Американските работодавци во март отворија повеќе од 900.000 работни места


Закрепнувањето на американската економија од пандемијата зајакна во март, бидејќи работодавците создадоа 916.000 нови работни места, најмногу од август 2020 година, соопшти денеска Министерството за труд на САД. Ова е далеку повеќе од 468.000 нови работни места во февруари, пренесува Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека Министерството ја ревидираше бројката за февруари и тоа за речиси 100.000 работни места […]

Буџетските приходи во првиот квартал за 4,4 отсто поголеми од лани, досега реализирани 16,5 отсто капитални расходи


Владата на денешната 62 седница, која се совпадна со 29-тата годишнина од усвојувањето на првиот буџет на независна Република Македонија во 1992 година, ја разгледа и усвои информацијата за извршување на буџетот во првиот квартал во 2021 година. Споредено со првиот квартал од минатата година, кога пандемијата со коронавирусот се уште немаше влијание на економијата, […]

Монако е најскапо место за купување на куќа (четврта година по ред)


Монако– Барате да купите куќа во Монако? Па, тоа ќе ве чини. Живописната француска енклава уште еднаш беше крунисана како најскапа област во светот за купување куќа од глобалната брокерска агенција „Савилс“. Тоа е титула што крајбрежното кнежевство го добива секоја година од 2017 година. Оваа година, тој победи прилично лесно, со просечна цена на […]

Во Франција 445 лица се обвинети за сексуално насилство во спортот


Франција –  Речиси 445 лица во Франција се обвинети за сексуално насилство во спортот, се дознава од извештаите испратени до канцеларијата за сексуално насилство во спортот, јави дописникот на МИА. Информацијата лично ја соопшти министерката задолжена за спорт Роксана Марачинеану, по повод втората конвенција посветена на оваа тема. Оваа канцеларија беше воспоставена минатата зима по објавувањето […]

Четири лица осомничени дека му се заканувале со смрт на италијанскиот министер за здравство


Италија– Италијанската полиција отвори истрага против четири лица осомничени дека му се заканувале со смрт на министерот за здравство, Роберт Сперанца, заради неговиот тврд став кон почитувањето на мерките за сузбивање на коронавирусот. Полицијата заплени компјутери и други уреди кои осомничените наводно ги користеле за да ги испраќаат смртните закани и навредливи пораки до Сперанца […]

Министерот Филипче се сретна со д-р Стоиљковиќ, директорка на српскиот Институт „ТОРЛАК“


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со д-р Вера Стоиљковиќ, директор на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „ТОРЛАК“ од Република Србија. Институтот е најстара институција од овој тип во светот со традиција и искуство подолго од 80 години и се занимава во производство на вакцини, серуми и други имунобилошки и дијагностички препарати, […]

Камчев добива ист третман како и другите притворени, велат од Управата за извршување на санкции


Притвореникот Орце Камчев добива третман како секое друго притворено лице во Северна Македонија, тврдат од Управата за извршување на санкции во реакцијата по информациите за негов наводен нехуман третман, тортура, понижувачки услови и загрозување на здравјето.  -Управата за извршување на санкции најкатегорично ги демантира информациите за наводен нехуман третман, тортура, понижувачки услови и загрозување на […]

Истражување: Фудбалот спорт број еден меѓу македонските граѓани


Фудбалот е најпопуларен спорт меѓу македонските граѓани, а интересот за натпреварите на националните тимови постојано бележи раст, Ова го покажуваат резултатите од истражувањето што специјализираната меѓународна компанија „Kantar Media“, го спроведе за потребите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со поддршка на УЕФА. Истражувањето, како што објави ФФМ, покажува дека вкупно 58 отсто од анкетираните гледаат во […]

Илјада причини „за“ и „против“ АстраЗенека


Македонските лекари смируваат- поопасни се ефектите од вирусот отколку можните компликации од вакцината Противречните информации околу вакцинацијата со „АстраЗенека“ создадоа вистинска конфузија во светот. Додека едни земји го стопираа вакцинирањето за помлади од 60 години поради несакани случаи на згручување на крвта, други сосема се свртеа кон останатите поизводители на вакцини, а трети земји пак, набавуваат милионски дози […]

Поезија од Митко Гогов на 31. Меѓународен поетски фестивал во Колумбија


Поетот Митко Гогов ќе ја претставува Северна Македонија на 31. Меѓународниот поетски фестивал во Меделин, Колумбија што ќе се одржи од 1 до 29 август 2021 година. Песните на фестивалот ќе се читаат на мајчин јазик, а ќе се слушаат и во препев на шпански и англиски јазик. Меѓународниот поетски фестивал во Меделин, Колумбија претставува […]

Порака од Стејт департментот: Бугарија да не го дестабилизира регионот


Блокирањето на интегративниот пат на Северна Македонија кон ЕУ ризикува дестабилизација на нормалните блиски односи меѓу сојузниците од НАТО, велат од Стејт департментот   Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската и да изнајде решение на отворените прашања со Северна Македонија, бидејќи блокадата на пристапувањето […]

Анкетите велат дека Борисов ќе победи на изборите во Бугарија


Последните истражувања покажуваат дека партијата на премиерот ја зголемила разликата во однос на главниот конкурент, социјалистите   (Од нашиот дописник)                                                                        […]

„Ден на Буџетот“: Состојбата подобрена, макроекономските движења во позитивна насока


Добрата реализација на Буџетот, вклучително и на капиталните инвестиции, како и позитивните макроекономски движења, се доказ за добрите економски политики кои ги води оваа Влада, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со поранешните министри одржана по повод одбележување 29 години од носење на првиот Буџет. Министерството за финансии соопшти дека на состанокот со […]

Уште 39 жртви на ковид-19 во Србија, новозаразени се 4.826


Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 16.910 лица на коронавирус, од кои 4.826 биле позитивни, а починале 39 лица. Во моментот има 299 пациенти на апарати за дишење, а 7.641 пациент во болниците. Од почетокот на пандемијата во Србија се регистрирани вкупно 610.232 случаја на корона, а бројот на смртни случаи е 5.384. […]

Д-р Гроздановска: По примање на вакцината не сме заштитени веднаш, потребно е време


По примање на вакцината против Ковид-19, една од најважните работи е дека вие не сте заштитени, потребен е одреден временски период да бидете заштитени. Во зависност од различни вакцини и нивниот механизам на делување, најмалку две до три недели за да почнат да се создаваат антителата, но комплетно заштитена индивидуа е две недели после втората […]

Протест за пресудите од судскиот процес „Монструм“


Семејствата на осудените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро со извикување „УЧК“ и големо албанско знаме пристигнаа пред Владата денеска околу 15 часот. Тие тргнаа од паркот во Чаир, а кордон полиција не им дозволи на демонстрантите да се приближат до судскиот комплекс, поради што тие скршнаа десно кон Владата. На заштитната ограда, поставена од […]

Лукаревска: На фирмите исплатени 135 милиони евра финансиска поддршка, ќе се враќаат 19,5 милиони на три рати


Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција ја информираше јавноста за анализата што ја направи Управата за јавни приходи, од поднесените барања за пресметување на износот за враќање на финансиската поддршка односно нејзино претворање во грант. Таа истакна дека мерката финансиската поддршка на работодавачите за исплата на плата за април, мај, […]

Широк спектар можности за соработка помеѓу С. Македoнија и Франција преку Француската развојна агенција


Постои навистина широк спектар на можности соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Франција, преку Француската развојна агенција, во годините кои следат, се повеќе да се развива, а пред се во интерес на создавање на подобри услови за живот на граѓаните, но и исполнувањето на критериумите за членството на земјата во ЕУ. Тоа го оценија […]

Изложба на дела од Глигор Чемерски во родното Кавадарци


Изложба на дела од Глигор Чемерски беше отворена денеска во Музеј галеријата во неговиот роден град Кавадарци, по повод пет години од неговата смрт. Изложени се дела на уметникот кои се дел од музејската збирка или красат кавадаречки јавни институции, но и такви кои се сопственост на приватни колекционери. Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева рече […]

Анкета: Граѓаните песимисти за излез од кризата предизвикана од Ковид-19


Кај речиси три четвртини од граѓаните постои загриженост од моменталната состојба предизвикана од Ковид-19, жените се попесимистични од мажите, а етничките Македонци се позагрижени од етничките Албанци, додека во поглед на потеклото на вирусот, мнозинството испитаници (72 отсто) сметаат дека е намерно или случајно излезен од лабораторија. Ова меѓу другото го посочуваат резултатите од истражувањето […]