Шестиот пакет мерки помина во Влада


  „Денес го усвоивме шестиот пакет мерки и ставаме на располагање 17,8 милиони евра за 12 категории на економски субјекти. Со ова ќе се поддржат близу 10.000 компании и околу 60.000 вработени“, изјави денес вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Тој наведе дека се креирани соодветни мерки и за […]

Угостителите и туристичките работници протестираат: Нема скара, нема мир!


Нема скара, нема мир!. Со ваков транспарент членовите на Туристичко-угостителската комора, претставници на угостителските објекти, ноќни клубови, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и превозници, денеска на пладне пред Министерството за финансии започнаа протест преку кој бараат континуирана финансиска поддршка за спас на овие дејности. Под мотото „Ќе можете ли”, ги повикуваат надлежните […]

Австриската влада ќе усвои ребаланс на буџетот со рекорден дефицит од 30,7 милијарди евра


Австриската Влада ќе усвои ребаланс на буџетот за тековната година со рекорден дефицит од 30,7 милијарди евра. Министерството за финансии очекува оваа година, со минус 7,7 проценти, втор најголем пад на растот на БДП од 1954 година. Најголем пад е забележан минатата година со минус 8,9 проценти. Според Министерството за финансии, државниот долг ќе продолжи […]

Индискиот сој се појави во Израел, вакцината на Фајзер само делумно ефикасна


Израел забележал осум случаи на варијантата на коронавирусот која прво беше идентификувана во Индија и се верува дека вакцината на Бајонтек/Фајзер барем делумно штити од неа, соопшти денес израелски здравствен функционер. Првичните седум случаи на индиската варијанта на коронавирусот се откриени во Израел минатата недела меѓу луѓе кои допатувале од странство и кои од тогаш […]

Лашет ќе биде кандидат за канцелар на Германија


Маркус Зедер денеска ја повлече кандидатурата за канцелар на федералните парламентарни избори во Германија, што се закажани на 26 септември во корист на Армин Лашет. Неговата одлука уследи откако претседателството на германската владејачка Христијанско-демократската унија (ЦДУ) го поддржа својот нов претседател, и премиер на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Лашет во кандидатурата за демохристијански кандидат […]

Норвешкиот научник кој ја поврза „Астра Зенека“ со крвните згрутчувања работел за „Фајзер“


Норвешкиот научник Пал Андре Холме, кој го предводеше истражувањето за нуспојавите на вакцината против ковид-19 на „Астра Зенека“, од компанијата „Фајзер“ во последните пет години примил околу еден милион норвешки круни (околу 100 000 евра). Тој и неговиот тим се прославија по утврдувањето на врската меѓу вакцината на „Астра Зенека“ и појавувањето тромбови. Но, она […]

Каролин Карлсон добитничка на наградата „Менада“ на Танц Фест Скопје 2021


Кореографката и танчерка Каролин Карлсон е годинешната добитничка на Наградата за животно дело и врвни остварувања во областа на танцот „Менада“, на фестивалот Танц Фест Скопје 2021. -Со прифаќањето на наградата од оваа легендарна уметничка, Танц Фест уште еднаш ја потврдува својата позиција на извонредност на светската танцова сцена и заложбите за развој на современиот […]

Љубљана признава: Угледот на Словенија претрпе голема штета со нон-пејперот


Министерот за надворешни работи, Анже Логар, вели дека фамозниот документ ќе има влијание врз претседателствувањето со ЕУ, но не одговори дали Словенија поддржува промена на границите на Балканот   Дискусијата за таканаречениот нон-пејпер, разни претпоставки и „наводни“ изјави ѝ нанесуваат голема штета на Словенија, изјави за дописниците во Брисел шефот на словенечката дипломатија Анже Логар. […]

Совет на НБ: Олеснување на вложувањето во хартии од вредност во странство


Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоена Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, соопшти Народната банка. Како што наведуваат со донесените измени и дополнувања се прошируваат можностите за отворање […]

Во ковид-центрите хоспитализирани 1.667 лица, на располагање околу 360 кревети


Вкупно 1.667 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели и во болниците во земјава, при што во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени […]

Каракачанов одбил да биде министер во владата на ГЕРБ, Захариева ја задржува функцијата?


Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, денеска потврди дека го предлага поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, за нов бугарски премиер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во живо на Фејсбук, од болницата каде што вчера беше опериран од спортска повреда, кажа дека кандидат за вицепремиер и министер за одбрана е […]

Русија прогласи двајца бугарски дипломати за персона нон грата


Амбасадорот на Република Бугарија во Москва, Атанас Крастин, е повикан во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде му е соопштено дека двајца дипломати од бугарската Амбасада се прогласени за персона нон грата,  соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за ваквата постапка на руските власти […]

Охриѓанец наместо да добие наследство изгубил 4.500 евра


Жител на Охрид е жртва на измама преку социјалните мрежи, во обид да се стекне со фиктивно наследство изгубил 4.500 евра. Пред два дена тој во охридската полиција пријавил измама сторена на 1 март годинава преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Преку порака што ја добил од профил на социјалната мрежа бил известен дека е добитник на […]

Филипче по средбата со Лончар: Институтот „Торлак“ ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19


Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар. Филипче посочи дека имале […]

Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов од ГЕРБ-СДС за кандидат за нов бугарски премиер


Бугарскиот претседател, Румен Радев, предмалку соопшти дека според Уставот на Република Бугарија на партијата ГЕРБ, поточно на поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, му го врачи мандатот за формирање нова бугарска Влада, јави дописникот на МИА од Софија. Радев најави дека очекува ГЕРБ да предложи состав на Советот на министри во рок од седум […]

Селф-тестовите за Ковид-19 не се валидни за дигиталните пасоши на ЕУ


Европската Комисија потврди дека селф-тестови за Ковид-19 не важат за добивање дигитален сертификат за слободно движење. Портпаролите на Европската Комисија објаснија дека овие тестови не даваат доволно гаранции за да можат да бидат земени предвид во проектот на ЕУ за дигитални зелени сертификати. -Тестовите се една од опциите за дигиталните зелени сертификати, но треба да […]

Во Албанија за едно деноноќие пристигнаа над 266.000 вакцини, вкупно до сега набави 703.000 дози


Во Албанија за едно деноноќие пристигнаа 266.190 дози вакцини, со што вкупната бројка на добиени вакцини се искачи на над 703.000 дози. -Првата пратка од 50 илјади, која беше донација од Индија, пристигна во неделата вечерта, вчера попладне пристигнаа уште 208.000  од „Синовак“, со што се заокружува договорот постигнат со оваа компанија. Доцна синоќа пристигна […]

За сите мерки има пари, вели Бесими и најавува ребаланс на Буџетот кон средина на годината


Мерките предвидени во петтиот пакет мерки, вклучувајќи ги и оние за поддршка на плати може да се реализираат во рамки на Буџетот и потоа соодветно со ребалансот најавен за средината на годината, рече министерот за финансии Фатмир Бесими. -Ребалансот како што неколку пати најавив, би требало да биде спремен кон средина на годината, со цел […]

Шестиот пакет на владина седница, во текот на денов ќе биде презентиран


Шестиот антикризен пакет, во кој има и мерки за туристичко-угостителскиот сектор, ќе биде разгледан на денешната владина седница и во текот на денот се очекува да биде презентиран пред јавноста. – Владата денес ќе го разгледа шестиот пакет мерки за антиковид, во кој има решенија и за угостителите, и набрзо во текот на денот заедно […]

Од 15 јуни до 15 август без патарини за српските граѓани низ Северна Македонија


Од 15 јуни до 15 август годинава српките граѓани нема да плаќаат патарини на патиштата низ Северна Македонија, изјави денес во Белград министерот за здравство, Венко Филипче на заедничка прес конференција со неговиот српскки колега Златибор Лончар.  „Српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во знак на благодарност за […]