Во хеликоптерската несреќа на Алјаска загина најбогатиот жител на Чешка – Петр Келнер


Алјаска– Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа на Алјаска меѓу кои е и еден од најбогатите луѓе во Европа, откако леталото се урна за време на, како што велат властите, хели-ски патување. Меѓу жртвите е и Петр Келнер, најбогатиот жител на Чешка, кој го заработи своето богатство продавајќи канцелариски материјали, а потоа купувајќи удел во […]

Штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија


Германија– Синдикатот Верди повика на штрајк во шест објекти на Амазон во Германија. Предвидено е штрајкот што почна доцна синоќа да продолжи четири дена. Ова е најновиот обид да се принуди американската група за е-трговија да ги признае колективните договори. Штрајк ќе има во Рајнберг, Верн, Кобленц, Лајпциг и на две места во Бад Херсфелд. Верди […]

Здравствената криза во Бразил се влошува, експерти очекуваат половина милион смртни случаи од Ковид-19 до јули


Бразил– Здравствената криза во Бразил се влошува поради рекордно ниво на нови инфекции и смртни случаи, предупредија здравствените. Здравствениот систем на земјата е пред колапс, јавија локалните медиуми. Лекарите пријавуваат просечно 2.400 смртни случаи на ден во изминатите седум дена. Во петокот имаше 3.650 смртни случаи. Претходно, во државата имаше по околу 100.000 новоинфицирани дневно. Експертите […]

Комеморација за Луран Ахмети во Албански театар


Во Албанскиот театар – Скопје денеска ќе се одржи комеморација во чест на животот и делото на актерот Луран Ахмети кој почина минатата недела, на 46 години, по компликации од коронавирусот. Ахмети дипломирал на Факултетот за драмски уметности, а беше еден од најталентираните актери во Албанскиот театар во Скопје, каде играше во голем број претстави. […]

Проштална средба на полковник Зоран Јанкович со претседателот на Собранието Џафери


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе има проштална средба со началникот на Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, полковник Зоран Јанкович. Како што беше на јавено вчера на свеченото одбележување на една година од полноправното членство на С Македонија во НАТО, како 30-та земја сојузник, оваа канцеларија после две декади успешно остварувајќи ја […]

Меркел побара од германските држави да ги засилат напорите поради се поголемиот број инфекции


Германија– Германската канцеларка Ангела Меркел побара од германските сојузни покраини да ги засилат напорите поради се поголемиот број инфекции со коронавирус и ја најави можноста за воведување полициски час за да се обиде да биде под контрола третиот бран. – Имаме сопирачка за итни случаи … за жал, тоа не се почитува насекаде. Се надевам […]

Пристигнаа 24.000 вакцини „АстраЗенека“ и втората пратка на „Спутник В“, в среда стартува вакцинацијата на хронично болните на над 75-годишна возраст


На Меѓународниот аеродромот во Скопје вчера пристигнаа 24.000 вакцини од „АстраЗенека“ од Ковакс механзимот, преку кој до крајот на април се најавени уште 76.000 вакцини од истиот производител, како и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“. Вакцинацијата со вчера пристигнатите вакцини на „АстраЗенека“, произведени во Јужна Кореја, треба да стартува в среда во вакциналните […]

Димитров денеска во Берлин на средба со Рот


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на покана на германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска ќе престојува работна посета на Германија. Покрај Рот, во рамки на престојот на Димитров во Берлин предвидени се средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, Нилс Шмид, портпарол за […]

Изборниот законик и пописот „на маса“ пред Заев и Мицкоски


Премиерот Зоран Заев во четвртокот вечерта соопшти дека ја прифатил понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за нивна тет-а-тет средба, која како што најави ќе се одржи денеска во 13 часот во Клубот на пратеници. – Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. […]

Променливо облачно и топло, до 21 степен


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6, а максималната од 13 до 21 степен. Во Скопје променливо облачно со […]

Први бодови за македонската репрезентација во квалификациите за СП 2022


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје забележа убедлива победа над Лихтенштајн со 5:0. За избраниците на селекторот Игор Ангеловски ова е прва победа и први три бода во квалификациите за Светското првенство следната година во Катар. Стрелци на головите беа Енис Барди, Александар Трајковски (два), Елиф Елмас и Илија Несторовски од пенал. На другите два […]

Пијте го овој напиток пред јадење и ќе јадете двојно помалку: Супер трик да ја измамите гладта


Како да застанете кога е „најслатко“? Како да се потисне апетитот? Кога би имале одговор на ова прашање, многумина не би страдале од прекумерна тежина. Некои советуваат да пиете чаша вода пред оброк, дека така „ќе го наполните“ стомакот, така што нема да можете да се прејадете. Проблемот со овој метод, кој повеќето луѓе се […]

Фејсбук го блокира Мадуро – тврдел дека мајчина душица е лек за Ковид


  Венецуелската влада во неделата го обвини Фејсбук за „дигитален тоталитаризам“ откако го замрзна профилот на претседателот Николас Мадуро на 30 дена поради ширење дезинформации за Ковид-19. Од Фејсбук за Ројтерс велат дека овој викенд избришано е и видео во кое Мадуро го промовира „карвативир“, век од венецуелско производство, за кој тврди, без докази, дека […]

Владата ѝ одговори на Бугарија: „Немаме ништо со анализата на ИФИМЕС“


Владата ја оцени како несоодветна постапката да иде повикан на разговор вршителот на должноста амбасадор на нашата земја во Софија Владимир Крстевски во бугарското МНР за ставови изразени oд трета страна   Македонската Влада вечерва ѝ одговори на официјална Софија изјавувајќи дека ја „оценува како несоодветна постапката да биде повикан на разговор вршителот на должноста […]

(Видео) Вака ќе изгледаат „ковид пасошите“! Европскиот комесар го покажа документот за кој сите зборуваат


Тиери Бретон денеска во интервју за неколку француски медиуми го презентираше „европскиот здравствен сертификат“ за вакцинација против вирусот корона, кој ќе им биде достапен на граѓаните од 15 јуни, но додаде дека нема да биде задолжителен. „Знаеме како ќе изгледа идниот здравствен сертификат, кој ќе биде достапен од 15 јуни. Тоа ќе биде документ со […]

По успешната вакцинација Британија се враќа во живот


  Велика Британија презема уште еден мал чекор кон излез од рестриктивните мерки во време кога со внимание се гледа на новиот бран на вирусот што ја зафаќа Европа. Речиси 30 милиони луѓе, што се 56 отсто од возрасните, досега ја примија првата доза од вакцината во кралството. Бидејќи стапката на вакцинација во Обединетото кралство […]

Во Босна и Херцеговина нови 1.056 заразени, починаа 54


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани се 3.375 лица, а позитивни на корона вирус биле 1.056. Регистрирани се и 54 смртни случаи од последиците на Ковид-19. Во федерацијата има тестирано 2.420 примероци, од кои 775 биле позитивни. Досега во федерацијата се регистрирани 108.320 заболени, 87.221 се излечени, активни се 17.554, а […]

Поведена постапка против 19-годишник за протестите за „Монструм“


Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и […]

Улицата „Лазо Трповски“ во Бутел во следните три дена затворена за сообраќај


Поради изведување градежни работи, улицата „Лазо Трповски“ во Општината Бутел ќе биде затворена за сообраќај од утре до среда, на потегот од кривината со улицата „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата „Бутел“, соопшти Град Скопје. За влез во гробиштата „Бутел“ ќе може да се користи улицата „Александар Урдаревски“. Градот Скопје апелира до сите учесници во […]

Словенија воведува делумен карантин


Словенија– Владата на Словенија денеска ги прифати препораките на епидемиолозите за построги мерки поради зголемениот број на заразени луѓе со Ковид-19. Од 1 до 11 април во Словенија нема да работат неесенцијалните продавници и служби, најголем дел од јавната администрација ќе работи од дома, а користење на годишните одмори е препорачан за државните и приватните […]