Спасовски: Се води истрага во ЈО за Мијалков, детали за јавноста кога ќе има законска можност


Целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство,  сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, да прибавиме докази итн, ги пријавуваме и ги доставуваме до Јавното обивнителство, изјави денеска министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во врска со случајот на Сашо Мијалков.

– Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста овие детали, сигурно дека тоа ќе биде направено, одговори на новинарско прашање до каде е постапката со Мијалков, министерот Спасовски, кој утрово е во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово и на увид во градежните активности на објектот.