Ќе се зголемува бројот на граѓани што ќе користат субвенции за струја


Регулаторната енергетска комисија поднесе иницијатива со која се бара зголемување на обемот на ранливи категории на потрошувачи кои користат субвенции од државата при плаќање на електрична енергија, изјави денеска директорот на РКЕ Марко Бислимовски. Потенцира дека при првичните анализи наишле на проблем, а тоа е дека голем број ранливи категории на потрошувачи кои моментално користат […]

СКСЗМ: И бизнисите да се вклучат во приоритетните категории за вакцинирање


Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека управувањето со КОВИД-кризата во земјава се одвива многу бавно во споредба со другите земји од регионот, како во смисла на обезбедување вакцини и имунизација, така и од аспект на стимулирање на бизнисите. Според СКСЗМ, вчера донесената одлука за продолжување на полицискиот час и затворање на некои деловни […]

Десетина полициски службеници уапсени поради фалсификување патни исправи и лични документи, полициската акција е во тек


Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од синџир за фалсификување на патни исправи и лични документи, а акцијата уште е во тек, потврдија за МИА од МВР и најавија детали по нејзиното завршување. По повеќе од  година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група,  посочуваат извори […]

Обвинение за злоупотреби во гостиварската поштенска служба


Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против 55-годишно лице од село Долна Бањица за злоупотреба на службена положба и овластување во гостиварската поштенска служба. -Обвинетиот 55-годишник од село Долна Бањица, во периодот од ноември до декември 2019 година, во својство на службено лице – картист-насочувач во Подружница ЦРПС Гостивар, присвоил поштенска пратка од Република Србија […]

Амбасадорот Коп: Холандија продолжува со поддршка на земјата и на Народна банка за соработка со меѓународните институции


Како претставник на Северна Македонија во конституенците на MМФ, Светската банка и ЕБОР, Холандија и натаму ќе обезбедува силна поддршка за земјата и за Народната банка во комуникацијата и соработката со меѓународните институции, што е исклучително важно во овие тешки времиња. Одлуките на Народната банка донесени во изминатата година се добредојдени во овој контекст. Потребно […]

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција ќе го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра


Халкбанк АШ Турција, како главен акционер на Халкбанк АД Скопје, на 26 март свика вонредно собрание и донесе одлука со која ја поддржа Халкбанк АД Скопје со одобрена докапитализација во износ од значајни 20 милиони евра. Основна цел на оваа докапитализација е зајакнување на банкарскиот капитал во земјата и поддршка на реалниот сектор во земјава, […]

Од вакцинирани речиси 13 илјади граѓани, само два случаи на колапс од страв или паничен напад


Речиси 13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со вчерашниот ден и освен два случаи на колапс, кои што не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади, тука во салата „Борис Трајковски“, други несакани ефекти нема, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Девојката која што имаше тромбоза […]

Од четврток стабилизација на времето


 УХМР најавува стабилазација на времето од четврток, но со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе бидат и негативни, а дневните ќе бидат во пораст. Според УХМР, утринските температури во четврток ќе се движат -3 до три степени, а во петок ќе се спуштат на -6. Дневните, пак, ќе бидат од 6 до 18 […]

Под 100 евра ќе биде приклучокот на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас


Под 100 евра се очекува да чини приклучувањето на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас. Од јавниот-приватен партнер кој ќе ја развива дистрибутивната мрежа ќе биде побарано да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат инсталацијата на рати на повеќе години. Изборот на јавен-приватен партнер следува во […]

По препорака од ЕМА ќе се одлучи дали помладите ќе се ревакцинираат со „Астра Зенека“ или со друга вакцина


Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека утрово е разговарано со српското Министерство за здравство за список на македонски граѓани кои се вакцинирале со „Астра Зенека“ во Србија, а откако ќе биде познат ставот на Европската агенција за лекови (ЕМА) дали таа ќе продолжи да им се дава на помлади лица, тие наши граѓани во […]

Силен земјотрес кај Сисак во Хрватска


  Земјотрес со магнитуда од 4.6 степени според Рихтер предмалку го потресе подрачјето околу Сисак, јави Европскиот медитерански центар за земјотреси. Епицентарот бил кај Сисак, на 20 километри од градот, на длабочина од 2 км. Земјотресот се почувствувал и во Босна и Херцеговина. Според Хрватскиот сеизмолошки центар пак, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени, […]

Флоријан Бибер: Тие што го блокираа европскиот пат на Скопје, не добија ништо со својот национализам


Оние што го блокираа стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, не добија ништо со својот национализам на изборите во Бугарија, оцени во објава на Твитер луксембуршкиот универзитетски професор, историчар и експерт за Балканот, Флоријан Бибер. – Имајќи ги предвид резултатите од изборите во Бугарија, дали можеме да кажеме дека никој од оние кои […]

Си-ен-ен: Воената хунта во Мјанмар го укина Интернетот и приведува новинари


 Владејачката воена хунта во Мјанмар ги укина сите Интернет услуги до ново известување, што претставува обид да се стават под контрола комуникацијата и пораките во земјата, јави Си-ен-ен. Демонстрантите кои секојдневно протестираат против воениот удар од 1 февруари користат Интернет за да ги организираат своите собири, а во петокот повеќето граѓани на Мјанмар останаа без […]

Грција: Туризмот и копнените граници се отвораат на 14 мај, под правила и безбедносни протоколи


Ќе отвориме на 14 мај, ќе ги отвориме сите копнени премини, за да ги немаме тешкотиите што ги имавме лани, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката на СИРИЗА, Кирјаки Малама, во врска со туристичката сезона, конкретно за Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис уште еднаш […]

Франција го зголемува учеството во капиталот на „Ер Франс“ на околу 30 отсто


Државата ќе може да го зголеми своето учество „на нешто помалку од 30 отсто“ од капиталот на „Ер Франс“, посочи министерот Бруно Ле Мер, откако планот за спасување на компанијата од страна на државата е потврден од Брисел и тој може да достигне четири милијарди евра, јави дописникот на МИА. Европската комисија денеска го одобри […]

Меѓаши започна онлајн кампања „Поттикни МИР“


Првата детска амабасада во светот Меѓаши започна кампања на тема „Поттикни МИР“, што се фокусира на преземање акција и поттикнување промена на локално и индивидуално ниво. Кампањата ќе се одвива онлајн, преку објавување кратка  поттикнувачка содржина на социјалните платформи на детската амбасада. Целта на кампањата е да го подигне нивото на општествена одговорност, да се […]

Филипче: Да бидеме одговорни за побрзо да заврши овој трет, досега најсилен бран


Од денеска почнуваат нови рестриктивни мерки кои ќе важат следните две недели. Целта е да се заштити здравјето на граѓаните и здравствениот систем. Во изминатиот период имаше огромен наплив на пациенти во болниците. Интервениравме со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација и успеавме добро да го одржиме здравствениот систем и […]

Почина легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац


Србија– Легендата на народната музика во поранешна  Југославија, Предраг Живковиќ Тозовац ја загуби битката со корона вирусот. Тозовац, од последици предизвикани од корона вирусот починал утрово во 86 година од животот. Тозовац од 5 март се лекувал од корона вирусот во болницата Драгиша Мишковиќ во Белград. Минатата недела неговата здравствена состојба се подобрила. Предраг Живковиќ […]

Поведена постапка против двајца радовишани за употреба на лажни ПЦР тестови на аеродромот во Скопје


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. – На 29 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, тие […]

Милевски: Општините и граѓаните со свои идеи да придонесат во ублажување на климатските промени


Климатските промени треба да се приоритет на сите институции како и за целата заедница, порача министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска на конференцијата „Да зборуваме за климатските промени“ на тема „Можности за попаметно греење“, во организација на Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ. -Апелирам институциите, државни и приватни, како и секој граѓанин директно да се вклучат […]