Амазон во Лондон го отвора првиот супермаркет надвор од САД, без касиери и чекање на ред  


Американскиот гигант за онлајн малопродажба, Амазон, денеска во Лондон го отвори својот прв супермаркет надвор од САД, како прв чекор во својот план за глобално ширење со физички продавници. 

Според компанијата, синџирот подавници во Велика Брианија се нарекува „Амазон фреш“ и ќе користи автоматски каси за наплата без касиери и без чекање на ред. 

Отварањето на продавници надвор од САД укажува на намерата на гигантот да продава храна глобално, и се води од уверувањето дека физичките продавници се клучни за зголемен профит поради зголемената продажба на прехранбени намирници, категорија во која Амазон се уште не е доминантен играч. 

Во САД, компанијата влезе во овој сегмент од пазарот со купување на синџирот супермаркети „Хоул фудс“ во 2017 година, потоа отвори дваесеттина продавници „Амазон гоу“, со автоматски каси без касиери, две со огромна површина во Сиетл,  и уште десет „Амазон фреш“ супемаркети во Калифорнија и Илиноис.  

„Амазон гоу“ и „Амазон фреш“ работат на тој начин што купувачите треба да скенираат апликација на своите мобилни телефони за да поминат преку портата на продавницата. Камери на таваниците и сензори за тежина одредуваат што купувачите ставаат во своите кошнички или враќаат назад на полиците. Кога купувачот ја напушта продавницата со намирниците, тие се наплаќаат автоматски со кредитна картичка ставена во апликацијата.   

Има локации кои се помали од супемаркети, а каде се продава зготвена храна, помалку намирници и електронски уреди на Амазаон. Тие локации нудат и тезги за подигање и враќање онлајн нарачки.