Во Србија секој трет позитивен, не паѓа бројот ни на починати


 

СПоред последните податоци во Србија забележани се 3.889 нови случаи со корона вирус, од 11.442 тестирани.

Почина ауште 39 пациенти.

Според Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор се 269 пациенти.

Инаку, порано денеска соопштено е дека инспекцијата ана Секретаријатот за инспекциски работи во Белград, во синоќешната контрола за почитување на работното време во еден локал затекнала повеќе од 100 луше, иако на сила се мерки за забрана за работа на угостителските објекти. Со асистенција на интервентната единица на МВР, инспекторите влегле во локалот, напишале прекршочна пријава и наложиле затворање на локалот.

Покрај тоа, полицијата растера и студенти во Студентскиот град, каде по пријава на граѓани затекнале журка со гласна музика и бука со кршење на епидемиолошките мерки.