Од Ковид-19 во Србија починаа уште 40 пациенти


 

Во Србија потврдени се уште 4.398 новозаболени со Ковид-19, додека од последиците на болеста починаа уште 40 пациенти.

Минатиот вторник во Србија имаше  5.471 позитивни од  18.528 тестирани. Тогаш од Ковид-19 починаа 39 лица, додека на респиратор имаше  276 пациенти.

Во Србија досега вкупно се тестирани 3.515.873 граѓани, а во последните 24 часа 18.233.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор се 271 пациент.

Денеска во Србија пристигнаа уште 100.000 вакцини од „Фајзер.