Косово: Наставниците од средните училишта научија како да користат дигитални алатки за иновативно учење


Доброволно, бесплатно, пружање помош, помагање, хуманост – се чини дека по првиот шок од пандемијата Ковид-19 овие зборови станаа сè повеќе употребувани и всушност ја засилија желбата да бидат практикувани и употребувани од многумина.

Акцијата преземена од Институтот за студии и политика од Косово* е еден таков пример. Со свои средства и со доброволен придонес на академскиот кадар на колеџот „Универзум“, тие спроведоа бесплатни онлајн  обуки за користење технолошки алатки за настава за време на пандемијата за 1.400 средношколци од цело Косово.

„Овие обуки беа извонредно искуство“, вели наставничката во средно училиште Миранда Лушај. „И покрај претходното знаење за различни платформи кои нудат далечинска комуникација и комплементарни можности за работа, оваа обука ни овозможи подлабоко да разбереме колку се големи придобивките од овие платформи. Обуките што помагаат во нашиот професионален развој се секогаш добредојдени, особено кога ги предаваат такви компетентни луѓе“, додава Лушај.

Слично искуство споделува и Ардијана Хусај-Бериша, наставник. Таа вели дека нејзината главна придобивка од овие обуки е учењето како да креира испити во Google Classroom што ѝ овозможуваат електронски да ги процени знаењата и вештините на своите студенти во попрактични области, што инаку не би било невозможно.

„Многу аспекти од нашиот живот се забавени и парализирани како резултат на ширењето на Ковид-19. Додека некои индустрии и аспекти од нашиот живот може да бидат ставени во мирување за одредени периоди на време, образованието не е едно од нив. Ние мора да обезбедиме континуитет на образовниот процес под какви било околности, за да овозможиме збогатување на младите генерации со нови знаења и перспективи, а исто така да им покажеме дека ниту една болест, катастрофа или трагедија не може да го запре протокот на живот и процесот на личен и национален раст и развој“, вели претставник на Институтот за студии и политика.

Обуките се одржуваа преку бесплатни онлајн платформи како Google Meets и Google Scholar. Обуките вклучуваа учење за разни дигитални наставни алатки, креирање и организирање виртуелни часови во Google Classroom, снимање онлајн предавања, планирање учење на далечина, онлајн оценување студенти, креирање Zoom-профили итн. Овие обуки им овозможија на наставниците – линиски вештини за предавање кои ќе бидат многу корисни при соочување со слични и непредвидени ситуации во иднина.

——–                                                                                                                             * Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и е во склад со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на Меѓународниот суд на правдата за прогласувањето независност на Косово 

(Серија текстови „Успешни приказни“ подготвена со помош на проектот ЕУ ТАКСО 3. Медиумски спонзор  „Независен“)