Во циклон во Индонезија загинаа 157 луѓе


Најмалку 157 лица ги загубија своите животи во Индонезија и соседен Источен Тимор, а десетици се водат како исчезнати по циклонот „Сероз“, кој ја зафати Југоисточна Азија и остави пустош и бројни бездомни семејства, соопштија денеска индонезиските власти. Индонезиската агенција за вонредни состојби објави дека биле евидентирани 130 жртви на оддалечените острови недалеку од Источен […]

Автобусите на ЈСП од денеска ќе возат до 20 часот


Јавното сообраќајно претпријатие скопје (ЈСП) информираме дека од денеска, вторник (6.04.2021 год) до вторник (20.04.2021 год), јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот. Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од […]

Трајан Ангеловски нов претседател на Индустриската комора на Македонија


Трајан Ангеловски, косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“ е новиот претседател на Индустриска комора при Сојузот на стопански комори. Ангеловски е долгогодишен член на Управниот одбор на Комората, а успешно раководи со „Ариљеметал“ повеќе од 10 години. На седницата на Собрание на Индустриската комора на која […]

Ципрас: Горд сум на Договорот од Преспа, без него Турција ќе беше и на грчката северна граница


Горд сум што Грција ја надгради својата геополитичка динамика во петте тешки години додека бевме на власт и што зад себе остави еден многу важен договор, Договорот од Преспа, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Контра“, објаснувајќи дека благодарение на договорот, Турција не е и на северната грчка граница. Како […]

Општина Охрид организира увид и јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Горица Север


 Општина Охрид организира jавна презентација и расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица Север. Заинтересираните граѓани и правни лица можат да го видат Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина во Одделението за заштита и влијание врз животната средина, секој работен […]

Владата на седница ќе одлучува за економијата и образованието


Владата денеска ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа, а дел од нив се однесуваат на економијата и образованието, информира владината прес-служба. На седницата, на предлог на Министерството за образование и наука ќе се разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците […]

БСП ќе поддржи нова влада, предводена од Слави Трифонов, во коалиција со „Дeмократска Бугарија“ и „Стани. Излези!“


БСП би ја поддржала владата на второпласираната партија на парламантерните избори во Бугарија, од неделата, на шоуменот Слави Трифонов – „Има таков народ“, во која би влегле и „Стани! Излези!“ на поранешниот правобранител на земјата, Маја Манолова, и „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда, Христо Иванов, изјави за Нова ТВ пратеникот на БСП, Христо […]

Бесими: Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на економијата


Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на државата, а особено во секторите образование, здравство и социјална заштита. Како земјите се справуваат со последиците од кризата предизвикана од ковид 19 пандемијата и ударите врз здравството, образованието, ранливите категории на граѓани и работните места, градењето одржливи и инклузивни системи отпорни на […]

Австралија се уште ги чека трите милиона вакцини „АстраЗенека“ од странство


Австралија се уште чека на повеќе од три милиона дози на вакцината „АстраЗенека“, што требаше веќе да пристигнат на континетот според нејзините претходни договори, изјави денеска австралскиот шеф на медицинската служба, Мајкл Кид, јави ДПА. Кид кажа дека бавниот тек на кампањата за вакцинација против коронавирус делумно се должи на проблемите со снабдувањето од странство. […]

Домашните миленици ќе можат да се изнесат од 22 до 23 часот


Домашните миленичиња (кучиња) сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување, ќе можат да ги изнесуваат надвор во вечерните часови почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат. Како што информираат од МВР, овој период е во рамки на  забраната и посебниот режим на движење на граѓаните […]

„Камерна приказна“ во Филхармонија со диригентот Ван Алфен од Холандија


„Камерна приказна“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток во 19 часот, на кој како солисти ќе настапат Елена Дојчиновска (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Кончерто да камера за флејта и англиски рог од Онегер и Камерна симфонија оп. 73а од Шостакович (арр. Р. Баршаи). […]

Преку денот сончево, попладне нови врнежи


Времето денеска преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекуваат врнежи локално во југоистокот, а од север ќе започне да се проширува нова облачност. Нови врнежи од дожд ќе започнат од вечерните часови од северозапад, а на планините и понекаде на повисоките места тие ќе бидат од снег. Максималната […]

Нов препев на стихови од Есенин на Славе Ѓорѓо Димоски


Во издание на ПНВ „Публикации“ од печат излезе книгата „Песни“ со стихови на рускиот поет Сергеј Есенин, во препев на Славе Ѓорѓо Димоски. Првпат на македонски јазик се објавени кусата поема „На мој начин“ и поетските циклуси „Кафеанска Москва“ и „Персиски мотиви“, како и подолг есеј „Есенин: живот, восхит, легенда на суровоста“ во кој е […]

Вајнстин побара да му биде поништена пресудата за силување


САД – Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин (69) вчера побара од Апелациониот суд во Њујорк да ја отфрли пресудата за сексуален напад и силување, според која тој е виновен, и да отпочне ново судење, пренесува Танјуг. Вајнстајн беше осуден во март 2020 година од судијата Џејмс Бурк, во Судот во њујоршката општина Менхетн, на 23 […]

Меси лут на судијата од мечот со Ваљадолид: Бараше причина да ми покаже жолт картон


Капитенот на Барселона, Лионел Меси беше незадоволен од работата на судијата Хајме Латре на синоќешниот натпревар од 29. коло во Ла Лига против Ваљадолид (1:0). Доколку Аргентинецот добиеше жолт картон на овој меч, ќе го пропуштеше дербито со Реал во следното коло. Во истата ситуација беше и играчот за врска на Барса, Френки де Јонг. […]

Мишел и Фон дер Лајен одат кај Ердоган со условите за постепено обновување на економските односи


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска патуваат во Турција каде на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе му ги претстават условите на ЕУ за постепено обновување на економските односи и ќе разговараат за поддршката за бегалците. Во овој „акциски план“ всушност се содржани одлуките на лидерите […]

Одложена расправата за предметот „Тендери“


Расправата за предметот „Тендери“ закажана за денеска се одложува за 12 месецов, заради, како што информираат од кривичниот суд, изолација на еден од обвинетите. -Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за денеска […]

Северна Кореја го откажа учеството на Олимпијадата во Токио поради корона вирусот


Севернокорејското министерство за спорт во вторникот соопшти дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио оваа година за да ги заштити своите спортисти во услови на пандемија на коронавирус. Одлуката била донесена на состанокот на Олимпискиот комитет на Северна Кореја на 25 март, соопшти Министерството на својата веб-страница. „Комитетот одлучи да не се приклучи […]

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана


Најмалку 80 делфини и поголем број риби се најдени угинати на неколку плажи близу главниот град на Гана – Акра, од петокот досега. Властите почнаа истрага. Официјалните лица ги предупредија граѓаните да не ги јадат пронајдените делфини и риби, бидејќи сè уште не е позната причината за нивната смрт. Министерството за риболов соопшти дека се […]