Во БиХ рекордни 2.154 заразени, починаа 88 пациенти


Во последните 24 часа, во БиХ се регистрирани 2.154 нови случаи на инфекција од коронавирус по тестирање на 5.690 примероци. Ова е најголем број на нови инфекции за еден ден од почетокот на пандемијата. Во истиот период починале 88 лица кај кои овој вирус бил регистриран порано. Во Федерацијата пријавени се 4.412 примероци, од кои […]

Мојсова-Чепишевска: Од децата прво да направиме слушатели, па потоа да прераснат во читатели


Секој од нас мора да најде идеално време, што не мора да биде пред заспивање, кога на детето ќе му се направи навика да му се раскажува, да игра низ приказни и песнички. Вие не можете веднаш да направите читатели, ако прво не направите слушатели, рече професорката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Весна Мојсова-Чепишевска на […]

Д-р Гроздановска: „Астра Зенека“ е една од најбезбедните вакцини, нема потреба од паника


„Астра Зенека“ претставува една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација, изјави на денешниот брифинг организиран од Лекарската комора, професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова, која е и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство. Таа нагласи дека нема потреба од создавање […]

Инспекциите ги натераа фирмите загадувачи да набават филтри


Вградените филтри во “Пејпар Мил”, во асфалтната база Кооп инженеринг како и концесијата во Средно Коњаре се доказ дека инспекциските постапки даваат позитивни резултати, информираа од Државниот инспекторат за животна средина. Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска истакна дека „Пејпар Мил“ доставиле информција до Инспекторатот дека е извршена набавка и инсталација на […]

Две главни премии „Пежо 3008“ од Sport Life


Новиот натпревар на Sport Life –„Двојна шанса за Peugeot 3008”, на типувачите ќе им донесе две главни премии. Кои ќе бидат играчите коишто ќе ги возат двете  СУВ возила од марката „Пежо 3008“, ќе видиме на крајот од натпреварот кој ќе се одвива од 26 март до 29 мај. Главните премии се наменети за двајцата […]

Петровска: Инспектори за животна средина или нема или немаат лиценца


Најмалку една третина од општините немаат овластени инспектори за животна средина, а таму каде што ги има – немаат лиценца. Локални инспектори коишто немаат лиценца, практично, не можат да постапуваат на суд, ќе им паднат предметите. Локалните надлежности во овој момент се сериозен проблем и во многу блиска иднина треба да се решат, изјави директорката […]

Гарванлиев пее шести во првото полуфинале на Евросонг во Ротердам


Холандија- Евровизиската ждрепка одлучи по кој редослед ќе настапуваат полуфиналистите во мај. Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев со автобиографската песна „Here I Stаnd“ го доби бројот 6 за во првото полуфинале на 18 мај. Од регионот, во групата се и Хрватска и Словенија. Организаторите на годинешниот Евросонг кој ќе трае до 22 мај добија дозвола […]

Во Дебар не почна најавената вакцинација


Најавената вакцинација на лицата на над 77-годишна возраст денеска не отпочна во Дебар, поради проблемот кој настанал во системот за упатување и пријавување. Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили, каде во службата за вакцинација требаше да почне имунизацијата против Ковид-19, се било подготвено за почеток, но проблемот настанал на релација со матичните лекари […]

Дожд и ретки грмежи попладне, од недела и пониски температури


Локални врнежи проследени со ретки грмежи се очекуваат попладнево во земјава. Ќе дува и слаб умерен ветер од западен и северозападен правец. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе има и утре особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни со над 20л/м2 проследени со локална појава […]

Советот за македонски јазик ја поздрави иницијативата две скопски улици да ги носат имињата на Блаже Конески и Славко Јаневски  


Советот за македонски јазик (СМЈ) соопшти денеска дека на својата 42. седница одржана на 31 март 2021 година, едногласно ја поддржа и ја поздрави иницијативата на Советот на Градот Скопје да именува две улици според имињата на нашите истакнати културни и научни дејци од 20 век: акад. Блаже Конески и акад. Славко Јаневски. – Блаже […]

Отворена модуларната болница во Прилеп со 35 легла


Модуларната болница тука во Прилеп е еден од 19-те објекти кои ги поставивме за рекордно кратко време, нешто помалку од три месеци во 16 општини и е дел од вкупно 10.000 квадрати, со вкупно 600 болнички кревети повеќе со кои сега располага нашиот здрвствен систем, рече министерот за здравство Венко Филишпче при денешното пуштање во […]

Се буди ли економијата – во март од ДДВ биле прибрани 29,5 отсто повеќе приходи од лани, од данокот на личен доход 12,55 проценти


Во март годинава во однос на истиот месец лани билe остварени вкупни даночни приходи од 7.720.610.346 денари, или за 6,17 проценти повеќе во однос на планираното, односно за 18,6 проценти повеќе во однос на остварениот приход во истиот месец лани, информираше денес директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Притоа, по видови даноци наплатата во март годинава, споредено […]

Филипче: Ќе ја чекаме потврдата од ЕМА за „Астра Зенека“, продолжува вакцинацијата на постарите групи граѓани


Девојката кај која се појави тромбоцитна реакција по вакцинацијата со „АстраЗенека“ се чувствува добро, има добра клиничка слика, стабилна е и вон животна опасност, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Засега, потврди, нема друг ваков случај во земјава. Министерот повтори и дека за „Астра Зенека“ ќе се чека официјалниот став на Европската агенција за […]

Бугарија пред избори: Едни продаваат автопати, други омраза, Слави Трифонов продава сон


Едни продаваат автопати, други  омраза, а Слави Трифонов продава соништа.Тој ги освои бугарските гласачи со голем сон: Засакуваме политичар кој нè инспирира со доверба и го избираме  да не претставува. Утре политичарот паѓа под искушение од власта, почнува со злодела, почнува да мисли повеќе за себе отколку за нас – нè разочарува, губиме доверба и […]

Бочварски: Проектот за автопатот Битола-Прилеп е транспарентен, а ќе се најде и пред пратениците


Пред два дена потпишавме меморандум за изградба на автопат Битола-Прилеп. Очекуваме оваа година да се почне со градба, а дотогаш да бидат завршени сите технички детали, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција во Битола. Министерот посочи на отворена и транспрантна постапка за како што рече еден од најзначајните капитални проекти за […]

Во Албанија вакцинирани над 155 илјади лица


 Од 11 јануари кога почна процесот на вакцинација, заклучно со вчерашниот ден, во Албанија против Ковид-19 имунизирани се над 155 илјади лица, објави на Фејсбук министерката за здравство, Огерта Манастирлиу. Таа нагласува дека кампањата „Албанија се насмевнува“ нема да запре додека не се вакцинира последниот граѓанин. -Ние нема да застанеме со кампањата „Албанија се насмевнува“ […]

Филипче: Се соочуваме со пикот, нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради КОВИД-панедмијата. Како што рече по отворањето на модуларната болница во Прилеп, нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст што би било знак дека треба да се воведат такви мерки. Сепак, предупреди, здравствениот систем е […]

Во Хрватска 41,2 отсто повеќе заразени од минатата недела


Во првите пет дена од оваа недела, бројот на новозаразени лица во Хрватска се зголеми за 41,2 отсто во споредба со истиот период минатата година, изјави денеска директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак. Тој на прес-конференција рече дека Хрватска на листата на земји од ЕУ е на 13. место според бројот на […]

Познатиот лингвист Трајко Стаматоски почина од ковид на 96 години


Последниот од генерацијата на големите македонски лингвисти и воопшто научници, Трајко Стаматоски, почина од компликации од корона вирус додека се лечеше во болницата „8 Септември“. Имаше 96 години.  Стаматоски беше веројатно најголемиот македонски ономастичар и како врвен научник беше долги години директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Последниве години беше претседател на Градскиот […]

Заев: Сите да ја примиме вакцината, само така ќе ја победиме пандемијата


Премиерот Зоран Заев денеска од Прилеп уште еднаш апелира сите граѓани да се вакцинираат против КОВИД. Ова е, рече, важна работа зашто само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје и ќе ја победиме пандемијата. До сега, исткна Заев, вакцинацијата тече со предвидената динамика, но, како што бил информиран од министерот Филипче, 20 отсто […]