Хрватскиот писател Свен Поповиќ на книжевна резиденција во Скопје


Писателот  од  Хрватска  Свен  Поповиќ моментално  е  на  книжевна  резиденција  во Скопје.  Резиденцијата  се реализира  во  рамки  на  проектот  „Читајќи  го  Балканот“, кој е поддржан  од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Во  рамки  на  престојот,  Свен  Поповиќ  се  запознава  со  книжевната сцена  во нашата  земја  и  остварува  средби  со  уредници  во  издавачки  куќи.

Поради  епидемиолошките  мерки  нема  да  биде  организирана  книжевна

средба  со  авторот  со  присуство  на  публика,  но  издавачката  куќа  Готен  ќе

подготви видео-разговор со авторот, кој ќе биде достапен на нејзиниот канал

на Ју-тјуб.

Свен  Поповиќ  е  еден  од  најинтересните  гласови  од  најмладата

генерација  хрватски писатели. Роден  е 1989 година  во Загреб.  Дипломирал

компаративна книжевност и англиски јазик и книжевност и американистика

на  Филозофскиот  факултет  во  Загреб.  Пишува  проза,  книжевни  и  музички

критики.

Во 2015 година ја објавува својата прва книга, збирката раскази „Небо

во кал“, а во 2018 година го објавува романот „Убедливо втор“.

Прозата  на  Свен  Поповиќ  е  интензивна  комбинација  од  лирски

елементи  и  интерес  за  сировата  стварност.  Според  хрватскиот  критичар

Божидар Алајбеговиќ, Свен Поповиќ е создавач на проза со рокерска страст

и џезерска флуидност и мекост, со примеси на Хемингвеј, Бароуз, Штулиќ и

Вејтс меѓу редовите, а со Рамонс, Пејвмент, Строукс, Модести Моус и Иги

Поп во ушите.

Проектот  „Читајќи  го  Балканот“  се  реализира  со  поддршка  на

програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа

за превод и книги „Традуки“.