Припадниците на армијата и воено медицинскиот центар се уште работат како дел од јавното здравство


 Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска денеска истакна дека припадниците на армијата и воено медицинскиот центар се уште работат како дел од јавното здравство и присутни се во различни делови, работат со болни лица, работат на епидемиолошки анализи и на поддршка на јавните здравствени установи. – Ние имавме и вонредна и кризна состојба и тие состојби […]

Девет од пријавените 10 конзорциуми се квалификуваа за втората фаза за ХЕЦ Чебрен


На синоќешната седница, Владата  ја разгледа и усвои Информацијата за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) заедно со Извештајот за спроведена евалуација на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 – претквалификација.   Според евалуацијата на валидните пријави, од пријавените 10 кандидати, Комисијата […]

„Мудис“ го зголеми кредитниот рејтинг на Србија


Рејтинг агенцијата „Мудис“ го подобри кредитниот рејтинг на Србија од „Ба3“ во „Ба2“, со стабилна перспектива за натамошно подобрување. Главните фактори кои придонесоа за подобрување на кредитниот рејтинг се отпорноста на српската економија на последиците предизвикани од пандемијата на корона вирусот, стабилното ниво на среднорочен раст, како и очекувањата дека мерките за фискална консолидација на […]

Полјак паднал 192 пати на тестови за возачки


Педесетгодишен маж од Полска паднал на теоретскиот тест за возачки испит 192 пати во текот на 17 години – рекорд за земјата. Во полскиот закон, возачите ученици мора прво да го положат теоретскиот тест пред да им биде дозволено да полагаат практичен тест. Дозволени се неограничени обиди на теоретски тест, со стапка на поминување обично […]

Шекеринска за Ковачки: Ем лажго, ем плачко


Во рамки на презентирањето на новиот реновиран објект во касарната Илинден, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на новинарско прашање одговори и за дисциплинската постапка врзана за офицерот, Драган Ковачки, но и препирките со него кои не стивнуваат. „Да реагирав на Твитер, ќе кажев ем лажго, ем плачко. И навистина е срамно офицер во една Армија […]

Израелец кој го обиколи светот со велосипед, го згази автобус пред сопствената куќа


Авантуристот кој со велосипед го обиколил светот и преживеа пад од планина во Индија, почина откако во близина на неговиот дом во северен Израел бил удрен од автобус. Роеи Садан, познат и по прекарот Јинји, имал 39 години. Од 2007 до 2011 година со велосипед минал низ 42 држави на шест континенти. Автобус го удрил […]

Регистрирани 29 прекршувања на забраната за движење, 544 санкции за неносење маска


Дваесет и девет лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие во периодот од 22:00 до 05:00 часот, а 18 од нив биле на територијата на Скопје, соопшти МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 544 прекршоци. […]

(Видео) Изјава на министерката за одбрана Шекеринска


Проследете ја изјавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која ја посети касарната „Илинден“, каде изврши обиколка на целосно реновираниот објект на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и гарнизонот Скопје. Припадниците на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и на гарнизонот Скопје се сместуваат во комплетно реновиран објект […]

Во Битола почина Коста Хаџиантоновски творецот на Мал Битолски Монмартр


Утрово во Битола, во 86 година од животот почина Коста Хаџиантоновски, раководител на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ и творец на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Богата е професионалната биографија на Хаџиантоновски како познат ликовен педагог, ментор, раководител и организатор на бројни културни манифестации препознатливи во градот, државата и светот. Хаџиантоновски ќе […]

На располагање нови средства за сточарите кои набавиле пчелини матици и чистокрвни свињи во тек на минатата година


Сите сточари кои во период од 1 октоври до 31 декември 2020 година, набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пчелини матици од одобрени одгледувалишта, ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку Мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за Рурален развој. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во […]

Завршницата на Премиер лигата со публика на стадионите


Последните две кола во англискиот шампионат ќе се играат во присуство на публика, со ограничен капацитет на исполнетост на стадионите до максимум 10.000, најави денеска раководството на Премиер лигата. Доколку нема продолжување на рестрикциите поврзани со коронавирусот, кои се во сила во Велика Британија, клубовите ќе можат да ги отворат стадионите за навивачи од 17 […]

Стевановиќ: Кога би се однесувале соодветно од продавница до попис нема да имаме никакви проблеми


Почитувањето на мерките е стожерот во спречувањето на ширењето на коронавирусот, вели директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ, која во интервју за МИА, посочи дека сепак зголемениот број на случаи изминатиот период се должи и на британскиот сој, кој полесно се пренесува. Според неа, одговорноста за зголемување на […]

Регистрирани серија земјотреси во Мавровско, тлото не мирува и во Грција, Хрватска…


Ноќеска и утринава беа регистрирани уште неколку земјотреси во регионот на Маврово со јачина од над два до 3,1 степени, откако синоќа нешто по 22 часот се почувствуваа двата најсилни од 4,7 односно 4,2 степени по Рихтер. Како што покажуваaт податоците на специјализираните апликации за земјотреси, тлото во Мавровско се тресеше и во 23:25 часот, […]

Во британските затвори за една година починале 118 затвореници од Ковид-19


Во британските затвори во текот на изминатата година од последица на коронавирусот починале 118 затвореници, соопшти Министерството за правда. Во соопштението се наведува дека станува збор за периодот од 16 март минатата година до 28 февруари оваа година, а затворениците починале во 54 затвори во Англија и Велс, објави Би Би Си. Од почетокот на […]

Вардарскиот плански регион се спојува со Југоисточниот во заеднички систем за управување со отпад


Вардарскиот плански регион ќе биде вклучен во Југоисточниот плански регион за заеднички регионален систем за управување со отпад, исклучок се општините Велес,Чашка, Лозово и Свети Николе кои ќе бидат приклучени кон Североисточниот и Источниот плански регион. Владата заедно со Министерството за животна средина работи на подготовките за реализација на еден од најзначајните регонални проекти за […]

Прилеп: Архивски досега неоткриени приказни


Како да влегувате во друг свет. Околу вас безброј документи, тапии, фотографии, потврди, преписки. Животот на едно време, историјата на еден народ. Такво е чувството секогаш кога ќе се влезе во Архивот. Прилепскиот, еден од најстарите во земјава, кој лани одбележа 65 години постоење, постојано ја обновува, ја преведува, ја архивира документацијата за животот во овој […]

Вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 надмина 111 илјади, зголемена бројката на приеми во ковид-центрите


Во очекување на стартот на масовната вакцинација на населението во земјава, според вчерашните податоци на Министерството за здравство, во ковид-центрите на територијата на целата држава се лекувале 937 пациенти со Ковид-19, при што имало околу 260 празни болнички кревети. Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот биле регистрирани 868 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната […]

Еврокомисијата појасни зошто Северна Македонија не доби пари од Солидарниот фонд, државата не направила доволно расходи


Откако завчера беше објавено дека земјава нема да добие средства од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Солидарниот фонд на ЕУ, вчера од Европската комисија за МИА појаснија зошто Северна Македонија е единствена земја што не доби парче од колачот на Солидарниот фонд за пандемијата. Од портпаролската служба […]

Во Мексико голем број туристи и покрај пандемијата, плажите полни со капачи


За туризмот 2020 беше катастрофална година. Но, една земја успеа да се искачи на скалата на популарност кога станува збор за туристички посети: Мексико го достигна глобалното трето место според бројот на туристи среде пандемија. Авиони од целиот свет на секои пет минути слетуваат и полетуваат од меѓународниот аеродром во Канкун. И така е од средината на декември. […]

Сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа со слаб дожд, на планините снег


Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.  Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а дневната од 10 до 18 […]