ИЈЗ: Се намалува бројот на позитивни и починати од Ковид-19


Намалување од 24,3 отсто на бројот на позитиви случаи на КОВИД-19 во земјава во изминатата недела регистрира Институтот за јавно здравје.  Намалување има и кај бројот на смртни случаи, пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, што е за 25,4 отсто помалку во однос на минатата недела. Процентот на позитивни случаи од вкупно тестирани […]

Вонреден инспекциски надзор во Собранието: КОВИД-мерките се почитуваат, нема неправилности


Државниот инспекторат за труд вчера извршил вонреден инспекциски надзор во Собранието на Република Северна Македонија. Притоа, не констатирал никакви неправилности и оценил дека мерките предвидени со регулатива за заштита од КОВИД-19 се во целост обезбедени. Како што соопшти Инспекторатот, увид бил направен во работните простории на Собранието, канцелариите, салите, ходниците, лифтовите, помошните простории, влезовите и […]

Репортери без граници: Северна Македонија за две места повисоко, но со критики


 Две места повисоко, но критиките остануваат. Од 92-ро, Северна Македонија се најде на  90-то место на индексот на Репортери без граници (РБГ). Изминатата 2020 е претставена како вонредна година во Северна Македонија, во која беше распуштено Собранието, на власт дојде техничка влада, а предвремените парламентарни избори се одложија поради пандемијата. Во најновиот извештај за слободата […]

Државата ќе ги подмири трошоците за ПЦР-тестови за странските туристи, најави Битиќи


За да не биде дополнителен товар за потенцијалните туристи, ние соодветно ќе надоместиме ПЦР-тестовите да бидат направени од наша страна, односно, туристите кои што ќе ја посетат нашата земја да немаат дополнителен трошок, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на која беше […]

Владата го прогласи Аквадуктот за споменик со највисок степен на заштита


Владата на Република Северна Македонија, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес  кој долги […]

Велешкото Еколошко друштво „Вила Зора“ објави еко-конкурс за „Зелена идеја“


Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес  објави конкурс насловен „Зелена идеја“ на кој може да учествуаат сите граѓани без  разлика на возраста. Како што информира за МИА, Сашка Коцевска потпретседател на ЕД „Вила Зора“ целта е граѓаните да се мотивираат еколошки да размислуваат, да даваат свои иницијативи, идеи и предлози за еколошки активности и акции. […]

ЕМА: Можна поврзаност помеѓу вакцината на Џонсон и Џонсон и згрутчување на крвта


Европската агенција за лекови, ЕМА, штотуку објави дека е пронајдена можна поврзаност помеѓу вакцината на Џонсон и Џонсон и ретките случаите на згрутчување на крвта, но бенефитот од вакцинирањето останува поголем од ризиците, јави дописничката на МИА од Брисел. Попладнево ЕМА ќе одржи прес конференција за да ги објасни подетално последните наоди. Вакцината на Џонсон […]

Изложбата на ДЛУМ „Цртеж – експериментален цртеж“ отворена до 30 април


Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска во Уметничкиот центар Арт хаб во ГТЦ  ја отвори изложбата „Цртеж – експериментален цртеж“, која ќе може да се посети до крајот на месецов, од понеделник до петок од 9 -17 часот. Оваа традиционална изложба е во рамки на Годишната програма на ДЛУМ и се реализира под […]

Ивановски: Уставниот суд веќе одлучувал по иницијативата за Законот за банки


Уставниот суд веќе се произнел дека нема повреда на Уставот во однос на Законот за банки, со што според поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, оваа работа е пресудена и новата иницијатива по истиот предмет би требало да биде отфрлена, освен доколку има некои нови елементи по кои Судот би требало да се произнесе. […]

Стерјовски: Воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија, избрзана и погрешна одлука


Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, реагираше во врска со вчерашната одлука на албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата, за воведување двонеделен карантин за сите кои доаѓаат од Северна Македонија. Одлуката ја оценува како избрзана и погрешна, бидејќи деновиве се намалува бројот на заразени […]

Нови 766 случаи на Ковид-19, 1.118 оздравени и 31 починато лице


Нови 766 случаи на КОВИД-19 се регистрирани од направени 3171 тестирање во изминатите 24 часа. Во истиот период се регистрирани 1118, како и 31 починато лице, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. -Во последните 24 часа се направени 3171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје […]

Борис Џонсон ќе употреби „законска бомба“ да ја запре европската Супер лига


Британскиот премиер Борис Џонсон им вети на фудбалските групи дека владата ќе размисли да употреби, како што ја нарече, „законодавна бомба“ за да ги запре англиските клубови да се приклучат кон отцепената европска Супер лига, откако се засилија официјалните напори за спречување на планот. Премиерот и Оливер Доуден, секретар за спорт и култура, одржаа состанок […]

Пандемијата го сопре туризмот во Непал: Бројот на носорози најголем во последните 20 години


Непалската популација на еднороги носорози достигна највисок број во последните повеќе од 20 години, а еден од важните фактори е сопирањето на туризмот поради пандемијата од корона вирус, што овозможи регенерација на живеалиштата на овие животни. Популацијата на носорози во четири пакрови во Непал зголемена е на 752, додека во 2015 година имаше 645. Од […]

Македонија објави нова национална заложба за климатска акција во рамката на Договорот од Париз


Македонија се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030, споредбено со нивото од 1990 година. Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави својата втора национална заложба за климатска акција пред Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), бележејќи ја обновената посветеност кон исполнувањето на Договорот […]

Дванаесет земји на ЕУ се уверени дека ќе достигнат 70 отсто имунизирани до средината на јули


Најмалку 12 земји во Европската унија изразија уверување дека ќе можат да вакцинираат 70 отсто од полнолетното население до средината на јули. Тоа го изјави еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, пред ирската парламентарна комисија. Европската комисија постави цел да се вакцинираат 70 отсто од полнолетните во ЕУ до крајот на летото, очекувајќи големо зголемување […]

Џонсон и Џонсон верува во својата вакцина, очекува решение со регулаторите


 Компанијата Џонсон и Џонсон има „целосна доверба“ во својата вакцина против Ковид-19 и се надева дека „многу брзо“ ќе се најде решение со регулаторите за нејзина употреба, бидејќи вакцинацијата е суспендирана во Европа и САД поради ретката појава на сериозни случаи на згрутчување на крвта, изјави денеска финансискиот директор Џозеф Волк. Европската агенција за лекови […]

Балканот никако да се избори со корона вирусот, во БиХ висок број починати


Босна и Херцеговина денеска изброи 722 новозаразени со корона вирусот, но повтроно пријави висок број починати од последиците од болеста, дури 86. Србија и покрај масовната вакцинација има над 3.000 новозаболени, а Хрватска над 2.000 нови зарази. Во БиХ од 3.994 теста, 722 се позитивни, а починаа 86 пациенти. Федерацијата пријави 357 позитивни на вирусот […]

(Фото) Угостителите и туристичките работници бараат помош за да опстанат


Членовите на Туристичко-угостителската комора, претставници на угостителските објекти, ноќни клубови, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и превозници, денеска на пладне пред Министерството за финансии започнаа протест преку кој бараат континуирана финансиска поддршка за спас на овие дејности. Под мотото „Ќе можете ли“, ги повикуваат надлежните институции итно да ја обезбедат бараната финансиска […]

Теохарис: Грција ја отвораме на 14 мај  


Грција– Отвораме на 14 мај и ова треба да биде јасно. На 14 мај отвораме, порача министерот за туризам на Грција Харис Теохарис од Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање на претседателката и пратеничката група на Движење на промена за туризмот, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис објасни дека владиниот план за туризмот веќе почна […]

Претседателот на Чад, Идриз Деби, загина при борба со бунтовниците


Идриз Деби владееше со Чад 30 години, а минатата недела на изборите го освои својот шести мандат   Идрис Деби, долгогодишниот претседател на Чад, почина, соопшти националното радио во централноафриканската држава. Во соопштението на армијата се вели дека 68-годишниот владетел, на власт 30 години, бил убиен „на бојното поле“ откако бил повреден, борејќи се со […]