Спасовски: Да се истражи саботажата на акцијата на МВР од страна на Мицкоски


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција попладнево соопшти дека вкупно 215 лица добиле македонски патна исправа со туѓ идентитет, 214 биле странски државјани, а само еден бил наш државјанин. За помагање на овие документи со туѓ идентитет приведени се 9 лица, а по еден се трага. Од нив 9 се вработени во […]

Националниот француски стадион „Стад де Франс“ стана голем центар за вакцинирање против Ковид-19 (фото, видео)


Францускиот национален стадион е претворен во голем центар за вакцинирање против КОВИД-19, јавија француските медиуми. Планирано е да се аплицираат 10.000 дози секоја недела на „Стад де Франс“, во северното предградие на Париз, Сен Дени. Стадионот беше домаќин на финалето на Светскиот куп на ФИФА во 1998 година, каде Французите извојуваа историска прва домашна титула. […]

Италијанската влада дозволи гледачи на ЕП во фудбал


Италијанската Влада дозволи враќање на фудбалските навивачи на Олимпискиот стадион во Рим за претстојните натпревари на Европското првенство (ЕП), соопшти денеска Фудбалската федерација на Италија (FICG). Меѓутоа, засега не е познато процентуално колку навивачи ќе можат да влезат на Олимпискиот стадион со капацитет од 70.000 седишта. -Министерот за здравство Роберто Сперанца ни рече дека владините советници ќе […]

Во Словенија итно потребни нови кревети на одделенијата за интензивна нега поради голем број пациенти со Ковид-19


Во Словенија, во третиот бран на епидемијата со Ковид-19, бројот на хоспитализирани лица со тешки симптоми рапидно расте, поради што владата денеска им нареди на болниците да го зголемат капацитетот во одделите за интензивна нега на ковид-болниците. – Болниците треба да обезбедат уште 179 кревети во единиците за интензивна нега до крајот на неделава, изјави […]

Речиси милион Италијанци останале без работа за една година


Речиси милион луѓе во Италија останаа без работа во изминатата година како резултат на пандемијата на коронавирусот. Националната агенција за статистика соопшти дека стапката на вработеност паднала за 2,2 процентни поени до 56,5 отсто. Националниот завод за статистика Истат објави дека нешто помалку од 22,2 милиони луѓе биле вработени во Италија во февруари, што значи […]

Една третина од потрошувачите во земјава користат паметни телефони за плаќање


Над една третина од потрошувачите во земјава ги користат паметните телефони за плаќање и извршување трансакции, а 61 процент се заинтересирани да ја користат оваа опција за плаќање во иднина, покажува регионалното истражување спроведено од „Visa“. Резултатите од истражувањето укажуваат дека една четвртина од испитаниците започнале да ги користат паметните телефони за плаќање за време […]

Вучиќ се вакцинираше со кинеска вакцина: Може ќе станам попаметен


  Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се вакцинираше против Ковид-19. Тој ја прими вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ во здравствениот дом во селото Рудна Глава, во близина на Мајданпек. -Сѐ помина во најдобар ред, ништо не почувствував. Докторката Анита има лесна рака, а можеби ќе станам и малку попаметен. Ќе ве известам следните денови“, изјави […]

ММФ очекува раст од шест проценти на светската економија во 2021 година


Забрзаната кампања за имунизација и зголемените државни трошоци, посебно во САД, ја зголемија прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за глобалниот економски раст. ММФ предвидува раст на светската економија од шест проценти за 2021 година, додека за 2022 година се прогнозира раст од 4,4 отсто. Претходно, ММФ во јануари предвидуваше раст од 5,5 отсто. Минатата […]

Нов негативен ковид-рекорд во Грција за 2021 година, починаа 79 лица


Во Грција регистриран е негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 во 2021 година, починаа 79 лица, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се зголеми на 8.532 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 4.309 нови случаи на коронавирусот, а намален во споредба со […]

Пендаровски во посета на вакциналниот пункт во Штип


Претседателот Стево Пендаровски денеска за време на посетата вакциналниот пункт во Штип и Модуларната болница повика на што поголема вакцинација. Во вакциналниот пункт во просториите на Здравствениот дом „Панче Караѓазов“, претседателот Пендаровски беше информиран за текот на процесот на вакцинација на граѓаните, која во моментот се врши на лица над 77 години. Во овој пункт […]

Во Босна и Херцеговина рекордни 99 починати од Ковид-19


Во Босна и Херцеговија денеска е забележан негативен рекорд по број на починати од Ковид-19, односно за 24 часа починале дури 99 пациенти. Според ентитетските податоци од понеделникот починале 63 лица од Федерацијата, 33 од Република Српска. Уште три смртни случаи забележани се во Брчко. Со новите случаи во БиХ досега од Ковид-19 починаа вкупно […]

Димитров – Шоле телефонски: Преспанскиот договор е појдовна точка за позитивни промени


Со потпишувањето на Преспанскиот договор се затвори едно од најгорливите прашања во регионот, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во телефонскиот разговор со Дерек Шоле, посебен советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој на ниво на потсекретар е надлежен за важни прашања од надворешната политика. Во разговорот, кој е на барање […]

„Форбс“: Милијардерите во Европа за една година се збогатиле за трилион долари


Франција – Богатството на европските милијардери се зголеми и достигна три трилиони долари, објави списанието Форбс. Најбогатите луѓе во светот останаа во голема мера заштитени од финансиска штета предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Рангирањето на светските милијардери од списанието Форбс за 2021 година вклучува имиња на 628 европски милијардери, наспроти 511 во претходната година. Заедно, тие […]

Повици на МОН за парични награди за први три места на натпревари по математика и природни науки и на научни олимпијади


Министерството за образование и наука објави повик за доделување парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки одржан во учебната 2020/2021 година, на ученик во средно образование и на наставникот кој го подготвувал за натпреварот. За прво освоено место МОН ќе додели поединечно парична […]

За да го претркаме вирусот потребна е стратегија што овозможува правичен пристап за сите, порачуваат од УНИЦЕФ


За да го претркаме вирусот и за да забрзаме, мора да следиме стратегија за вакцинирање на работниците од првите редови, но, да се стремиме кон стратегија што навистина овозможува правичен пристап за сите, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор. Во таа насока, од УНИЦЕФ апелираат до владите, претпријатијата и партнерите да преземат три итни […]

Почина бугарскиот новинар Георги Коритаров


Денеска ненајдено почина познатиот бугарски новинар Георги Коритаров кој стана познат во македонската јавност по неговите интервјуа со македонските политичари. Тој последните години ја водеше емисијата „Свободна зона“ каде често тема на разговор беа македонско-бугарските односи и често имаше бројни гости од Македонија. И покрај контроверзноста на тематиката, Коритаров никогаш не пропагираше против нашата земја […]

Прекината свадба со 300 гости во Струмичко, кривична пријава против три лица


СВР Струмица поднела кривична пријава против три лица од струмичкото село Банско за организирање на свадбена веселба во време на пандемија, соопшти денеска МВР. – СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на […]

Починаа уште 45 лица со Ковид-19, меѓу нив и 32-годишен пациент


Вкупно 45 пациенти починаа од компликации од ковид-19 во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство, а меѓу нив најмлад е пациент од Скопје на 32 години. Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува […]

Ќе се обезбедуваат реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје


Владата на денешната 64-та седница ја разгледа и усвои Информација за обезбедување на средства за купување на реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во износ од 6.000.000,00 денари. Одобрените средства,како што информираат од владината прес-служба, се […]