Шаленберг: Скопје и Софија билатерално да го решат спорот, ако им е потребен посредник Австрија им стои на располагање


Без оглед кога и да се случи формирањето на новата влада во Бугарија, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо. Охрабрен сум од фактот дека партиите […]

Борисов одлучи, а Даниел Митов веднаш го врати мандатот за формирање на владата


Мандатарот за состав на новата бугарска влада, Даниел Митов, утринава му го врати мандатот на претседателот Румен Радев, пред да помине законски утврдениот рок. Тоа го најави неколку часа претходно премиерот во оставка, Бојко Борисов, во говорот од неговиот дом во Банки. Според дописникот на МИА од Софија, тој побарал од раководството на ГЕРБ да […]

Хаос во Ерусалим: Десетици се повредени


Десетици луѓе се повредени во судирите во источен Ерусалим, меѓу крајно десничарските еврејски активисти, Палестинците и израелската полиција. Стотина ултрадесничарски Евреи кои извикувале „Смрт за Арапите# се спротивставиле на палестинските демонстранти на градската врата Дамаск, пишува Би-би-си. Палестинците ја обвинија полицијата дека се обидува да ги спречи да одржат вообичаени рамазански вечерни собири под капијата […]

Студија: Една доза вакцина значително ја намалува инфекцијата со коронавирусот


Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на Астра Зенека и Фајзер, покажа британско истражување. Вакцината дала добар одговор кај луѓе постари од 75 години и кај луѓе кои имаат хронични болести, како и кај други лица, јави Би-Би-Си. Британската Служба за национална статистика (ОНС) и Универзитетот во Оксфорд утврдија […]

Најголемиот стартап од Балканот котира на берзата во Њујорк – вредноста на еднорогот достигна 35 милијарди долари


Романскиот стартап UiPath, кој развива програми за роботика, успешно дебитираше на Њујоршката берза, каде што собра 1,34 милијарди долари од продавачи на софтвер и инвеститори во почетната јавна понуда (ИПО) во средата, со скок на цената од 23 проценти. Компанијата, чиј софтвер им помага на фирмите да ги автоматизираат процесите на работа што се повторуваат, […]

НАТО внимателен по најавата за повлекување на руските сили од границата со Украина и од Крим


НАТО соопшти дека останува буден по веста на повлекување на руските трупи распоредени во близина на украинската граница и на Крим и притоа ја повика Москва да ги повлече сите свои сили од територијата на Украина. -Секоја мерка за ублажување на тензиите од Русија е важна и одамна требаше да се спроведе. НАТО останува буден […]

Од последиците на Ковид-19 почина лекарот од Брза помош, Сенат Грбовиќ


Уште еден македонски лекар почина од последиците на Ковид-19, објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук. Д-р Сенат Грбовиќ, кој работел како лекар во Брзата помош во Здравствениот дом Скопје, колегите го опишуваат како вреден и исклучително професионален и колегијален. Тој почина на 53-годишна возраст. „Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. […]

Меси прв фудбалер со над 25 голови 12 сезони по ред


Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна два гола во победата од 5:2 остварена синоќа над Хетафе во шпанската Ла Лига. Триесет и тригодишниот Аргентинец ги постигна 24. и 25. погодок во сезоната. Така,  Меси постави рекорд со 25 или повеќе дадени голови 12 последователни сезони. Најблизу до достигнувањето на Меси беше фудбалерот на Јувентус, Кристијано […]

Сојот корона вирус кој коси во Индија стигна во Европа


  Варијантата на Ковид-19 која е распространета во Индија откриена е и во Белгија кај група индиски студенти кои стигнале од Париз, соопштија белгиските власти. Групата од 20 студенти е сместена во карантин на северот на Белгија, каде кон средината на април дошле на крус, пренесе „Гардијан“. Неколку стручњаци сугерираат дека можеби биле жртви на […]

Главната расправа за „Моќник“ презакажана за 17 мај


Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за предметот „Моќник“ што требаше да се одржи денеска, се одложува поради смртен случај на еден од обвинетите. Следното рочиште е насрочено за 17 мај 2021 година во 11:00 часот. За евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста, нагласува Судот, ќе бидат благовремено информирани. 

ЕУ „пропадна“ поради „империјализмот за вакцинација“ на фармацевтските компании


Во глобалната трка на државите за набавка на вакцини против коронавирусот често може да се слушне дека Европската унија „пропаднала“, особено во споредба со нејзиниот западен сојузник САД или поранешната членка Велика Британија. Сепак, иако е вистина дека стапката на вакцинација е пониска отколку во тие земји, исто така е точно дека ЕУ има поинаков пристап […]

Британскиот Парламент усвои декларација за геноцид на Кина врз Ујгурите


Во третманот на кинеските власти кон муслиманите во провинцијата Синџијанг забележани се сите елементи на геноцид или свесна намера за целосно или делумно уништување на оваа национална, етничка, расна и религиозна група, пренесоа американските медиуми. Британските пратеници вчера усвоија декларација со која политиката на Кина кон Ујгурите во западниот кинески регион ја оценија за геноцид […]

СОС Медитеран: Кај либискиот брег потона брод со 130 мигранти


Меѓународната невладина организација „СОС Медитеран“ синоќа соопшти дека во морето во близина на либискиот брег потонал брод со 130 мигранти. Организацијата изјави дека досега не пронашла преживеани и дека во морето во близина на бродот имало десетина тела кои плутале. -Повеќе нема надеж за наоѓање преживеани, изјави неименувана француска новинарка која се наоѓа на бродот […]

Никола Груевски е најголем македонски градител по Филип Втори, вели поранешниот пратеник Крсто Јовановски


Колоритниот и елоквентен поранешен пратеник, Крсто Јовановски, вечерва изјави дека „Никола Груевски е нашиот најголем градител после Филип Втори Македонски. Зборувам како држава“. Во интервју за емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, Јовановски зборуваше што се случувало во Собранието на драматичниот 27 април и тврдеше дека 90 отсто од пратениците не знаеле што ќе се […]

И танц-клубовите на протест, бараат укинување на забраната за нивна работа


Танцовите центри во земјава, вкупно 46, бараат укинување на забраната за нивна работа и финансиски надомест за претпрените штети изминатата година. И тие од вчера се приклучија на протестите на туристичко-угостителкиот сектор и сметководителите, поради, како што соопштија, нелогичностите при постапувањето на Владата со новите рестриктивни мерки кои опфаќаат затворање на овие институции и спречено […]

Индонезија ја интензивира потрагата по исчезната подморница


Индонезија денеска ја интензивира потрагата по воената подморница која исчезна кај Бали со 53 лица, и распореди десетици бродови и подморница. Подморницата KRI Nanggala-402, произведена во Германија, изгуби контакт на околу 95 километри северно од Бали во раните утрински часови на средата за време на вежба за напад со торпедо. Во неа се наоѓаат 49 члена на […]

Дали Црна Гора, поради огромните долгови, ќе мора да им го отстапи пристаништето Бар на Кинезите?


Духот наречен Хамбантот кружи во Црна Гора, пишува неделникот „Цајт“. За Шри Ланка, отписот на кинеските долгови значеше дека на Пекинг му го отстапи најголемото пристаниште на следните 99 години. Дали е редот на Бар, прашува Дојче Веле, пренесувајјќи ги пишувањата на германските медиуми. Хамбуршкиот неделник Цајт донесе обемна статија под наслов „Кинески автопат во […]

Во СЦ „Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците


Во салата „Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. Како што информира Министерството за здравство, вакцинацијата ќе се одвива во три групи, од 10 до 18 часот. Според Министерството, вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на […]

Продолжува состанокот на Комисијата за историски прашања -се разговара за Гоце Делчев


Продолжува 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн. Историчарите разговораат за учебниците за седмо одделение и ликот и делото на Гоце Делчев. Премиерот Зоран Заев смета дека секој напредок што ќе го направи Комисијата за историски прашања ќе биде исчекор кон […]

Германија одлучно го отфрлува нон-пејперот за промена на границите на Балканот, аналитичари предлагаат Брисел да го осуди документот


Се уште не стивнуваат реакциите откако минатата недела словенечкиот портал „Нецензурирано“, објави нон-пејпер испратен до ЕУ, во којшто се предлага прекројување на границите на Западен Балкан. Документот наводно бил напишан од словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој потоа тоа го демантираше, додека Канцеларијата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во изјава за порталот „Еурактив“ не […]