Отворени првите две бензински станици „Шел“ во државава (фото)


Корал Фуелс ДООЕЛ Скопје, како подружница на Coral S.A., започна со работа со првите две бензински станици под брендот Shell во земјава, лоцирани на автопатот Пријателство, кај Смоквица, близу границата со Грција.

Корал Фуелс влегува на пазарот во Северна Македонија преку обезбедување долгорочни договори за лиценца на брендот Shell. Договорот вклучува поддршка и трансфер на „know-how” поврзани со горивата, примена на нови технологии, воспоставување услуги и маркетинг со високи стандарди. Достапни се бензинот Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel.

Корал Фуелс, информираат од компанијата, има намера во следниот период да инвестира со планиран раст низ целата земја со отворање нови централно лоцирани бензински станици, преку кои ќе им обезбеди квалитетна услуга на своите клиенти.

Матичната компанија Coral S.A. (поранешна Shell Hellas SA) работи во Грција од 1926 година. Со околу 750 бензински станици кои работат под брендот Shell, компанијата има удел на пазарот што надминува 23 отсто и е лидер на пазарот во Грција. Coral S.A. ја поседува лиценцата Shell за пазарите Кипар, Србија и Хрватска. Компанијата има за цел да расте како регионален играч на Балканот, обезбедувајќи горива и услуги со врвен квалитет под брендот Shell. 

Каи-Уве Витерштајн, генерален директор на пазарите со лиценца, “Shell Mobility”, изјави: „Јас сум пресреќен и горд што заедно со Coral ги носиме Shell брендираните бензински станици во Северна Македонија. Досега со Coral остваривме многу успеси на регионалните пазари и задоволни сме што продолжуваме да растеме со нив преку договорот за бренд лиценцирање за Северна Македонија. Овој долгорочен договор со Coral ќе му обезбеди на локалниот пазар висококвалитетни горива и масла на Shell, одлична услуга за клиентите и низа производи за секојдневна употреба, како и дополнителни услуги дизајнирани да ги задоволат потребите на сите возачи и други клиенти. Се надевам дека клиентите ќе уживаат во искуството при посетата на услужните бензински станици од брендот на Shell“.
Џорџ Хацопулос, генерален директор на Coral SA., изјави: „Задоволни сме што можеме да им понудиме на потрошувачите во Северна Македонија врвни Shell горива, како и пренесување на глобалното знаење за развојот на производите и услугите. Постојаната новина искомбинирана со големата групација компании кои стојат зад оваа инвестиција, создаваат единствено партнерство во нашиот натамошен раст“.