„Кемет Електроникс“ ќе го проширува капацитетот на фабриката во Бунарџик


Американската компанија за производство на електронски компоненети „Кемет Електроникс“ ќе го проширува капацитет на постоечката фабрика во ТИРЗ Бунарџик. Во посета на фабриката денеска ќе престојува премиерот Зоран Заев придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски. Како што соопштија од владината прес-служба, вредноста на инвестицијата е 10 милиони евра, од кои […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје облачно со повремен дожд и слаб до умерен северен ветер. Температура […]

Патиштата наместа влажни, интензитетот на сообраќајот умерен


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

МЗ: Утре ќе се вакцинираат пратениците


Министерството за здравство ја информира јавноста дека утре во А1 СЦ Борис Трајковски ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РСМ, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските […]

Нема да дозволиме злоупотреба на службената положба, велат од ДИЖС по апсење инспектор за животна средина


 Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека денешното апсење државен инспектор за животна средина заради сомневање дека примил поткуп е доказ за, како што велат, дека се решени да се пресметаат со корупцијата и да ја вратат довербата во институциите. Очекуваат надлежните органи детално да го истражат случајот со цел негово решавање во согласност со […]

Гостиварец присилно ја омажил 19-годишната ќерка во Шуто Оризари, ѝ била извршена обљуба


На 21.04.2021 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(26) и И.М.(46), постапувајќи по пријава од 10.35 часот од страна на 19-годишна девојка од Гостивар. Таа пријавила дека откако нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари, таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна […]

Царовска: Реформите во образованието се однесуваат за сите училишта, не само за современото „Киро Глигоров“


Министерката за образование, Мила Царовска истакна дека новите реформи во образованието се однесуваат за сите училишта во државата, дури и за оние најруралните. Таа посочи дека вкупно 1.300 ученици поради немање електрична енергија не се во можност да следат онлајн настава, но токму затоа, како што рече, сите позиции во Законот кажуваат палета на можности […]

Момче во Шпанија ја убило мајка си, ја расчеречил и ја изел, давал и на кучињата


  На момче во Шпанија му се суди оти ја убил мајката, го исекол нејзиното тело и ги изел нејините делови, пишува Би-би-си. Алберто Санчез Гомез уапсен е во 2019 година откако полицијата дошла во станот на неговата 66-годишна мајка. Нејзините познаници повикале полиција, загрижени што таа со денови не им се јавила. Детективите по […]

Путин подготвен да разговара со украинскиот претседател


Рускиот претседател Владимир Путин изрази денеска подготвеност да разговара со украинскиот колега Володимир Зеленски во Москва, но само за билатералните односи, а не и за судирите во источниот дел на Украина. – Ако станува збор за билатералните односи, тогаш секако сме подготвени во кој било момент да му посакаме добредојде на украинскиот претседател во Москва, […]

Вучиќ: Американците го поддржаа мини-шенген десет пати повеќе од Европејците


Српскиот претседател Александар Вучиќ во врска so иницијативата мини-шенген што ја покрена со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во разговор со преставници на Атланскиот совет изјави дека Американците ја поддржале десет пати повеќе од Европејците и дека тој „се прашувал зошто е тоа така“, како и дека регионот на […]

Во Полска и во Мексико откриени лажни „Фајзер“ вакцини


  Американската фармацевтска комапнија „Фајзер“ соопшти дека откриле фалсификувани верзии на својата вакцина против корона вирус во Мексико и во Полска. Во Мексико, дозите имале лажни ознаки, а во Полска пак супстанците биле за борба против брчки. Резултатите од испитувањата на вакцините кои ги заплениле властите Мексико и во Полска покажале дека вакцините се лажни. […]

Насловната на словенечка „Младина“: Прегрнати Јанша, Пленковиќ и Вучиќ командуваат со БиХ


Култниот словенечки магазин „Младина“ во новиот број се занимава со „нон пејпрот“ кој се врзува за словенечкиот премиер Јанез Јанша, а го обележа посебна илустрација на насловната страница. Насловната ја потпишува наградениот Томаж Лавриќ, а таа го прикажува премирот на Андерј Пленковиќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој во прегратка со премиерот Јанша, во […]

Словачка се солидаризира во Чешка и протерува руски дипломати


Тројца вработени во руската амбасада во Братислава треба да ја напуштат Словачка во рок од една недела во согласност со ситуацијата во Чешка, соопшти словачкиот премиер Едуард Хегер. – Во согласност со моменталната геополитичка состојба, како и ситуацијата во Чешка, тројца вработени во руската Амбасада во Братислава мора да ја напуштат територијата на Словачка во рок од седум […]

Сојузот на слепите ги поздравува заложбите на МОН за дигитализација и трансформација на образовниот процес


 Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија денеска соопшти дека ги поздравува заложбите на Министерството за образование и наука во однос на дигитализација и трансформација на образовниот процес. Посочуваат на значајниот напредок во поглед на основното човеково право, правото да читаат на лицата со оштетен вид согласно новата концепција за образование. – Првпат досега […]

Бајден лично ќе ги обновува односите со Европа на самитот на НАТО во Брисел


 Американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на НАТО планираат на самитот на НАТО во Белгија на 14 јуни да разговараат за тензичните односи со Русија и Кина, повлекувањето на војниците од Авганистан и иднината на 30-члениот воен сојуз. Состанокот во седиштето на НАТО во Брисел ќе биде можност за Бајден лично да воспостави односи […]

Тешко повредена работничка во Скопје


Со тешки телесни повреди се здобила Т.П.(64) од Скопје додека извршувала работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода. Како што соопшти МВР, Т.П. била донесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди. Од полициски службеници од СВР Скопје бил известен Трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Царовска: Со новиот закон обезбедуваме учебници во аудио-формат и со Брајово писмо


 Правото на образование е основно човеково и уставно загарантирано право на секој поединец и тоа мора да му биде овозможено. За актуелната Влада и МОН оваа цел е врвен приоритет и ние сме максимално насочени кон обезбедување целосно инклузивно образование. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн средбата со здруженијата […]

Антикорупциска бара истрага за Тодоровиќ и Жерновски


Антикорупциската комисија побара од Јавното обвинителство да отвори истрага за злоупотреба на службената положба за поранешните градоначалници на општина Центар – Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски, како и за раководителите на секторите за урбанизам од општината, градот Скопје и Министертсвото за транспорт од 2012 година.Според ДКСК, овие лица, заедно со планерите и планерската компанија „Билт“, […]

Ленче Ристоска го “доби“ Мијалков, не доби унапредување


Обвинителката, Ленче Ристоска која го водеше клучниот предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство, „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и за кој на 12-годишна затворска казна беше осуден поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, не ја доби поддршката од Советот за јавни обвинители за унапредување.Ристоска конкурирала за обвинител во Вишото јавно обвинителство, но […]

Филипче: Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува


Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче, по редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите. На состанокот, била анализирана состојбата со Ковид-19 во изминатите 24 часа. […]