Израелец кој го обиколи светот со велосипед, го згази автобус пред сопствената куќа


Авантуристот кој со велосипед го обиколил светот и преживеа пад од планина во Индија, почина откако во близина на неговиот дом во северен Израел бил удрен од автобус.

Роеи Садан, познат и по прекарот Јинји, имал 39 години. Од 2007 до 2011 година со велосипед минал низ 42 држави на шест континенти. Автобус го удрил во средата во 14.30 часот по локално време, пишува Би-би-си.

По несреќата бил префрлен во болница, каде починал во петокот.

Три години по почетокот на својот пат околу светот, Садан за „Џерусалем пост“ напишал:

„Додека минувам низ континентите, не сум сам. Посетувам израелски амбасади низ светот, држам предавања во училишта и зборувам за Израел. Некои ме нарекуваат ‘амбасадор на тркала'”.

Неговата рута тргнала од Северна Алјаска преку брегот на Северна, Централна и Јужна Америка. После тоа возел велосипед од самиот југ на Африка па до Етиопија, а потоа до Израел.

Следната тура одела преку Европа, потоа Турција, Узбекистан и Таџикистан до Кина. На крајот две недели возел по брегот на Австралија.

Пет години подоцна, во 2015 година, доживеал несреќа на планинарење во Северна Индија. На планината Сток Кангри се лизнал на карпа и паднал неколку стотина метри пониско. Пренесен бил во болница, а откако состојбата му се стабилизирала, бил префрлен на лечење во Израел. По несреќата закрепнал и продолжил да се занимава со велосипедизам.