Хрватскиот писател Свен Поповиќ на книжевна резиденција во Скопје


Писателот  од  Хрватска  Свен  Поповиќ моментално  е  на  книжевна  резиденција  во Скопје.  Резиденцијата  се реализира  во  рамки  на  проектот  „Читајќи  го  Балканот“, кој е поддржан  од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Во  рамки  на  престојот,  Свен  Поповиќ  се  запознава  со  книжевната сцена  во нашата  земја […]

Нов бугарски поглед: Ветото за Македонија е националистички анахронизам


Ветото на Бугарија за преговорите за пристапување во ЕУ на Северна Македонија во ноември минатата година беше израз на националистички анахронизам што меша културни со меѓународни безбедносни прашања. Стабилноста на Балканот зависи од зајакнувањето на државноста во Северна Македонија, што пак може да се гарантира само преку нејзиното членство во ЕУ, оценува Стефан Попов, професор […]

Мониторинг на медиуми: Изразена политизација на пописот


Во известувањето за пописот доминираа политичко-партиските реакции со високи 60,5 отсто од објавите, додека прилозите посветени на конкретните пописни активности беа застапени со само 22,2 отсто. Овие бројки ја потврдуваат изразената политизација на пописот во медиумите која прогресираше од недела во недела, за својата кулминација да ја достигне во деновите по лидерската средба (29 март […]

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување на осудените за упадот во Собранието


Протестот, најавен како сенароден марш за слобода за уставобранителите, зад кој застана ВМРО-ДПМНЕ, започна пред Владата, од каде продолжи кон зградата на Собранието. Мотото на протестот е „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Учесниците побараа безусловно ослободување на осудените за настаните од 27 април, односно за упадот во Собранието во 2017 година. Организаторите на […]

Во болница се лекуваат 1.507 пациенти со Ковид-19


Вкупно 1.507 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно […]

„Колку помало толку почисто“ – кампања на Град Скопје за чисти излетнички места


Во услови на значително зголемената посетеност на излетничките места, Град Скопје спроведува кампања „Колку помало, толку почисто“, со цел, како што велат, да направиме разлика и заеднички да придонесеме за почиста средина за нас и за нашите деца. -Со затоплувањето на времето се зголемува и атрактивноста на популарните излетнички места во и околу Скопје. Градскиот […]

Избирачкото право во Албанија го остварија Мета, Рама, Баша, како и косовскиот премиер Курти


Своето право на глас денеска претпладне на парламентарните избори во Албанија го остварија трите главни политички личности во земјата, како и косовсккот премиер, кој поседува и албанско државјанство. Претседателот Илир Мета кусо по пуштањето на ливчето во гласачката кутија кажа „За Уставот, за Републиката“ и ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат. – […]

Остар демарш на турското МНР до американскиот амбасадор во Анкара за признавањето на Бајден на геноцидот врз Ерменците


 Турското Министерство за надворешни работи доцна синоќа соопшти дека го повикала американскиот амбасадор во Анкара, Дејвид Сатерфилд, поради признавањето на американскиот претседател Џо Бајден дека масакрот врз Ерменците во Отоманската империја во 1915 година бил геноцид. Турското министерство наведува дека заменик министерот за надворешни работи, Седат Онал, му кажал на американскиот амбасадор Сатерфилд дека изјавата […]

Единаесет клубови од Серија А бараат санкции за Јувентус, Милан и Интер


Клубови од Италијанскиот фудбалски шампионат бараат да биде изречена казна за Јувентус, Милан и Интер поради учеството во Суперлигата. Според „Фудбал Италија“, 11 клубови од Серија А потпишале писмо со барање за преземање мерки против овие три клуба. Писмото содржи и повик за итен состанок на раководството на Лигата за да се дискутираат можните санкции. […]

Индија во ужасен пекол од корона вирусот, луѓето умираат пред болници


Во последните 24 часа имаше околу 350 илјади нови случаи, болниците ги одбиваат пациентите, кислород нема, луѓето се во целосен очај   Индија постави нов глобален рекорд на најголем број на инфекции со Ковид-19 за еден ден, а премиерот Нарендра Моди во неделата ги повика сите граѓани да се вакцинираат и да бидат претпазливи, велејќи […]

Скопје доби нов мурал во чест на големиот холандски уметник Карел Апел


Скопје доби уште еден мурал, мурал подарок во чест на големиот холандски уметник Карел Апел, насликан на домот на културата „Кочо Рацин“, чиј автор е уметникот Дени Румбл. Подарокот е од амбасадата на Холандија во Македонија, која годинава ја одбележува 100-годишнината од раѓањето на Карел Апел, од чие дело бил инспириран Дени Румбл во создавањето […]

На 81 години почина Милва, легендарната италијанска пејачка на „Бела чао“


Италија- Италијанската пејачка Марија Илва Бјокати, попозната како Милва, почина на 81-годишна возраст, јавија италијанските медиуми повикувајќи се на нејзиното семејство. Милва која боледуваше подолго време, почина вчера во Милано, изјавила нејзината ќерка за агенцијата Анса. Таа ги интерпретираше некои од најуспешните песни во текот на 1960-те и 1970-те години, а со својата црвенкаста коса беше позната многу […]

Пашинијан поднесе оставка, отворен патот за предвремени избори во Ерменија


Ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, во телевизиско обраќање денеска изјави дека поднесува оставка за да може во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори. -Денеска ја поднесувам оставката со цел да се одржат предвремени парламентарни избори на 20 јуни, рече Пашинијан, пренесен од руските медиуми. Пашинијан претходно најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на […]

Оскар


ЛЕЈЛА САБИТ Животот не е филм ама сите живееме во некој филм. На секој му се случува сапуница или трилер, комедија или трагедија во вистинскиот живот. Јавно, зад затворени врати, очекувано, неочекувано, цивилизирано, со трауми, со насмевка или со солзи. Во животот како и во филмот некој само снима, некој глуми, некој парадира, некој режира, […]

Половина од британската популација ја примила првата доза од вакцината


Повеќе од половина од вкупната британска популација или 33.496.293 лица ја примила првата доза на вакцина против коронавирусот, покажуваат најновите податоци на здравствените власти во земјата. Се проценува дека во Велика Британија има вкупно 66.796.807 жители, така што последните бројки покажуваат дека повеќе од половината од популацијата досега биле вакцинирани со првата доза на вакцина […]

Не секогаш парите се императив за младите умови да заминат во белиот свет


Зошто младите заминуваат од земјава, кои се причините, што стои зад нивната одлука да го напуштат родното огниште и да се обидат својата иднина да ја градат на друго место. Дали секогаш е материјалниот бенефит или има тука и нешто друго што ги влече да остават се и да заминат во странство, најчесто засекогаш… Еден […]

За пет месеци аплицирани милијарда дози вакцини против коронавирусот, повеќе од половината во три земји


За помалку од пет месеци од почетокот на првите кампањи за масовна вакцинација, во декември 2020 година, ширум светот се употребени повеќе од милијарда дози вакцина против коронавирусот, преметаа француските медиуми. Најмалку 1.002.938.540 дози се потрошени во 207 земји и територии на светот, според пресметката заснована на официјални извори. Повеќе од половината од вкупната бројка […]

Спортските риболовци од Струмичко и Радовишко ловат на суво


Спортските риболовци од Струмичко и Радовишко реагираат, бидејќи подолго време нема каде да рекреираат. Во регионот само езерото Мантово има концесионер, додека најголемите вештачки езера и реката Струмица немаат стопани. Велат дека се принудени да риболоват на Дојранското Езеро, акумулацијата Палурци и Вардар кај Гевгелија, но тоа им причинува дополнителни трошоци, кои не можат да […]

Зидан: Не верувам дека конкурентите за титулата ќе ги освојат сите бодови до крајот


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги оцени шансите на тимот да го освои трофејот во шпанскиот фудбалски шампионат по синоќешните 0:0 со Бетис. – Во однос на физичката перформанса, на овој меч немавме никакви проблеми. Имавме подобар крај отколку на последните натпревари. Не мислам дека конкурентите ќе ги освојат сите бодови на преостанатите средби. […]

Најмалку 23 мртви во пожар во болница за пациенти со Ковид-19 во Багдад (видео)


Најмалку 23 лица загинаа, а триесетина други се повредени во силниот пожар што ноќеска зафати болница за пациенти со Ковид-19 во Багдад, соопштија очевидци, пренесува ДПА. Околу 90 други пациенти се спасени од пожарот во болницата „Ибн ал-Катиб“, во југо-источниот дел на Багдад, изјави началникот на службата за цивилна одбрана генерал-мајор Кадем Бухан. -Успеавме да […]