Турција и Ерменија за признавањето од Бајден на геноцидот врз Ерменците во 1915 година


Турција и Ерменија синоќа експресно, но дијаметрално различно реагираа на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој претходно вчера масакрот врз Ерменците за време на Отоманската империја, во 1915 година, го оцени за геноцид. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прв реагираше и го осуди мешањето на САД во внатрешните работи на земјата. Тој додаде дека […]

Герасимовски: И во услови на пандемија до ДЗИС пријавени над 1.000 патенти


Светскиот ден на интелектуална сопственост – 26 април годинава во фокусот ги става малите и средни претпријатија. Директорот на Државниот завод за заштита на индустриската сопственост Горан Герасимовски во интервју за МИА вели дека заштитата на правата е многу важна и дека таа е еден вид основа за лансирање нов, иновативен производ или започнување бизнис, […]

Моди: Индија е зафатена од „бура“ на заразата со корона вирус


 Индискиот премиер, Нарендра Моди, денеска ги повика сите граѓани во земјата да се вакцинираат и да бидат внимателни, имајќи предвид дека Индија ја е погодена од „бура“ на заразата со корона вирус. Само во последните 24 часа бројот на инфекции со корона вирус се зголеми за нови 349.691 случаи, што претставува нов црн рекорд во […]

Националниот парк Шар Планина ќе добие шуми вредни над 50 милиони евра и осумдесетина шумски работници


Со прогласувањето на Шар Планина за национален парк покрај погодностите, се очекува и долгорочно решавање на иднината на лицата чија основна дејност е поврзана со „користење на шумите“ во западниот регион. Дел од нив се вработени во ЈП „Национални шуми“, дел во приватни компании, а исход очекуваат и оние на кои единствена егзистенција им е […]

Ќе има ли нови мерки за време на велигденските празници? Состојбата со Ковид-19 се стабилизира, но…


Епидемиолошката состојба со Ковид-19 се очекува наредните денови да биде анализирана од Комисијата за заразни болести, по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници. Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се […]

Од утре почнува етапната исплата на пензиите


Oд утре почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. Како што наведуваат од Министерството, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои […]

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози


Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти Автомото сојузот. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Во која насока ќе тргне Германија по Меркел


Сега е дефинирана листата на кандидати, кои се борат да ја наследат Ангела Меркел, како и еден незавиден куп глобални проблеми што ќе ги наследи победникот на изборите. Претстојното заминување на Ангела Меркел, по 16 години од функцијата германски канцелар, го покренува не само прашањето за насоката на најголемата европска економија, туку и за рамнотежата […]

Деветти парламентарни избори во Албанија, клучни за европската интеграција


Албанските граѓани денеска ќе гласаат на деветите по ред парламентарни избори во плурална Албанија. Овие избори се одржуваат во јубилејна година, 30 години од падот на комунистичкиот режим, но за волја на вистината и денешниот ден не би се нарекол нормален изборен ден, зашто за безбеден изборен процес се ангажирани 7.159 полициски службеници од сите […]

Сончево и потопло со мала облачност, температурата до 21 степен


Времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 степени, а дневната од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло. Утринската температура ќе […]

Шок во Белград: Ѓоковиќ елиминиран од Србија опен


Во еден шокантен меч Новак Ѓоковиќ пред белградската публика беше поразен во полуфиналето на првото  Отвореното тениско првенство на Србија по повеќе од три часа борба. Подобар од него беше 28-от тенисер во светот, Рисонот Аслан Карацев, кој победи во три сета – 7:5, 4:6, 6:4. На овој начин рускиот тенисер му се одмазди на […]

Тешка сообраќајка: Загина 14-годишно момче во Илинден


Во тешка сообраќајка 14-годишно момче (А.Р.) од скопската населба Миладиновци загина денеска во населба Марино, Општина Илинден, пренесува „Сител“. Според неофицијални информации сообраќајката се случила пред „Пицерија НС“ околу 13 часот. Момчето кое возело мотор починало на лице место откако автомобил му го пресекол патот и се судриле. Повеќе детали се очекуваат во текот на […]

Хрватскиот вицепремиер Милошевиќ позитивен на корона, а во февруари се вакцинирал со Фајзер


Потпретседалот на хрватската влада Борис Милошевиќ е позитивен на корона вирус, објави вечерва владата во Загреб. На 4 февруари, како што пишуваат хрватските медиуми, Милошевиќ ја примил втора доза на вакцината Фајзер против КОВИД-19. Милошевиќ имал полесна треска и други симптоми на КОВИД-19 во текот на утрото, па затоа решил да се тестира на присуство […]

Илјадници излегоа на улица во Лондон: Затворањето убива!


Неколку илјади луѓе се собраа денеска на протест против рестриктивните мерки во центарот на Лондон, покрај ограничувањата за масовно собирање поради пандемијата од Ковид-19. Собирот го нарекоа „Обединети за слобода“. Демонстрантите сметаат дека рестриктивните мерки се потребни и дека претставуваат кршење на човековите права. Тие се противат на вакцинацијата, носењето маски и ткн. здравствени пасоши. […]

Влада: Пауновски и ДПИ како и сите 237 институции имаа детален увид во Планот за распределба


Владата на Република Северна Македонија денеска преку соопштение ги информира граѓаните и јавноста дека преземањето на административните службеници се врши преку распоредување на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација во институцијата во која се распоредува или […]

Ден без починат од корона во Израел за прв пат по 10 месеци


Израел не забележа нови дневни смртни случаи на Ковид-19, првпат во последните 10 месеци, додека земјата напредува со брзото вакцинирање. Бројот на жртви од коронавирус во земјата остана непроменет на 6.346 во четвртокот, покажаа податоците на Министерството за здравство. Последен пат кога Израел пријави нула смртни случаи на Ковид-19 беше на крајот на јуни минатата […]

Џо Бајден ги означи убиствата на Ерменците од отоманската војска како геноцид


Бајден е првиот првиот претседател кој објави ваква изјава. Односите меѓу Вашингтон и Анкара дополнително ќе се влошат   Американскиот претседател Џо Бајден во саботата ги призна масовните убиства на Ерменците пред повеќе од еден век како геноцид, во потег што отиде подалеку од неговите претходници и се заканува уште повеќе да ги комплицира односите […]

Филиповска-Грашковска: До мене не е стигната петиција за Пауновски


Директорите на инспекторатите се именуваат и разрешуваат на владини седници од страна на Владата, вели претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашковска во врска со најновите случувања во Државниот пазарен иснпекторат, каде директорот Стојко Пауновски не прифаќа да вработи 35 лица преку програмата К-5, а по што премиерот Зоран Заев најави дека тој ќе биде […]

Ѓорѓиев: Нема напредок во работата на Комисијата, да се вклучат надворешни експерти


 На последните три средби на Комсијата не гледам желба за напредок кај бугарските колеги, а тоа се должи на политичката ситуација во Бугарија, вели Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Тој во гостувањето на весникот на ТВ Сител, посочи дека на одржаниот онлајн 13. состанок на Мешовитата комисија […]

Обвинителство изврши претрес на Правниот факултет


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  изврши претрес во просториите што ги користел Драги Рашковски на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при што се одземени компјутери, потврдуват од Обвинителството. Информираат дека во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни […]