Насловната на словенечка „Младина“: Прегрнати Јанша, Пленковиќ и Вучиќ командуваат со БиХ
Култниот словенечки магазин „Младина“ во новиот број се занимава со „нон пејпрот“ кој се врзува за словенечкиот премиер Јанез Јанша, а го обележа посебна илустрација на насловната страница.
Насловната ја потпишува наградениот Томаж Лавриќ, а таа го прикажува премирот на Андерј Пленковиќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој во прегратка со премиерот Јанша, во улога на „готвач“, заедно делат крвави залаци на Босна и Херцеговина.

Со сето тоа оди и пораката „Нон памет, грешка полоша од злосторство“.
Насловната стана хит на социјалните мрежи, а ја пренесоа бројни други медиуми.
Автентичноста на „нон пејпрот“ никој досега не ја потврди, а носи прекројување на границите на Балканот, а посебно во БиХ, а директно се врзува за словенечкиот премиер Јанша.