Во Босна и Херцеговина повторно расте бројот на заразени, починаа 79 пациенти


  Во Босна и Херцеговина во средата повторно е забележан раст на дневниот број новозаразени со корона вирус, па регистрирани се повеќе од 1.700 новозаразени, а починаа 79. Спроведени се нешто повеќе од 4.500 тестирани, а потврдени се 1.742 случаи. Во вторникот имаше 99 починати од Ковид-19. Последните бројки покажувата дека ширењето на третиот бран […]

Внука во Словенија ја убила 85-годишната баба


  Во словенечкото место Берток кај Копар вчера беше убиена 85-годишна жена, а за злосторството е осомничена нејзината 31-годишна внука која е во притвор. Нешто пред 20 часот маж од Берток ја известил полицијата дека во куќата нашол мртва жена, словенечка државјанка, а смртта на 85-годишната жена ја потврдил лекар. „Веднаш почнавме со интензивно собирање […]

Ревакцинација со „Астра Зенека“ во земјава по пристигнувањето дополнителни количини, но и согласно препораките на ЕМА


Сите граѓани, кои примија вакцина „Астра Зенека“ во Србија, ќе можат да се ревакцинираат во земјава, по пристигнувањето на дополнителна количина од ова вакцина преку Ковакс механизмот, што според најавите се очекува да се случи до крајот на овој месец, но сепак во однос на вакцинирањето на помладите граѓани ќе се почека официјалниот став на […]

МЦМС: Економските мерки и образованието од граѓаните добиле средна оценка 2,3


Граѓаните и дале средната оценка за економските мерки на Владата (2,3) во што го спроведе МЦМС посветено на актуелната состојбата предизвикана од Ковид-19 кое ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. -Мнозинство од 66,5% ги оцениле мерките со 2 или 3 на скала […]

За 11 лица поведена постапка за злоупотреби при издавањето пасоши


Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави, едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Како што соопштија од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, со пријавите […]

Хоџа: Владата не се откажува од итниот хеликоптерски тим за пребарување и спасување


 По завршување на пандемијата со Ковид – 19 Владата повторно ќе распише јавен оглас за воспоставување на хеликоптерски итен медицински систем, зашто првичниот договор поради долгото траење на пандемијата не беше возможно да се спроведува и беше раскинат, најави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа. -Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа […]

(Во живо) Прес на Стојанче Ангелов од ЦУК


Проследете го во живо пресот на Стојанче Ангелов директор на Центарот за управување со кризи, по смртта на кратовчанецот која пет часа го носеа на носилки низ непроодна планина.

Левичарската партија која е против отворање рудници победи на изборите на Гренланд


Левичарската партија на Гренланд, Инуит Атакатигит која се противи на големиот проект за експлоатација на земјата победи на парламентарни избори. Резултатот од изборите во вторникот фрла сомнеж во рударскиот комплекс во Кванефјелд на југот на арктичкиот остров и испраќа силен сигнал до меѓународните рударски компании кои сакаат да ги искористат огромните неискористени минерални ресурси на […]

МЛД ги објави добитниците на наградата „Трифун Пановски“


 Проф. д-р Јасна Богданска, проф. д-р Елена Трајковска Докиќ, проф. д-р Сашко Јовев, прим. д-р Гордана Кузмановска и прим. д-р Елизабета Зафировска се овогодишни добитници на повелбата „Трифун Пановски“ –  највисока професионална награда, што ја доделува Македонското лекарско друштво (МЛД). Сепак, како што соопшти денеска претседателот на МЛД Горан Димитров, специјалната награда ја добива Македонското […]

Само една приватна клиника најавила можно намалување на цените


    Државата нема формално-правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, со директорите на три клиники веќе е разговарано, но само од една добил одговор дека ќе се обидат да извршат намалување на цената за […]

Хелсиншки комитет бара да се стави крај на профитирството од пандемијата


 По повод Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува денеска, Хелсиншкиот комитет за човекови права ја реафирмира заедничката реакција на стотина организации од ноември 2020, со која се повика на ставање крај на профитерството во време на пандемија. -Со оглед на тоа што посочените барања и препораки не наидоа на одговор од надлежните институции, а во моментов […]

Косово: Наставниците од средните училишта научија како да користат дигитални алатки за иновативно учење


Доброволно, бесплатно, пружање помош, помагање, хуманост – се чини дека по првиот шок од пандемијата Ковид-19 овие зборови станаа сè повеќе употребувани и всушност ја засилија желбата да бидат практикувани и употребувани од многумина. Акцијата преземена од Институтот за студии и политика од Косово* е еден таков пример. Со свои средства и со доброволен придонес […]

Владата нема тајни хонорарци, тврди портпаролот


Нема тајни ниту анонимни хонорарци, ниту тајно ангажирани државни и административни службеници. Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените, истакна денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа. -Податоците за кој временски период и со колкав финансиски надомест тие се ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост. Тоа се […]

Земан: Кој ќе ја одбие вакцината „Спутник В“ е одговорен за умирање на луѓе


Чешкиот претседател, Милош Земан, денеска изјави дека секој оној кој ќе ги отфрли „спутник В“ и другите вакцини, што се нерегистрирани во Европската унија, е одговорен за умрените во пандемијата со Ковид-19, кои досега во Чешка изнесуваат над 27.000. -Секој од нас треба да се обиде да инсистира овде да има што е можно повеќе […]

Нема ограничувања за влез, излез, транзит или престој на македонски државјани во Албанија


 Македонската амбасада во Тирана преку објава на Фејсбук информира дека нема ограничувања за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани кои патуваат во Република Албанија или имаат намера да го користат аеродромот во Тирана. -Албанија нема ограничување за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани на нејзина територија. Единствено ограничување во Република Албанија […]

Велика Британија доби регулатор за дигиталните платформи, како Фејсбук и Гугл


Британската Влада формира регулатор за дигиталните компании, како што се Фејсбук и Гугл, што во првата фаза треба да испита дали преку кодекс на однесување може да се подобри рамнотежата на моќта меѓу дигиталните платформи и медиумските компании. Одделот за дигитални пазари (ДМУ), во рамките на Дирекцијата за заштита на конкуренцијата и пазарот, е формиран […]

Руската шпионажа во Европа – агресивна, видлива и се подобра


Руските разузнавачки служби, одамна крунисани со ореолот на солидни професионалци, значително ја интензивираат својата активност во Европа. Овој тренд, парадоксално, стана видлив преку медиумите  кои покажаа како се користи шпионажата за дипломатски дуели меѓу Москва и Западот.Минатата недела Италија објави протерување на двајца руски официјални лица по апсењето на  офицер на италијанската морнарица при предавањето […]

Приведен гостиварец баран по распишана централна потерница


 Полициски службеници Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги денеска во 11:15 часот на ул.„Шуматоска“ во Гостивар, го лишиле од слобода М.А.(58) од Гостивар, затоа што се барал по распишана централна потерница од МВР, а по Наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради бегство од затвор. МВР соопшти дека гостиварецот бил осуден на четири […]

На инфективните оддели има 1.740 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 81


Вкупно 1740 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 260 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 81 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 698 […]