МЗ: Вакцинираните граѓани да бидат исклучително внимателни, треба да помине време за имунитет


Сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да знаат дека по примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет, информира Министерството за здравство. – Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се […]

Реакција на Царинската управа во врска со бугарските книги задржани на граница


Во врска со пратката од над 1000 книги (920 нови и 250 стари) задржани на границата, каде како примач на донацијата се јавува Културно информационен центар на Република Бугарија во Скопје, Царинската управа на својот профил на Фејсбук објави дека и покрај тоа што царинскиот орган, преку Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, […]

Драги: Некои фармацевтски компании продавале исти вакцини два или три пати


Одредени производители на лекови кои развија вакцини против корона вирусот можеби ветија повеќе отколку што може да испорачаат, ефикасно продавајќи ги истите ограничени дози на различни купувачи, рече италијанскиот премиер Марио Драги. Говорејќи за предлогот на ЕУ да ги прошири овластувањата на блокот за блокирање на извозот на дози на вакцини, Драги им рече на […]

Трет бран во ЕУ: Франција критично, Полска и Белгија воведуваат построги мерки


Франција, погодена од третиот бран зараза од корона вирус, се наоѓа на епидемиолошки „критична“ точка, па денеска дополнително го ограничи движењето, а заострени се и епидемиолошките мерки во Белгија и Полска. Премиерот на Франција, Жан Кастекс рече дека третиот бран не престанува да расте, што Франција ја доведува до „критична“ состојба. Француските власти од денеска […]

Во Ниш турканици, вакцинацијата може да се одолжи до 22 часот, во Белград денеска празно


Во текот на денешниот ден, од отворањето на пунктовите за вакцинација па се до 15 часот вакцинирани се вкупно 1.530 стопанственици од регионот, од кои приближно 900-тини се од Северна Македонија, соопшти Стопанската комора на Македонија. Поради зголемениот број на лица дојдени за вакцинирање пред спортската сала во Ниш, Република Србија, кои не биле пријавени […]

Нови 708 заразени, починаа уште 33 пациенти со ковид-19


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 341, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – […]

Путин ги повика Русите да се вакцинираат против Ковид-19


Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги повика своите сограѓани да се вакцинираат против Ковид-19. – Ако некој сака да се чувствува сигурно, не сака да се разболи и да има тешки последици после болеста, тогаш најдобро е да се вакцинира, наведе Путин. Тој во вторникот се вакцинираше, но не пред камери и не откри […]

Германија, сепак, размислува за строго затворање за Велигден


Поради големиот пораст на бројот на новоинфицирани, многу водечки германски политичари во неделата повикаа на вонреден состанок на федералните и покраинските влади заради воведување построги мерки за Велигден. „Бројките растат брзо и треба да разговараме за тешка блокада за време на Велигден, во понеделник или најдоцна во вторник“, рече премиерот на Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман (Зелените). […]

Турција сака да изгради нов воден пат – Истанбулскиот канал ќе ги поврзува Црното и Мраморното море


Турскиот министер за животна средина и урбан развој Мурат Курум најави одобрување на планот за изградба на Истанбулскиот канал, нов воден пат што ќе ги поврзува Црното и Мраморното море. „Го одобривме планот за изградба на Истанбулскиот канал откако ги испитавме сите барања и приговори. Во овој контекст, ќе преземеме брзи чекори за да осигуриме […]

За недозволено држење оружје скопјанец доби 30 дена притвор


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 47 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје. – Осомничениот на […]

Продолжуваат протестите во Мјанмар


Демонстрациите против хунтата во Мјанмар продолжија и денеска, еден ден откако безбедносните сили убија над сто луѓе. Вчерашниот ден е најкрвав од почетокот на масоввните протести што почнаа на 1 февруари откако беше извршен воен удар и беа уапсени членови на Владата. Протести се организирани низ целата земја, а безбедносните сили во некои места употребија […]

Црни превидувања на германски министер: Стигнува „супер-сој“


  Германскиот министер без ресор Хелгер Браун предупредува на опасноста од „супер0сој“, кој би можел да биде имун на вакцините против корона вирус. Браун, кој е лекар по струка, во интервју за „Билд“ оцени дека Германија во моментот се наоѓа во најопасната фаза од пандемијата. „Сите грижи за жал, се остварија. Третиот бран има потенцијал […]

Тинејџерки обвинети за убиство: Со електрошокер нападнале возач на „Убер“


  Две тинејџерки се обвинети за смрт на возач на „Убер“ оваа недела во Вашингтон, јави локалната полиција, пренесе Си-ен-ен. Мохамед Анвар (66) од Спрингфилд загина во вторникот попладне во близина на Националниот парк, стои во полициското соопштение. Тој работел како возач на „Убер“, стои на страницата GoFundMe која ја постави неговото семејство. „Разочарани сме […]

Во Србија секој трет позитивен, не паѓа бројот ни на починати


  СПоред последните податоци во Србија забележани се 3.889 нови случаи со корона вирус, од 11.442 тестирани. Почина ауште 39 пациенти. Според Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор се 269 пациенти. Инаку, порано денеска соопштено е дека инспекцијата ана Секретаријатот за инспекциски работи во Белград, во синоќешната контрола за почитување на работното време […]

Стигна и втората пратка од руската вакцина Спутник В


На меѓународниот аеродром во Скопје денеска во 14.30 часот стигна втората пратка од руската вакцина Спутник В. Како што информираа од Министерството за здравство, овие вакцини се наменети за ревакцинација на 3.000 здравствени работници. На Меѓународниот аеродромот Скопје утрово пристигнаа и 24.000 вакцини од „АстраЗенека“, произведени во Јужна Кореја, кои се доставени на земјава преку […]

Хрватска со нови 1.321 заразени, почина 21 пациент


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.321 нов случај со корона вирус, а бројот на активни надмина 10.000, односно има точно 10.092. Меѓу нив 1.201 пациент се на болничко лекување, а 121 на репсиратор. Починаа уште 21 лице или вкупно 5.893. Во Хрватска досега се забележани 267.222 заразени, а оздравеа 251.237 лица. До […]

Столтенберг: Кина не е наш непријател, но загрижени сме што многу инвестира во воена опрема


  Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Северноатлантскиот сојуз не ја смета Кина за непријател, но дека е загрижен за големите вложувања на Пекинг во воена опрема. – Северноатлантската алијанса не ја смета Кина за непријател, но секако подемот на таа земја ќе има директна последица за нашата безбедност. Кина инвестира многу во […]

Една недела се трага по Ислам Лумани од селото Крани


Веќе една недела жителите од Преспанскиот регион и полицијата трагаат по 27 годишниот Ислам Лумани од селото Крани, кој исчезнал на 21 март и оттогаш нема никакви информации за него. Покрај семејството на Лумани, апел за помош побара и градоначалникот Живко Гошаревски, кој побара секој што го видел и препознал да пријави во полиција. – […]

Албанските иселеници минатата година во татковината испратиле 673 милиони евра 


Албанија– Минатата година и покрај пандемијата и последиците кои ги предизвика, албанските иселеници не ги заборавиле своите најблиски во родниот крај. Податоците објавени од Централна банка на Албанија потврдуваат дека тие минатата година испратиле 673 милони евра, што е благо намалување од само четири отсто, споредно со претходната година. -Осетно намалување е забележано во второто […]

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 55 пациенти, вкупно се лекуваaт 657 болни, сомнителни и потврдени за Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 657 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството за здравство, на интерните и хируршки клиники имало 27 приеми.   Во ковид […]