Балканот никако да се избори со корона вирусот, во БиХ висок број починати


Босна и Херцеговина денеска изброи 722 новозаразени со корона вирусот, но повтроно пријави висок број починати од последиците од болеста, дури 86. Србија и покрај масовната вакцинација има над 3.000 новозаболени, а Хрватска над 2.000 нови зарази.

Во БиХ од 3.994 теста, 722 се позитивни, а починаа 86 пациенти.

Федерацијата пријави 357 позитивни на вирусот и дури 55 починати. Вкупно досега 4.586 починаа со корона вирус во Федерацијата.
Во Република Српска 268 се новозаразени, а пријавени се 25 смртни случаи или вкупно досега 3.166.

Во Брчко има 97 новозаразени, а починале уште шестмина.

Србија повторно над 3.000 новозаболени

Според последните податоци, денеска во Србија повторно има повеќе од 3.000 новозаразени, а тестирани биле 15.562 примероци.

Истовремено починаа 32 пациенти од последиците на ковид-19.

Во болница се лекуваат 6.512 пациенти, а 219 се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Србија од корона заболеа 667.937, а починаа 6.058 лица.

Хрватска со 2.106 новозаболени

Во Хрватска денеска се регистрирани 2.106 нови случаи со корона вирус, а тестирани биле 9.831 лица.

Починаа уште 42 лица.

Во Словенија паѓа бројот на новозаразени

Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 718 нови заразни, а тоа покажува дека продолжува трендот на опаѓање на нови случаи, покрај појатава на жариште во еден старечки дом, каде 30 луѓе се реинфицирани.

Починаа уште осум пациенти.