Во прекин сообраќајот Велес-Градско поради голем одрон


Од 04:35 часот поради голем одрон во близина на поранешна фабрика Хив сообраќајот на патниот правес Велес – Градско е во прекин. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе […]

Истражување: За повеќето Американци, Кина е непријател


САД – Истражување спроведено од американска агенција покажа дека Американците имаат негативно мислење за Кина, а повеќето испитаници ја сметаат Кина за непријател или конкурент. Резултатите од истражувањето кое ги објави Центарот за истражување Пју (Pew) покажуваат дека 9 од 10 американски граѓани ја гледаат Кина како закана од САД. Процентот на оние кои сметаат дека ограничувањето на […]

На Трамп ќе му биде дозволен каналот на ЈуТјуб кога ќе се намали ризикот од насилство


САД – ЈуТјуб каналот на Доналд Трамп, суспендиран на 12 јануари, ќе биде повторно дозволен кога ќе биде намален ризикот од насилство, изјави синоќа шефицата на видео сервисот на Гугл, Сузан Војчицки. Поранешниот американски претседател Трамп беше отстранет од интернет платформите по нападот врз Конгресот на 6 јануари од неговите приврзаници. Трамп има доживотна забрана од […]

Концертна изведба на „Шехерезада“ од Корсаков во НОБ


Оркестарот на Националната опера и балет вечер од 20 часот концертно ќе го изведе балетот „Шехерезада“ на Николај Римски Корсаков, под диригентство на Бисера Чадловска. – Оркестарот на еден поинаков начин ќе ја преточи оваа безвременска бајка, преку прекрасната музика која води во светот на ориентот, соопшти НОБ. Настанот ќе се одржи со почитување на […]

Барби стана прва дама: Кукла со ликот на Елеонор Рузвелт во пресрет на Меѓународниот ден на жената


САД-Месецот на историја на жените започна оваа недела, а производителот на играчки Мател, од своја страна, се впушти во најава: пушти во продажба кукла со ликот на првта дама  Еленор Рузвелт Барби, како дел од нејзината серија Инспиративни жени, која претходно масовно ги произведуваше верзиите на Били Џин Кинг Сали Рид, Сузан Б. Ентони, Маја […]

ПЕЦ: Во светот од последици од Ковид-19 починаа 840 новинари


Швајцарија – Изминатата година во 68 земји во светот од пооследици од Ковид-19 починаа 840 новинари, соопшти швјцарската невладина организација „Прес емблем кампањ“ (Press Emblem Campaign). Во соопштението на ПЕЦ се истакнува дека тоа е најголем број на починати медиумски работници од крајот на Втора светска војна. Во 2020 година секој ден по двајца новинари биле […]

По усвоeната Концепција за осново образование, следува изработка на нови наставни програми


По усвојувањето на Концепцијата за основно образование на седница на Владата во вторникот, следна фаза е да се изработат наставни програми за прво и за четврто одделение во кои од наредната учебна 2021/2022 година треба да почне нејзината постепена имплементација. Министерката за образование и наука Мила Царовска пред десетина дена соопшти дека МОН наскоро ќе објави […]

Стартува кампањата за пописот: „Тука живеам, одлучувам, постојам“, ДЗС демантира дека има проблеми со апликацијата за самопопишување


Под слоганот „Тука живеам, одлучувам, постојам“ почнува кампањата за пописот во државава, што го спроведува Државниот завод за статистика, а ќе ги опфати сите заедници во државата. Во меѓу време, продолжува онлајн самопопишувањето на нашинците од странство преку соодветната апликација, на која до вчера до 8 часот се попишале 22.253 лица. Кампањата „Тука живеам, одлучувам, […]

Стефоска за „Скопје 2014“: Дијагнозите се поставени, акцијата е на ред


Охрид мора да биде приоритет и стратешка цел на сите и да постои консензус, без оглед кој е на власт, смета министерката за култура Ирена Стефоска, според која ќе биде поразително за неа ако во нејзиниот мандат и како охриѓанка по потекло, Охрид и Охридскиот Регион бидат ставени на Листата на наследство во опасност на […]

Сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува


Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2, а дневната од 13 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до […]

Трет, уште посилен земјотрес го погоди Нов Зеланд


Земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтерова скала е регистриран денеска во близина на брегот на Нов Зеланд, соопшти Американската служба за геолошки истражувања. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров. Веднаш по потресот е издадено предупредување за опасност од цунами и започнала евакуација на дел […]

Ќучук: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ


 Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, информира европратеникот и известувач за земјава Илхан Ќучук. Во изјава на Бугарското национално радио (БНР), Ќучук нагласи дека документите биле усвоени откако попладнево бил постигнат компромис околу Извештајот за земјава. Според Ќучук, во Извештајот […]

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението


 Во текот на овој месец сигурно ќе почне имунизацијата на населението, заради тоа што очекуваме, според најавите, една одредена количина преку Ковакс системот и ги очекуваме руските вакцини, имаме иницијална најава од денешните состаноци, дека тоа може да се случи викендов веќе в недела, но повторно ќе кажам сега имаме искуство, сите земји имаат искуство, […]

Фрчкоски, наводно, не добил агреман да биде амбасадор во САД


Според некои дипломатски извори, Љубомир Фрчкоски, кој треба да биде новиот амбасадор на Македонија во Вашингтон, наводно, не добил агреман од домаќинот – САД. Порталот „Мкд“ тврди дека оваа информација му била потврдена од високи дипломатски извори. „Независен“ не можеше да потврди дали оваа информација е вистинита или не. „Независен“ прв ја објави веста за […]

Италија заради коронакризата ги одложува локалните и регионални избори


Поради пандемијата на коронавирусот Италија ги одложи локалните и регионалните избори, што требаше да се оддржат до крајот на пролетта,  соопштија денеска владини извори, во време на зголемен број на нови инфекции со новиот вирус. Британските медиуми наведуваат дека изборите за градоначалници во поголемите италијански градови, како Рим, Милано, Торино и Неапол се одложени за […]

Амазон во Лондон го отвора првиот супермаркет надвор од САД, без касиери и чекање на ред  


Американскиот гигант за онлајн малопродажба, Амазон, денеска во Лондон го отвори својот прв супермаркет надвор од САД, како прв чекор во својот план за глобално ширење со физички продавници.  Според компанијата, синџирот подавници во Велика Брианија се нарекува „Амазон фреш“ и ќе користи автоматски каси за наплата без касиери и без чекање на ред.  Отварањето […]

Најмалку 14 лица загинаа при лизгање на земјиште во Авганистан


Најмалку 14 лица загинаа, а најмалку четворица се повредени при лизгање на земјиштето во североисточниот дел на Авганистан, соопштија денеска локалните власти. Според надлежните органи, жртвите биле работници во рудник за злато, објави ДПА. – Одронот на снег и кал се урна во планинската провинција Бадакшан, во областа контролирана од милитантните исламистички талибанци, изјави портпарол […]

Народната банка продолжува со развој на статистиката на финансиските сметки


Народната банка продолжува со развојот на статистиката на финансиските сметки, согласно со заложбите за усогласување со највисоките меѓународни и статистички стандарди на Европската Унија. Од централната банка денеска посочија дека твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во ЕСЦБ“ придонесува за збогатување на сетот податоци со коишто располагаат и […]

Италија: Владата на Драги ја однесе првата жртва – оставка на лидерот на социјалдемократите


Во Италија, шефот на социјалдемократската Демократска партија (ПД), Никола Зингарети, објави оставка од функцијата претседател. Како причина, 55-годишникот ги наведе во изјавата на Фејсбук внатрешните борби за моќ и кавги, кои сакал да ги заврши со неговиот потег. Прес-канцеларијата на ПД во Рим ја потврди објавата. Партијата на Зингарети е една од поголемите сили во […]

Нов Зеланд и Грција не престануваат да се тресат, земјотреси со јачина од 6 односно 7 степени


  Грција и Нов Зеланд не престануваат да ги тресат земјотреси. По силниот земјотрес денеска порано на Нов Зеланд, чија јачина се проценува на околу 7 степени, попладнево се случи уште еден со јачина од 7,4 степени според Ритер, јавуваат светските медиуми. Епицентарот овојпат, бил посеверно во океанот, кај островите Кермадек. #Gisborne #NewZealand According to […]