Продолжува растот на извозот – во јануари и февруари е зголемен за 21,1 отсто, на увозот за 15,1 отсто


Извозот на стоки во првите два месеца од годинава бележи раст од 21,1 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци вредноста на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1.301.104 илјади американски долари. Вредноста на увeзената стока, според објавените податоци, во […]

Во март раст од 2,1 отсто на трошоците на живот и од 2,6 отсто на цените на мало на годишно ниво


Трошоците на живот во март во однос на февруари годинава се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто, додека во однос на март лани бележат зголемување од 2,1 отсто, односно од 2,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со […]

Германскиот буџетски дефицит во 2020 година е најголем во последните 30 години


Буџетскиот дефицит на Германија во пандемиската 2020 година достигна 189,2 милијарди евра и е најголем од обединувањето на германија, а одговара на 5,7 проценти од бруто домашниот производ, покажуваат податоците што денеска ги објави заводот за статистика. Пандемијата однесе повеќе од 77.000 животи во Германија и ја уништи најголемата европска економија, која се покажа поотпорноаод […]

Евростат: Пандемијата го намали животниот век на граѓаните на ЕУ, најмногу во Шпанија и во Бугарија


Во текот на минатата година во Европската унија опадна очекуваниот животен век на граѓаните, бидејќи 27-те земји членки се бореа со ефектите од пандемијата на коронавирусот, соопшти „Катимерини“. Агенцијата за статистика на ЕУ, Еуростат, денеска соопшти дека „од избувнувањето на пандемијата со Ковид-19, на почетокот на минатата година, опадна очекуваното траење на животот во повеќето […]

Стопанските комори на Украина и Северна Македонија потпишаа меморандуми за соработка


На иницијатива на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Стопанската комора на Украина, како и со помош на Советот на извозници и инвеститори при Министерството за надворешни работи на Украина и Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, на 7 април 2021 година се одржа Првиот украинско-македонски онлајн настан посветен на развојот на […]

На американските ресторани поради панедемијата им фали кечап


  САД се соочуваат со недостаток на кечап затоа што поради пандемијата од корона вирус порасна продажбата на тој популарен додаток на храна, пренесе Би-би-си. Heinz, најпознатата марка кечап, соопшти дека до раст на побарувачката дошло поради зајакнатиот тренд на достава или земање храна за надвор. Луѓето со храната нарачуваат повеќе кечап во вреќички кои […]

Фон дер Лајен изненадена од протоколот кај претседателот Ердоган


Белгија – Од Европската Комисија денеска не го коментираат инцидентот за време на посетата на ЕУ челниците, Шарл Мишел и Урусла фон дер Лајен, во Анкара кога претседателката на Европската Комисија (ЕК) доби седиште оддалечено од Ердоган и Мишел, јави дописничката на МИА од Брисел. Видеото е објавено после средбата на претседателката на ЕК Урсула фон […]

Сменет чешкиот министер за здравство, Јан Блатни, бидејќи одбивал употреба на неодобрените руски и кинески вакцини


Чешка – Чешкиот министер за здравство, Јан Блатни, ја напушта владата на барање на претседателот Милош Земан, бидејќи категорично одбивал да се користат вакцини, особено „Спутник В“, се додека не добијат одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА). -Сето време стоев зад ставот да се употребуваат регистрирани вакцини. За мене како лекар е важно да морам […]

Почина поранешниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски


По кратко боледување од корона вирусот, денеска во Скопје, на 60-годишна возраст, почина Марко Зврлевски, поранешен Јавен обвинител на Република Македонија. Зврлевски беше роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование заврши во Скопје, а дипломираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје. Работното искуство го започна […]

Најмладиот пациент со корона во битолската болница е 19-годишна девојка со тешка клиничка слика


За само еден ден во болницата се направени 200 рендген снимки на гради, зашто заболените најмногу се жалат на отежнато дишење   Анета Блажевска БИТОЛА – Битолчанка на 19 години суспектна на ковид со тешка клиничка слика е најмладиот пациент хоспитализиран денеска во Ковид центарот на Клиничката болницата во Битола. Бројот на хоспитализации расте од […]

100 отсто плата за сите заболени работници од Ковид-19: МЗЗПР со иницијатива до Уставен суд


Поголем број граѓани кои кај матичните лекари пријавиле дека се заразиле на работно место се жалат дека лекарските Комисии за боледување овој факт го преправаат како да се заразиле надвор од работно место заради неисплаќање на 100 отсто плата за заболените работници   Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави иницијатива до Уставниот суд […]

Сликовницата „Три мали волчиња“ од грчки преведена на македонски јазик


Во книжарниците на ТРИ пристигна сликовницата за најмалите читатели „Трите мали волчиња“ од Евгениос Тривизас, преведена од грчки јазик од Емилија Мајсторова-Стојановска. Од ТРИ информираат дека со оваа книга ја почнуваат едицијата „Читаме заедно“ – проект што ќе ги запознае читателите, особено најмалите, со книжевните разновидности. – Во оваа сказна, напишана и илустрирана во стилот […]

ЈП Водовод и канализација – Скопје постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на почетокот на овој месец постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ на приземје, каде корисниците имаат можност за преглед на фактурите и наплата на истите со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје како јавно претпријатие во служба на […]

Слабости во работењето на Уставниот суд, утврди Државниот завод за ревизија


Уставниот суд нема донесено програма за работа, не воспоставил внатрешна ревизија, ниту сметководствена евиденција за набавка и издавање материјали, покажува слабости во вршењето на пописот на средства и обврски, а за дел од набавките на стоки и услуги не ги применува одредбите од Законот за јавни набавки. Ова се заклучоците од конечниот ревизорскиот извештај што […]

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на планините на северозапад


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините на северозапад со врнежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, повеќе врнежи ќе има во крајните западни и источни делови. Кон крајот на денот и во […]

Филипче: Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од ЈЗУ


Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи. Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Утрово, посочува министерот, на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација […]

Уште 1.649 заразени во Хрватска, починаа 36 пациенти


Во Хрватска 1.649 нови случаи со корона вирус забележани се денеска, од 9.466 тестирани. Бројот на активни случаи денеска изнесува вкупно 11.361. Од нив 1.750 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 160 пациенти.ѓ Истовремено починаа 36 лица или вкупно од почетокот на пандемијата 6.149.

Шилегов: Градот нема да дозволи тешка индустрија во Железара


  Откако вчера во Општина Гази Баба, на презентацијата на ДУП-от за блок 2,3 и 4 од С 1, дојде до напната ситуација помеѓу презентерите и граѓаните, денска градксиот татко Петре Шилегов вели дека до нив не е стигнато барање за мислење, но нема да дозволат таму да се смести тешка индустрија. Дел од жителите […]

Почина Роберт Мандел, еден од архитектите на еврото


Економистот Роберт Мандел, познат како еден од архитектите на еврото, почина во Италија за време на велигденските празници на 88-годишна возраст, јавија денеска локалните медиуми. Неговата смрт вчера ја потврди канцеларијата на градоначалникот во Монтериџиони, близу Сиена, Италија. Овој град во Тоскана беше едно од живеалиштата на канадскиот научник, кој ја доби Нобеловата награда за економија во […]

МЗЗПР покрена иницијатива пред Уставен суд за Ковид-19 како професионално заболување за сите работници


Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) покрена иницијатива до Уставниот суд за утврдување на уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања, односно признавање на Ковид-19 како професионално заболување со цел секој работник да може да ги оствари своите права при евентуално заболување со вирусот. Здружението бара од Уставниот суд да ја поништи […]