Д-р Докиќ демантира дека го напишал постот што се поделува во негово име


Деновиве по социјалните мрежи се споделува текст, наводно напишан од д-р Дејан Докиќ, во кој се споредуваат препораки за заштита од Ковид-19, но и се алармира дека системот е пред колапс и нема место во болниците. Денеска, во изјава, д-р Докиќ демантира дека текстот е негов и повикува да престане да се шири. Тој пријавил […]

Од корона почина најславниот креатор на ексЈУ Александар Јоксимовиќ: Ја облекуваше Јованка Броз, а го одби Диор


Србија– Александар Јоксимовиќ, славниот креатор во бивша Југославија почина синоќа во болница во Белград. Ја изгуби битката со корона. Имаше 87 години. Линк до целиот текст на Жена. рс тука

Филипче: Во моментот има 100 слободни кревети за ковид-пациенти


Од утре се става во функција капацитетот во болницата во Козле, каде опремен е еден кат со довод на кислород, рече министерот за здравство Венко Филипче, во денешната изјава. – Има доволно болнички места, нема потреба од паника, но сите треба да придонесеме, додава Филипче. – Во моментот имаме 100 слободни легла. За сите нови […]

В среда започнува имунизацијата – што треба да знаете пред да се вакцинирате?


За три дена над 100 македонски граѓани починаа од Ковид-19. Лекарите апелираат граѓаните да се вакцинираат со првата вакцина што ќе стане достапна За три дена над 100 македонски граѓани починаа како последица на Ковид-19. Бројката на заразени лица секојдневно расте. Болниците се полнат со сѐ помлади пациенти кои имаат тешка клиничка слика. По пристигнувањето […]

Девет лица преправени во одбојкарски тим се обиделе нелегално да излезат од Грција


Со фалсификувани патни исправи, преправени во одбојкарски тим, со исти тренерки и ранци, на атинскиот аеродром биле уапсени девет странски државјани кои сакале нелегално да ја напуштат Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека по направената контрола, било констатирано дека лицата не се членови на спортска екипа, а целта била […]

Принцот Карл Филип ја објави првата фотографија од својот трет син


Шведска– Шведската принцеза Софија и принцот Карл Филип ја објавија првата фотографија од нивниот новороден син, неколку часа по објавувањето на неговото име. Семејството ја објави фотографијата на Инстаграм. Се работи за нивниот трет син, шведскиот принц Јулијан Херберт Фолке, војводата на Халанд. Бебето е родено во петокот, 26 март, во болница близу Стокхолм. Двојката претходно […]

Објавени три јавни повици за субвенции за микро и мали компании, жени претприемачи и занаетчии


Министерството за економија објави три јавни повици во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година наменети за поддршка на домашните компании. Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии, информираше денеска на прес конференција министерот […]

Бугарска „корона“


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Уште седум дена треба да издржат граѓаните во Македонија. В недела ќе се одржат изборите во Бугарија и ќе заврши политичката тортура, што е понапорна од короната и е невидена во денешно време во Европа од земја членка на Европската унија   За да ги спасат фотелјите, функционерите од бугарската владејачката партија ГЕРБ […]

Поевтинуваат бензините и дизелот


Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 денар/литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното […]

Една година доцниме со „Safe travels“, потребна е и засилена дипломатска активност како гаранција дека сме безбедна туристичка дестинација


Земјава доцни една година со имплементација на печатите „Safe travels“ кои се вид потврда дека нашите туристички капацитети и државата како дестинација се безбедни за посета и престој. Според Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Северна Македонија, имаме уште максимум два месеца да го спроведеме целиот процес кој подразбира, пред се, носење […]

Нерегистриран угостителски објект во липковско Опае, работел и не ги почитувал протоколите


Нерегистриран угостителски објект во липковско Опае работел и не ги почитувал протоколите, соопшти денеска СВР Куманово. -На 26 март 2021 година после 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект во село Опае, општина Липково, при што било констатирано дека објектот, кој не бил регистриран, работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и не се почитувале протоколите за отворање, соопшти […]

Корона вирусот ги одложи судењата за „Ласкарци“ и „Тортура“


Основниот кривичен суд Скопје, ги известува медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи за предметите со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај села Ласкарци и предметот со К.бр 1959/17 во јавноста познат како „Тортура“, дека расправите насрочени за 30.03.2021 год. ( с.Ласкарци) и 02.04.2021 год. ( „Тортуа“) се одлагаат. – Предметот К.бр. […]

Несторовски откако опцу во камера, нема да игра на мечот со Германија


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, одлучи да не го стави во составот Илија Несторовски, кој синоќа по постигнувањето на голот против Лихтенштајн се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови. – Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да […]

Француска фармацевтска компанија осудена за лек за слабеење што се смета за одговорен за стотици смртни случаи


Фармацевтската група Сервиер е осудена на парична казна од 2,7 милиони евра, а Агенцијата за лекови на казна од 303.000 евра по судењето за скандалот со лекот „Медијатор“. Жан-Филип Сета, поранешниот втор човек на лабораториите Сервиер беше осуден на четири години условна казна затвор. Паричната казна од 2,7 милиони евра за лабараториите Сервиер е поради […]

Заев: Очекувам да најдеме заеднички решенија за непречено спроведување на пописот


 Очекувам да најдеме заеднички решенија за пописот да се спроведе непречено, со целосна заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите и истиот да го поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, изјави за МИА премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на денешната лидерска средба со претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски, која ќе се одржи […]

До петок променливо облачно време со пораст на температурите, за викендот врнежливо


Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд и со сончеви периоди особено во среда и четврток. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој кон средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и […]

Регионот на Париз лани „покус“ за 15,5 милијарди евра поради корона кризата


Здравствената криза го лиши Париз и неговиот регион од 15,5 милијарди евра приходи минатата година поради „историскиот пад на посетеноста“ на странските туристи, јави дописникот на МИА. Се до кризата парискиот регион и Париз беа навикнати на рекордна посетеност,но главниот град на Франција прими околу 33,1 милиони туристи помалку во 2020 година во споредба со […]

Закажана, па откажана средбата на Груби со секретарите на партиите на Албанците во врска со пописот


Демократската унија за интеграција изутринава најави средба на секретарот на ДУИ Артан Груби со секретарите на политичките партии на Албанците во земјава во врска со претстојниот попис. Но, само еден час подоцна од ДУИ информираа дека средбата се откажува поради, како што соопштија, непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии – Алијанса за […]

Ангеловска-Бежоска на Kонференција на белгиската централна банка: Висок степен на усогласеност на домашната регулатива со европската


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше и имаше излагање на Конференција на високо ниво на централната банка на Белгија, каде што свои излагања имаа и европскиот комесар за правда, Дидje Рејндерс, претставникот на ММФ, Вaутер Босу и гувернерите на централните банки на Хрватска и Молдавија. На Конференцијата, како што соопштија од НБРСМ, се разгледуваа […]