Навивачите победија: Сите англиски клубови се повлекоа од Супер лигата, проектот, засега, суспендиран


Европската Супер лига одлучи да го прекине проектот, откако вчера сите англиските клубови го откажаа учеството во натпреварувањето. – Европската Супер лига е убедена дека моменталниот статус на европскиот фудбал мора да се промени. Предлагаме нов европски натпревар затоа што постојниот систем не функционира. Нашиот предлог има за цел да овозможи развојот на спортот преку […]

Си ја убил сопругата во Струга, па се обидел да се самоубие


 Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка, вечерва во Струга, а потоа се обидел да се самоубие. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, жената им подлегнала на повредите на местото, а мажот е пренесен во болница во тешка состојба. – Во 19 часот и […]

Уште една недела важат истите антиковид мерки


Постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 кои се со важност до денеска, да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник), одлучи Владата на денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести. Како што информира […]

Владата ги усвои планираните активности за дигитализација во судството


Владата на денешната седница ја усвои Информацијата со планирани активности за дигитализација во судството за 2021 година. Планот, како што соопшти владината прес-служба, содржи активности кои ќе се одвиваат во повеќе фази, започнувајќи од измени на постоечката легислативна рамка како основа за преземање процесни дејствија (е-маил и Е-достава) со учесниците во постапките, ИКТ алатки за […]

Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците


Владата денеска го задолжи Фондот за пензиско осигурување до 23 април да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, на кои пак им препорача да овозможат пензионерите да располагаат со своите средства од 26 април, односно пред велигденските и првомајските празници. -Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец […]

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Тесла“


Акциите на компанијата „Тесла“ на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието Форбс. Тоа го чинеше Маск 5,6 милијарди долари помалку во неговото богатство, кое моментно изнесува 174,1 милијарда долари, според пресметките на Форбс. Главниот извршен директор и […]

Се отвора продавница на „Хари Потер“ за да ја врати магијата во Њујорк


САД- Магијата на филмовите за Хари Потер доаѓа во Њујорк на 3 јуни со отворањето на предводната продавница во близина на зградата Флетирон на 935 Бродвеј. „Тоа беше навистина тежок период во животот на луѓето и со отворање на продавницата Хари Потер во срцето на Њујорк, со нетрпение очекуваме да вратиме магија во животот на […]

Бугарија последна во ЕУ според индексот на слобода на медиуми на „Репортери без граници“


Бугарија падна за едно место на годинешното рангирање за слобода на медиумите на Репортери без граници и сега е на 112 место од 180 земји вклучени во индексот. Бугарија е последна во ЕУ по тој индикатор, а главните причини за влошување на медиумското опкружување се насилството врз новинарите и нетранспарентното финансирање на медиумите со европски […]

Најдобрите меѓусезонски намалувања се во Fashion Group!


Во продавниците на вашите омилени брендови на Fashion Group како и онлајн, во тек е меѓусезонското намалување до -30%, но и многу други промоции во чии рамки сите ќе го најдат својот фаворит. Оваа сезона, бидете вистинска шик девојка со парчињата на Parfois каде од денеска, ќе најдете селектирани производи на -30%, а истото се […]

ЕМА: Случаите на тромбоза по вакцинација ќе се следат повнимателно


На прес конференцијата на Европската агенција за лекови попладнево за можната поврзаност експертите навлегоа во деталите на случаите на згрутчување на крвта по примање на вакцините кои користат аденовирус, јави дописничката на МИА од Брисел. Иако сѐ уште не е јасно што и како точно се појавуваат ретките случаи на тромбоза на невообичаени места во […]

Ивановска: Уставните судии се должни да ги почитуваат членовите од законот кои се однесуваат на судирот на интереси


Уставните судии како службени лица се должни да ги почитуваат членовите од законот кои се однесуваат на судирот на интереси и на тој начин непристрасно да ги носат одлуките, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска. -Комисијата има надлежност да одлучува дали постои кај одреден носител на јавна функција судир […]

ЕУ не се откажува од прва меѓувладина конференција со С.Македонија до јули


Португалија како претседавач со Европската Унија и Европската Комисија и натаму се надеваат дека до крајот на португалското претседателство ќе може да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ана Паула Закариаш, државната секретарка за европски прашања на Португалија, објасни дека денеска за време на Советот за општи работи […]

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот


Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот, согласно одлуката на Влада на РСМ за продолжување на одлуката за забрана на движење на населението во период од 20:00 до 5:00 часот, заклучно до 27 април 2021 година, соопштија од ЈСП. Возниот ред  е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје. Од ЈСП информираа дека […]

Отворени првите две бензински станици „Шел“ во државава (фото)


Корал Фуелс ДООЕЛ Скопје, како подружница на Coral S.A., започна со работа со првите две бензински станици под брендот Shell во земјава, лоцирани на автопатот Пријателство, кај Смоквица, близу границата со Грција. Корал Фуелс влегува на пазарот во Северна Македонија преку обезбедување долгорочни договори за лиценца на брендот Shell. Договорот вклучува поддршка и трансфер на […]

Најголема студија досега покажа како витамините штитат од Ковид-19


  Од почетокот на падемијата со Ковид-19 јасно е дека ширењето на вирусот успешно може да го сопрат само вакцините. Но, тие, иако се развиени неверојатно брзо, релативно споро се дистрибуираат, баерм во поголемиот дел од светот. Во меѓувреме не нѝ преостанува ништо друго освен да се придржуваме до епидемиолошките мерки особено надвор од домаќинството […]

Глобал брендс магазин ја прогласи Халкбанк за „Најдобар финансиски бренд за 2021 година“


Халкбанк АД Скопје од страна на престижното списание Глобал брендс (Global Brands Magazine), е прогласена за „Најдобар финансиски бренд, Северна Македонија за 2021“ (Best Financial Brand, North Macedonia 2021). Како што стои во образложението на наградата, во многу конкрентна група учесници кои имаат демонстрирано единствена и исклучителна испорака на услуги кон развој на банкарскиот / […]

Преку Развојната банка ќе се реализираат две мерки од шестиот пакет мерки


Директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов на денешната прес-конференција претстави две мерки од шесттиот пакет мерки, кои ќе се реализираат преку Банката. Првата мерка е нова бескаматна кредитна линија и втората е нов модел за субвенционирање на трошок на компании кои ќе ја реинвестирале остварената добивка.   -Првата мерка е нова […]

Со шестиот пакет помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени од 12 дејности


Шестиот пакет мерки, вреден 17,8 милиони евра, содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени. Опфатени се 12 категории на дејности меѓу кои угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки, потоа ноќните клубови, рестораните за свадби, евент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за […]

УЕФА едногласно против Суперлигата


Претставници на сите 55 национални фудбалски федерации членки на УЕФА, меѓу кои и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изгласаа денеска заедничка декларација во која се осудува прогласувањето на т.н Супер лига. Учениците на 45. Конгрес на УЕФА изразија единство во оценката дека затворената Супер лига е во спротивност со концептот на тоа што Европа мора […]

Владата ќе го раскине Договорот за концесија за ископ на песок во Долно Коњаре


На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за еднострано раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот село Долно Коњаре со концесионерот Друштвото за производство, трговија, туризам и рибарство ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ експорт-импорт. Како што напиша министерот за економија Крешник Бектеши на […]