Условите за грантови ги исполнија 133 ресторани за свадби


 Владата на денешната седница го разгледа и го усвои Извештајот за реализација на Програма за поддршка на угостителскиот сектор во Република Северна Македонија во рамките на економските пакети за поддршка за справување со последиците од КОВИД кризата која се реализираше во периодот ноември и декември 2020 година со буџет од  60.000.000,00 денари. Според информацијата заклучно […]

Утврдени предлог измените на Законот за данок на добивка, за одредување непризнаени расходи


Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка, со кој се одредуваат непризнаените расходи, со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели. Како што соопштија од владината прес-служба, станува збор […]

ЕМА негираше дека има заклучок за врската меѓу вакцината на „АстраЗенека“ и згрутчување на крвта


Европската агенција своите наоди треба да ги соопшти во среда или в четврток   Европскиот регулатор на лекови негираше дека веќе воспоставил каузална врска помеѓу вакцината„ Оксфорд/АстраЗенека“ и редок синдром на згрутчување на крвта, откако висок службеник од агенцијата изјави дека има врска. Во изјава за агенцијата Франс прес, Европската агенција за лекови (ЕМА) во […]

Од Ковид-19 во Србија починаа уште 40 пациенти


  Во Србија потврдени се уште 4.398 новозаболени со Ковид-19, додека од последиците на болеста починаа уште 40 пациенти. Минатиот вторник во Србија имаше  5.471 позитивни од  18.528 тестирани. Тогаш од Ковид-19 починаа 39 лица, додека на респиратор имаше  276 пациенти. Во Србија досега вкупно се тестирани 3.515.873 граѓани, а во последните 24 часа 18.233. […]

Скопје танцовиот театар слави 10-ти роденден, в петок онлајн изведба на претстава на Рисимкин


На денешен ден, пред 10 години беше изведена првата претстава на Скопје танцовиот театар, „Меѓусвет“, во кореографија на Рисима Рисимкин, со која официјално започна со работа првата современа танцова компанија кај нас. Во своето 10-годишно постоење, Скопје танцовиот театар успеа да оформи извонреден танчерски кадар, во соработка со Скопје танцовата академија, а од 2017 година […]

Бугарија избори: Запленети рекордни 800.000 лева по докази за купување гласови


Запленети се и одземени над 800.000 лева, по докази за купување гласови во корист на одреден кандидат, партија или коалиција, јавија медиумите во Бугарија повикувајќи се на државното Обвинителство. Вкупната сума е рекордна и била наменета за купување гласови. Од почетокот на кампањата има спроведено 41 предистражна постапка за изборни нерегуларности низ целата држава и […]

СЗО сè уште не ја поддржува идејата за воведување „ковид пасоши“


Светската здравствена организација (СЗО) не го поддржува барањето за „ковид пасоши“ за пристап до различни земји и институции поради несигурност дали вакцинацијата го спречува пренесувањето на вирусот, како и стравувањата од нееднаквост, изјави портпарол на организацијата. Британската Лабуристичка партија предупреди дека „ковид потврдите“, според кои луѓето треба да докажат дека се вакцинирани за да влезат […]

Без електрична енергија утре делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сопшите


 Поради технички зафати во електро-системот без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Кисела Вода, Сопиште и Аеродром.  Во период од 9 до 10 часот без струја ќе останат  сите стопански и нестопански субјекти на булевар „Борис Трајковски“ што се напојуваат од следниве трафостаници: Градинар Лозар, Типо, Електроконтакт, Дизајн Пинтија и Ник Велк во општина […]

Маж од Росоман полово напаѓал деца и ги сликал


Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години според член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Кавадарци. -Обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе […]

Царовска: Низ проекти и интеракција учениците ќе научат да решаваат проблеми


Новата Концепција за основно образование стартува од есен во прво и четврто одделение, а до подобар образовен систем на сите нивоа можеме да стигнеме само ако направиме исчекор од комфорната зона, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Утринската програма на Националната радиотелевија. „Новиот концепт на учење ќе ги менува наставниците, но ќе […]

ФИТР: Рекордни 706 апликации за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст


Вкупно 706 домашни компании аплицираа на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст на Фондот за иновации и технолошки развој кој беше затворен денес. Ова е рекорден број на доставени апликации во рамките на било кој досегашен јавен повик кој го спроведува ФИТР, се вели во соопштението до медиумите. За […]

Почина овчарот за кој немаше возило за помош


Почина шеесет и тригодишниот овчар, кој беше една седмица во кома по претрпен мозочен удар, за кого јавноста дозна откако лекарот од кратовската Итна помош на Фејсбук објави дека неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за Итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен. Пациентот […]

Димитров: Над 6.000 текстилни работници во земјава на колективен одмор


Над 6.000 текстилни работници во земјава заминаа на колективен одмор. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА вели дека од вчера на одмор се работниците, а половина од нив се од Штип.   МИА вчера информираше дека работодавците оваа одлука ја донеле поради недонесувањето на петтиот пакет мерки од страна на македонските пратеници […]

СДСМ реагира: Дали Мицкоски ја саботираше акцијата на МВР?


Дали Мицкоски одработува за криминалци? – запрашаа јавно од СДСМ во врска со акцијата за апсење на десетина полицајци поради  издавање фалсификат документи. -Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа?Очекуваме […]

Бројката на смртни случаи од ковид надмина три милиони


Беше потребна една година бројот на починати да стигне две милиони, а само три месеци тој да достигне 3 милиони   Смртните случаи поврзани со коронавирус ширум светот преминаа 3 милиони во вторникот, според проценката на Ројтерс, додека најновото глобално обновување на инфекциите со Ковид-19 е голем предизвик за напорите за вакцинација низ целиот свет. […]

На инфективните оддели има 1.744 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 72


Вкупно 1.744 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 230 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 72 нови пациенти поради компликации од корона […]

Зголемена потрошувачката на природен гас, најголем потрошувач ТЕ-ТО


За 12,5 проценти е зголемена потрошувачката на природен гас во 2020 година. Потрошени се 338 милиони нормални метри кубни гас што е првпат откако се користи овој еколошки енергенс во земјава. Анализите на Регулаторната комисија за енергетика покажуваат дека и понатаму доминантен потрошувач на природен гас е гасната електрана ТЕ-ТО со 68 проценти од вкупната […]

Марија Бакалова добивала панични напади пред снимањето на секоја сцена од филмот „Борат 2“


Бугарија – Марија Бакалова откри дека „срцето ѝ чукало како лудо“ за време на нејзината „скандалозна сцена“ со Руди Џулијани во „Борат 2“. Бугарската глумица се појави заедно со Саша Барон Коен во продолжението на комедијата, како Тутар Сагдиева – ќерка на алтер-егото на Саша, Борат, и се сеќава како „полудела од страв“ додека се […]

Унгарија стигна до меѓникот од 25 отсто вакцинирани


Земјата веќе неколку седмици има највисоки неделни жртви по жител во светот   Унгарија ќе започне постепено олабавување на ограничувањата за корона вирусот во рок од неколку дена, соопшти владата во понеделникот (5 април), бидејќи очекува да бидат инокулирани 25% од популацијата од 10 милиони жители до вторник или најдоцна рано во среда, јави Ројтерс […]