат барани во следните години. „За […]

„Шпигел“: Русија гради нова голема воена база на Крим


Русија распоредува десетици илјади војници на границата со Украина. Сателитски снимки покажуваат како на полуостровот Крим се појавила огромна воена база, пишува германскиот весник „Шпигел“. Весникот прецизира дека воениот објект е „подигнат“ во источниот дел на полуостровот, на околу 30 километри од селото Марфовка. Сателитските снимки, кои му се достапни на „Шпигел“, покажуваат дека таа […]

Принцот Вилијам ја критикуваше европската Супер лига


Претседателот на Англискиот фудбалски сојуз (ФА) принцот Вилијам, го критикуваше денеска формирањето на европската Супер лига, нагласувајќи оти ја дели загриженоста на навивачите поради идејата за ново клупско натпреварување. -Сега, повеќе од кога и да е, мораме да ја заштитиме целата фудбалска заедница, од најниско до највисоко ниво – и вредностите на натпреварувањата и правичноста […]

Груевски не признава дека запленетиот имот е негов


Преку  Фејсбук, екс премиерот и бегалец Никола Груевски реагираше на објавите дека Јавното обвинителство запленило земјиште на Водно и два стана кои се негови. – Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги […]

Челзи, Манчестер сити и Реал Мадрид пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок


Висок претставник на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не ја исклучи можноста Реал Мадрид, Манчестер сити и Челзи, три од 12-те клубови кои застанаа зад новата Супер лига, да бидат исфрлени од полуфиналето во тековната сезона во Лигата на шампиони, најавувајќи оти одлуката ќе биде донесена в петок. -Клубовите мораат да заминат, а очекувам тоа да се […]

Стигна првата пратка од 10.530 дози од вакцината „Фајзер“


Министерството за здравство информира дека попладнево стигна првата пратка од вакцината „Фајзер“, која тоа ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19. -Станува збор за 10.530 дози од вакцината „Фајзер“, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за […]

Шведски лекар: Секој ден фрламе стотина дози „АстраЗенека“


  Стотина дози од вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19 се фрлаат секој ден во Стокхолм, затоа што жителите одбиваат да се вакцинираат со нив, рече шведскиот лекар Јохан Стируд во понеделникот за телевизијата СВТ. Тој е од лекарското здружение на шведската престолнина и вели дека нема доволно доброволци за „АстраЗенека“, па вакцините мора да се […]

Велика Британија забрани влез на патници од Индија поради корона вирусот


Британската Влада забрани влез за патници од Индија во Велика Британија, освен за британски државјани кои по пристигнувањето ќе мораат да заминат во карантин на свој трошок, поради влошената состојба со пандемијата на Ковид-19 во таа земја. – Донесовме тешка, но витална одлука да ја ставиме Индија на црвената листа, изјави денеска британскиот министер за […]

Од утре аплицирање за поддршка на платите и детали за шестиот антикризен пакет


Од 27 април планираме да има одредено олабавување на мерките во смисла на дозволи за работа, но будно ги следиме препораките не Комисијата за заразни болести, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Битиќи во гостување на ТВ 24 најави дека од утре почнува аплицирањето за финансиска поддршка на платите, а на прес-конференција Владата […]

Филипче: Младиот Иле полека заздравува, поддршка за решавање на проблемот со вработувањата на семејствотото на Верица


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со семејството на Верица, младата девојка која трагично го загуби животот, а нејзиното семејство ги донираше органите и досега се спасени три животи. -Со овој чин досега спасија три животи. Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе чија големина и алтруизам оставаат без зборови. Во име […]

Пратеничката на СДСМ добила одобрение од лекарите да оди во Собрание


Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, смета дека не неправила кривично дело со вчерашното доаѓање во Собранието, иако е во изолација поради КОВИД-19. Костадиновска Стојчевска во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека е асимтпоматска, дека за да присуствува во законодавниот дом добила одобрение од лекари и дека притоа ги испочитувала сите протоколи. Пристигнала, повтори, […]

Заев ги повика Македонците во Албанија да гласаат за Еди Рама


Македонскиот премиер Зоран Заев ги повика сите Македонци кои се државјани на Албанија на изборите на 25 април да гласаат за Социјалистичката партија на Еди Рама и за македонскиот кандидат Васил Стерјовски, кој е член на парламентот две години. „Ве повикувам сите да го заокружите бројот 12 на изборите на 25 април и да ја […]

Пожар ја уништи зградата и библиотеката од Универзитетот во Кејптаун, евакуирани студентите


Поради пожар што изби на Трпезната Планина во Јужноафриканската Република, евакуирани се студенти од Универзитетот Кејптаун. Пожарот уништил дел од универзитетската библиотека во која се наоѓаат единствени колекции од африканските архиви, соопшти директорот на библиотеката во понеделникот. Огнот ја зафати зградата од студентскиот кампус, а пожарникарите во акцијата за гасење користеле и хеликоптери, пренесе Ројтерс. […]

СЗО ја продолжува светската здравствена вонредна состојба


Светската здравствена организација ја продолжи глобалната здравствена вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19 за уште три месеци, соопшти Комитетот за итни случаи на СЗО. Комитетот се согласи дека пандемијата останува во вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење и му понуди совети на генералниот директор, се вели во соопштението. Генералниот директор на СЗО, Тедрос […]

Албанец избодел пет лица во џамија во Тирана


    Еден Албанец денеска со нож нападна и рани пет лица во џамија во Тирана. Полицијата соопшти дека 34-годишниот Рудолф Николи влегол во џамијата Дина Хоџа во центарот на Тирана и со нож ранил пет лица, пренесува АП. Полицијата додаде дека веднаш реагирале и го уапсиле напаѓачот.Меѓутоа, приватната телевизија „Топ Чанел“ покажа снимки како […]

Стивен Сигал ја продава куќата во Аризона со прозорци отпорни на куршуми (галерија)


САД– Акционата ѕвезда Стивен Сигал повторно ја нуди на продажба куќата во пустината во Аризона, од 12 хектари надвор од Скотсдејл за 3,4 милиони долари. Актерот познат по воените вештини стекнати во Јапонија, го купи имотот за 3,5 милиони долари во 2010 година и го продаваше повеќе пати во последните неколку години. Модерната куќа дизајнирана […]

Никој во ЕУ не го прашал Логар за нон-пејперот


Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар порача дека расправата за наводниот нон-пејпер за промена на границите на Западен Балкан не е од корист ниту за БиХ, ниту за Словенија. По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Логар рече дека секој мора да процени што е во негов интерес – дали да води […]

СЗО: Потврдите за вакцинација се дискриминирачки


Вонредниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) препорача потврдите за вакцинација да не бидат предуслов за меѓународно патување бидејќи вакцината е нерамномерно распределена меѓу земјите. Независни експерти од Комитетот, во соопштението објавено по состанокот минатиот четврток, се осврнаа на ограничените докази дали вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ширењето на инфекцијата, како и на „нееднаквоста во глобалната дистрибуција на вакцините“. Затоа, […]