Спасовски направи увид на реконструкцијата на СВР Куманово


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во рамки на работните активности изврши увид во градежните активности кои се спроведуваат во објектот на СВР Куманово. МВР го реконструира објектот кој ќе добие променета кровната конструкција, енергетски ефикасна фасада, нови прозорци, врати, санирани јазли, реконструкција на подови, на внатрешноста на објектот, променета водоводна, канализациска, електрична мрежа. […]

Истражување: Луѓето сè повеќе им веруваат на вакцините


Довербата во вакцините против корона вирус во светот расте и сè повеќе луѓе се подготвени да ги примат, додека истовремено се намалува стравот од нуспојави, покажа истражувањето спроведено во 14 земји, чии резултати се објавни денеска. Истражувањето, кое го спроведоа Институтот за глобални здравствени иновации при Империјал колеџот во Лондон и компанијата YouGov, покажа дека […]

Османи: Никогаш не сме кажале дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор


Министерството за надворешни работи во ниту еден момент не кажа дека Љубомир Фрчкоски е кандидат за амбасадор, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи во синоќешното гостување на ТВ21. – Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или дека е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори, […]

Молдавија доби вакцини од Ковакс


 Молдавија е првата европска земја што доби вакцини против корона вирус од глобалната програма Ковакс, соопшти денеска претседателката на земјата Маја Санду. Таа на Твитер напиша дека синоќа во Молдавија пристигна првата транша од 14.000 дози вакцини. Во Молдавија имунизацијата почна пред три дена со вакцините на АстраЗенека кои и ги подари Романија

Папата Франциско во историска посета на Ирак


Папата Франциско денеска од аеродромот во Рим замина во историска посета на Ирак. Тој ќе апелира до христијаните во Ирак, кои сè помалку ги има во таа земја, да останат и да помогнат во обновата по долгогодишна војна и прогонства. Во центарот на Багдад се поставени билборди со ликот на папата за добредојде на поглаварот […]

Спасовски: Се води истрага во ЈО за Мијалков, детали за јавноста кога ќе има законска можност


Целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство,  сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, да прибавиме докази итн, ги пријавуваме и ги доставуваме до Јавното обивнителство, изјави денеска министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во врска со случајот на Сашо Мијалков. – Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста […]

Американски сенaтори ја предупредија Бугарија дека ги напушта демократските вредности


      Американски сенатори ја повикаа Бугарија да ги почитува демократските вредности и владеењето на правото додека се подготвува за парламентарни избори во следниот месец. Тие предупредуваат дека моменталната состојба во нејзините внатрешни работи претставува „сериозен предизвик“ за билатералните односи. Во изјавата издадена вчера – еден ден пред официјално да започне кампањата за бугарските […]

ВМРО-ДПМНЕ се надмина во примитивизмот: Фрчковски бил женомрзец, атентатор и лустриран кодош


ВМРО-ДПМНЕ се надмина денес во омилениот „спорт“, девалвација на луѓе, овојпат околу шпекулацијата дека Љубомир Фрчкоски е одбиен како предлог за амбасадор од САД.   -Државава ја тресе нов скандал, вратен е  предлогот за Љубомир Фрчковски за амбасадор во САД поради тепање на жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош. Заев со нов скандал за […]

Ноќеска пукање во Топаанско поле, убиени две лица


Две лица се убиени рано утринава, околу 03:00 часот на ул. Македонско-косовска бригада во скопската населба Топанско Поле во Скопје. Од МВР го потврдија случајот. „На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – Косовска бригада“ се слушнало пукање. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, […]

Во Швајцарија референдум за забрана на бурките


Швајцарците во недела ќе гласаат на рефендум за забрана за покривање лица на јавни места, таканаречена „забрана за бурка, никаб и други форми на покривање на лицето во јавност“. Иницијативата, покрената од десниот политички табор, доби поддршка и од левиот центар, поради што се очекува мнозинството Швајцарци да ја поддржат забраната за носење бурка и […]

Нормализиран сообраќајот на патот Велес-Градско


Од 07:30 часот сообраќајот на патниот правец Велес – Градско е нормализиран. Претходно, како што соопшти АМСМ, од 04:35 часот поради голем одрон во близина на поранешна фабрика Хив сообраќајот на патниот правес Велес – Градско беше во прекин. 

Поштарите носат изводи на домашна адреса


Националната Пошта воведе нова услуга за достава на изводите од матичната евиденција на домашна адреса на граѓаните. -Пошта ги доставува изводите од матична евиденција на адреса на секој заинтересиран граѓанин низ целата држава. Избегнете ги гужвите во сообраќајот, турканиците пред шалтерите и не се изложувајте на ризик од Ковид-19!, објави Пошта. Постапката се одвива во […]

Протест на грчките камионџии на граничниот премин Евзони


 Воведување временско ограничување за влез на камиони од Евзони, меѓу 7 и 19 часот, како и целосниот недостаток на организација во процесот на спроведување на брзите тестови од екипите на Националната организација за јавно здравје на Грција, на сите што влегуваат во земјата, предизвика „хаос“ и огромни доцнења, а редиците на камиони кои чекаат достигнува […]

Хант: ЕК да ја преиспита одлуката за блокада на извоз на вакцини во Австралија


Официјална Канбера побара од Европска Комисија да ја преиспита одлуката со која е блокиран извозот на вакцини против Ковид-19 на АстраЗенека во Австралија. ЕК и Италија вчера ја блокираа испораката на околу 250.000 дози вакцина на АстраЗенека на Австралија откако производителот не ги исполни обврските од договорот со ЕУ. – Австралија го покрена прашањето со […]

Се дополнува актерската екипа на најскапиот филм на Нетфликс


САД – Ѕвездата на хит-серијата „Бриџертон“, Англичанецот Реге-Жан Пејџ ѝ се приклучи на екипата на филмот „Сивиот човек“, којшто се очекува да биде најскапиот филм, кога било досега, на стрим-платформата Нетфликс, со буџет од 200 милиони долари. Пејџ ќе се појави заедно со Рајан Гослинг и Крис Еванс. Сè уште не е познато каква улога […]

Бугарската Влада за увоз на руската вакцина „Спутник V“ ќе се консултира со ЕК


Бугарија – Бугарската Влада ќе се консултира со Европска Комисија за увоз на руската вакцината против Ковид-19 „Спутник V“, јави дописникот на МИА од Софија. Таквата одлука уследи откако опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) и понуди на Владата во Софија да почне итни разговори за увоз на руската вакцина, но проектот беше одбиен како спротивен на […]

Од финансиски причини затворен културниот центар во Кино Култура : Идејата како простор на слобода, продолжува понатаму


Одиме понатаму и ќе целиме, ќе заговараме, и ќе се бориме да создадеме достоен простор, институција за современи изведувачки уметности, сè со надеж дека јавноста и политиката еден ден ќе препознаат дека нашиот идентитет е пред сè културата, се вели во писмото од управата на културниот центар во Кино Култура и бројни поддржувачи на просторот, со […]

Ишингер: За „Северен поток 2“ топката мора да биде на половината на Русија


Новиот претседател на САД, Џо Бајден и другите говорници минатиот петок на Минхенската безбедносна конференција, што се одржа во посебен формат оваа година, јасно ставија до знаење дека се подготвени да ги обноват трансатлантските односи. Сите тие најавија нови односи во трансатлантското партнерство, како и одлучност за заеднички одговор на глобалните предизвици како што се […]

За месецов најавен старт на имунизацијата на населението, се очекуваат вакцини од повеќе производители


Месецов во земјава ќе пристигнат вакцините од „Фајзер“, со што според министерот за здравство Венко Филипче, ќе започне и имунизацијата на населението против коронавирусот. Најавата за стартот на имунизацијата доаѓа во услови кога минатата недела во земјава се бележи раст на бројот на новозаразени лица со Ковид-19 за 56,4 отсто и кога капацитетот на Инфективната […]