Шилегов: Градот нема да дозволи тешка индустрија во Железара


 

Откако вчера во Општина Гази Баба, на презентацијата на ДУП-от за блок 2,3 и 4 од С 1, дојде до напната ситуација помеѓу презентерите и граѓаните, денска градксиот татко Петре Шилегов вели дека до нив не е стигнато барање за мислење, но нема да дозволат таму да се смести тешка индустрија.

Дел од жителите стравуваат дека со новите ДУП-ови се предвидува тешка загадувачка индустрија во една од најзагадените општини во Скопје.

„Ние сме со став дека во нашиот град дека воопшто не е потребна тешка индустрија, за жал во некои други времиња било одлучено дека Железара треба да биде во срцето на градот“, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали Град Скопје ќе дозволи населбата Железара да се задуши.

„Деталните урбанистички планови кои што беа вчера предмет на јавна расправа во општина Гази Баба, не се доставени до Градот Скопје на мислење. Ние сме со став дека во нашиот град дека воопшто не е потребна тешка индустрија, за жал во некои други времиња било одлучено дека Железара треба да биде во срцето на градот. Од градот нема согласност за било каква тешка индустрија се развие понатаму во рамките на комплексот на Железарница. Меѓутоа ќе го дадеме нашето стручно мислење комисијата на градот, во моментот кога кај нас ќе бидат доставени деталните урбанистички планови. По редот на нештата тоа доаѓа по јавната расправа“, рече Шилегов.

Инаку вчера во општина Гази Баба се одржа јавна презентација на Предлог – Деталниот урбанистички план и покрај забраната од владата за одржување семинари и конференции.

По интензивна расправа од страна на координаторката на Секторот за урбанизам, Благица Блажевска со присутните граѓани и активисти, расправата беше прекината. Загрижени граѓани започнаа и онлајн петиција за спречување на усвојувањето на овие ДУП-ови, каде се наведува дека „согласно ГУП на Град Скопје основната намена е Г-производство, тешка и лесна индустрија. „За да е пострашна приказната, стои во петицијата, во линија над комплексот ф-ка Железара во исто време се води постапка за три урбанистички проекти со намена Е 3.1 – постројки за термички, физичко – хемиски и хемиски третман на неопасен отпад.”(Б.Б.)