ДЗС демантира дека може да се самопопишат лица кои се откажале од македонско дрѓавјанство


Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство. Тоа се дезинформации, објавија од ДСС на официјалниот ФБ профил. – Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По […]

Влада: Лажна вест се информациите дека има некакво вакцинирање на министри


Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата, објави на официјалниот Твитер профилот Портпаролот на Владата. – Ова е лажна вест, објави на Твитер Портпаролот на Владата, споделувајќи […]

Млад битолчанец загина во сообраќајна несреќа


 Битолчанецот А.Б. (34 г.) го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патот Битола – граничен премин Меџитлија. Од СВР-Битола информираат дека несреќниот настан е регистриран кај крстосница од селата Бистрица и Оптичари, кога патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од битолчанецот излетало од коловозот. На пат за Клиничката болница во Битола, возачот починал. По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, […]

Секој четврти мал британски извозник прекинал со извоз во ЕУ во Брегзит


Секој четврти мал британски извозник прекинал со извоз во Европската унија поради бирократија по Брегзит, се нагласува во анализа објавена од Блумберг. Анализата на Federation of Small Businesses нагласува дека напуштањето на ЕУ нанесува штета за економијата која ионака е доволно погодена од пандемијата. Според официјалните податоци, извозот е силно намален откако Лондон се повлече […]

Шпанскиот телекомуникациски гигант „Масмовил Иберком“ сака да го купи „Еускалтел“ за 2,1 милијарда евра


Шпанскиот телекомуникациски гигант Масмовил Иберком (Masmovil Ibercom) предложил 2,1 милијарда евра за да го „добие“ помалиот конкурент Еускалтел (Euskaltel). Евентуалното спојување на двете компании ќе предизвика голем одек на силно конкурентниот телекомуникациски пазар во Шпанија, објави Блуберг. Масмовил Иберком предлага цена од 11,17 евра по акција на Еускалтел, каде тројца најголеми акционери имаат 52 отсто […]

Гутереш: На светот му се заканува должничка криза


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави денеска дека светот се соочува со сериозен проблем на одржливост на долгот на земјите, бидејќи кризата со коронавирусот не е правилно разбрана и разрешена, пишува денеска британскиот весник „Фајненшл тајмс“. – Одговорот на кризата со Ковид-19 и финансиските аспекти на кризата е фрагментиран, а геополитичките поделби не помагаат, […]

Кина произведе над половина од енергијата на јаглен во светот во 2020 година


Кина генерираше 53 отсто од вкупната енергија на јаглен во светот во 2020 година, што е девет процентни поени повеќе од пред пет години, и покрај ветувањата поврзани со климатските промени и изградбата на стотици централи за обновлива енергија. Иако минатата година Кина додаде рекордни 71,7 гигавати енергија од ветерници и 48,2 гигавати сончева енергија, […]

Конкурс за прием на средношколци во јавните ученички домови за 2021/2022


Министерството за образование и наука објави Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година. Со конкурсот се слободни вкупно 2578 места за сместување и исхрана на ученици од средното образование, во 18 домови во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманиово, Крива Паланка, Охрид, Македонски Брод, Кратово, Струмица, Струга, Свети Николе и […]

Српски епидемиолог: Србија е во „црна“ зона


Србија– Српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ изјави дека според бројот на новозаболени на дневна основа, како и процентот на заразени од бројот на тестирани, Србија во моментов е во „црна“ зона. Тој потсети дека со денови, бројот на нови случаи на инфекција е околу 5.000, а процентот на заразени е околу 35 отсто. – Ние сме […]

Во Чешка откриена нова мутација на корона вирусот


Вработени во лабораторијата „Елизабет Фармакон“ во чешкиот град Брно откриле претходно нерегистрирана мутација на корона вирусот. Ова на Твитер го објави шефот на лабораторијата, познатиот чешки епидемиолог Омар Шери. – Тоа е мутација на … карактеристичен протеин што се појавува на површината на вирусот САРС-КоВ-2. За него се насочени вакцините кои се користат денес, изјави […]

Видливоста на Северна Македонија како туристичка дестинација за 2021 година


Како ефикасно да се имплементира безбедносниот печат „Safe travels“ кој ќе биде неопходен за земјава да стане што по видлива како туристичка дестинација оваа година, со оглед на КОВИД пандемијата. Ова ќе биде темата на денешната прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија што ќе се одржи денеска онлајн. Печатите „Safe travels“ се наменети за хотели, […]

Грчкиот министер за туризам во посета на Србија


Србија –  Условите под кои српските граѓани ќе можат да ги поминат своите летни одмори до омилените дестинации на Јонското и Егејското Море, треба да бидат познати по денешната средба на српската министерка за туризам Татјана Матиќ со нејзиниот грчки колега Харис Теохарис во Белград. Директорот на здружението на приватни туристички агенции на Србија, Александар […]

Азески ја предлага д-р Елена Милевска Штрбевска за потпретседател на Стопанската комора на Македонија


Бидејќи на сите ни стана јасно дека без владеење на правото нема никаков економски напредок, таа ќе ги координира сите активности поврзани на тој план во односите на јавниот сектор, вели претседателот на СКСМ, Бранко Азески Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денесе јавно ја предложи д-р Елена Милевска Штрбевска за функцијата потпретседател […]

Се зголемува консензусот дека ЕУ мора да ги избегнува грешките од минатото за буџетот


„Американците се од Марс, а Европејците од Венера “одамна е мантра во стратешките работи. Нормално е да се мисли дека истото важи и за фискалната политика, пишува Мартин Сендбју за Фајненшл тајмс. Американскиот претседател Џо Бајден го протурка својот стимулативен пакет од 1,9 трилиони долари за помалку од два месеца по стапувањето на функција. Спротивно […]

Почина Трајан Петровски, поранешен амбасадор и писател


На 82-годишна возраст синоќа почина Трајан Петровски, поранешен амбасадор на СФРЈ и на Македонија во Египет, Турција, С. Арабија, ОАЕ, Узбекистан, Казахстан, Азербејџан и Киргистан. Тој беше дипломат од кариера, потписник на повеќе билатерални договори за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со други држави. Петровски е автор на многу збирки поезија, романи, а […]

Бектеши ќе информира за повиците од Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи прес-конференција за јавните повици од Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година. Повиците се наменети за поддршка на домашните компании. Програмата за КИП е проектирана на вкупно 68.800.000 денари од кои 50.000.000 се за развој на микро, мали и средни претпријатија, како и […]

Бродот „Ever Given“ е ослободен, нејасно кога ќе биде отворен повторно Суецкиот канал


Египет–Гигантскиот товарен брод „Ever Given“, кој од минатиот вторник го блокираше Суецкиот Канал, е ослободен денеска од спасувачките екипи, соопшти компанијата за поморски услуги Inchcape Shipping. – „Ever Given“ е успешно вратен во соодветна положба изутринава во 04.30 часот и моментно е безбеден, напиша компанијата на својот твитер-налог. Но иако спасувачките екипи успеале да го […]

Вакцинираните против грип се поотпорни на Ковид-19 – зошто?


Вакцинираните од грип заболуваат поретко и не толку тешко од Ковид-19. Дали тоа се должи на однесувањето или на имунолошкиот систем? Дали вакцината против грип штити од Ковид-19? Ако е така, тогаш кои се причините? Овие прашања ги преокупираат медицинарите, а тимот на чело со Ана Колон од Универзитетот Мичиген во студија објавена во Американскиот […]

Путин ги повика Русите да се вакцинираат против коронавирусот


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Русите да се вакцинираат против коронавирусот. Според Путин, кој неодамна беше вакциниран против Ковид-19, вакцинацијата против коронавирусот е неопходна. Неговата изјава беше дадена по бавното темпо на руската кампања за вакцинација. Речиси четири месеци по пуштањето во употреба на руската вакцина Спутник V, само четири милиони Руси примија […]

Се бара кревет повеќе за заболени од Ковид-19 во Париз


Франција– Зголемувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19 наскоро може да го доведе во прашање капацитетот за згрижување пациенти на интензивна нега во болниците во Париз.  Таков апел упатија лекари од таа држава кои нагласуваат дека таквата ситуација може ги доведе да изберат кој пациент ќе го спасат. Таквите предупредувања беа објавени во весникот Журнал ди […]