Во Босна и Херцеговина повторно расте бројот на заразени, починаа 79 пациенти


 

Во Босна и Херцеговина во средата повторно е забележан раст на дневниот број новозаразени со корона вирус, па регистрирани се повеќе од 1.700 новозаразени, а починаа 79.

Спроведени се нешто повеќе од 4.500 тестирани, а потврдени се 1.742 случаи.

Во вторникот имаше 99 починати од Ковид-19.

Последните бројки покажувата дека ширењето на третиот бран на заразата во БиХ уште не е сопрено, покрај мерките воведени пред три недели.

Покрај тоа, властите во Република Српска одлучија постепено да ги укинуваат мерките, а од денеска работат теретаните и фитнес-клубовите, а од утре ќе може да работат и сте угостителски објекти.

Во повеќето жувапнии во Федерацијата пак, кафулињата и рестораните се затворени, а од Сараево потврдија дека таа мерка ќе биде на сила најмалку до 12 април.

Сепак, во Сараевската жупанија каде беше жариште на короната, бројките од минатата недела постепено паѓаат.

Во последните 24 часа потврдени се 179 нови случаи на зараза, а починаа 10 пациенти.