Д-р Докиќ: Маски треба да носат и вакцинираните


Пулмологот д-р Дејан Докиќ, во вестите на Сител, објаснуваше зошто и вакцинираните треба да носат маски. Тој верува дека маски ќе се носат и понатаму, а препорачува замена за нив како шалови и марами. – Дел од пациентите кои се вакцинирани ќе го имаат вирусот, но тие ќе се изборат со него, а дел кои […]

Саудиски принц купува француски фудбалски клуб 


Саудиска Арабија– Саудискиот принц Абдула бин Салман бин Абдулазис Ал Сауд, кој е сопственик на англискиот премиерлигаш Шефилд јунајтед, потврди денеска дека ќе го преземе управувањето со францускиот фудбалски второлигаш Шатеру. Ал Сауд истакна дека му дал одобрување на директорот на својата компанија „Јунајтед Ворлд“ да склучи купопродажен договор со раководството на Шатеру, додавајќи оти […]

Букурешт повторно ги затвори кафулињата, а ги отвори пред една недела


Откако констатира дека во градот има повеќе од троца заразени на 100 жители Одборот за вонредни состојби во Букурешт од утре на полноќ прогласи забрана за работа на рестораните и кафулињата во затворен простор и забрана за изнајмување сметување. Според одлуката на одборот, дозволено е да се подготвуваат, продаваат и консумираат храна и алкохолни и […]

Француската Влада сака да ја забрза вакцинацијата против Ковид-19


 Викендов француската Влада ја забрза кампањата за вакцинација против Ковид-19, што претставува мала победа во долгата трка со времето против епидемијата. Речиси 135.000 дози дополнителни вакцини се испратени до дваесетината најпогодени департмани од пандемијата, каде што се отворени и нови центри за вакцинација, јави дописникот на МИА. За министерот за здравство, Оливие Веран, дел од […]

Заев најавува кадровски промени во СДСМ


  Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, најави кадровски промени во раководството што ќе следат по изборите за претседател на партијата, на кои кандидиран е само тој. Заев вели дека за првпат ќе има внатрепартиски избори на кои секој член ќе може да гласа за нов претседател на СДСМ, и, според Заев, тоа е врвна […]

Германски „Континентал аутомотив“ отвори фабрика во Нови Сад, Вучиќ се заблагодари на Меркел


Германската компанија „Континентал аутомотив“ отвори денес во Нови Сад фабрика за автомобилска електроника, во која за почеток се предвидуваат 500 вработувања, јави Танјуг. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека центарот за развој на „Континентал“ во Нови Сад е трет по број на луѓе и дека е пред Австрија и Франција.  „Германските фабрики секогаш носеле […]

Нови 333 случаи на корона вирус, починаа 10 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на Kовид-19. Тоа значи дека има намалување во процентот на позитивни случаи од тестираните во однос на последните денови – 14,7 отсто. По градови: во Скопје – 182, Кавадарци […]

Славниот композитор Сања Илиќ почина на 70 години од коронавирус


Србија– Александар Сања Илиќ, композитор, музичар и основачот на групата Балканика, почина денес од последици од коронавирусот, откако некое време беше на респиратор, јавија српските медиуми. Сања Илиќ почина во 70. година од животот. Роден е во Белрад во 1951 година. Негов татко е композиторот Миодраг Илиќ Бели, а брат композиторот Драган Илиќ од Генерација […]

Нема контраиндикации од „Спутник В“, само препорака за претпазливост кај трудници и доилки


Во упатството на „Спутник В“ има препорака за претпазливост само кај трудници и доилки. Не е наведена никаква друга контраиндикација, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче по пристигнувањето на првата пратка од руските вакцини, вкупно 3.000, на Скопскиот аеродром. Филипче повтори дека согласно националниот план, први вакцина ќе примат најстарите граѓани со хронични болести […]

(Видео) Саудиската коалиција од воздух нападна позиции на проиранските Хути во Јемен


Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска изведе воздушни напади врз главниот град на Јемен, Сана, и потврди дека соборила неколку вооружени беспилотни летала испратени од бунтовниците Хути кон цели во Саудиска Арабија, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на сведоци и жители на Сана. Watch: The Arab Coalition carries out airstrikes against the Houthi militia in […]

Во Србија повеќе од 3.000 новозаразени, починаа 20 лица


  Според последните информации во Србија се регистирани 3.042 новозаразени, а починаа уште 20 пациенти со Ковид-19. Во последните 24 часа тестирани се 10.343 примероци, а вкупно од почетокот на епидемијата 3.041.684. Во болница се лекуваат 4.199 пациенти, додека 171 се на респиратор. Стапката на смртност е 0.94 отсто. До сега во Србија, дадени се […]

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна


Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника, е стабилна, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. „Според моето стручно мислење, а според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна“, рече Филипче. Мицкоски минатата недела објави дека е позитивен на Ковид-19, а вчера одговарајќи му на својот […]

Рама: Обезбедувањето вакцини е сон поради кој не можам да спијам


Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Лежа порача дека само прашање на ден е отпочнувањето на масовната вакцинација на населението против Ковид-19, со што, како го оцени ќе биде спасен туризмот и ќе биде голема помош за бизнисот. Вакцината, нагласи тој, е единствената алатка, единствената „секира“ што ќе го прекине синџирот на инфекција. -Ако извршиме […]

Баздникин нема да се вакцинира со „Спутник В“од првата пратка


Амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин нема да се вакцинира со вакцина од првата пратка „Спутник В“ што денеска пристигна на Скопскиот аеродром. Тој очекува, како што рече, друга пратка „Спутник В“ наменета за Амбасадата. -Ќе се вакцинирам штом ќе се појави можност. Овие вакцини се наменети за македонските граѓани. Јас се надевам […]

Пристигнаа 3.000 вакцини „Спутник В“


На Скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка вакцини од рускиот производител „Спутник В“. Ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин. Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на – 18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат […]

Нова Каледонија во карантин поради првите случаи на Ковид-19


Властите на француската прекуморска територија Нова Каледонија воведоа карантин, кој ќе трае најмалку две недели, откако денеска беа потврдени првите девет лица инфицирани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Премиерот на Нова Каледонија, Тјери Санта изјави дека постои голем ризик вирусот да почне да циркулира на архипелагот во Пацификот. Границите на територијата се речиси целосно […]

Велосипедист смртно настрада во несреќа кај Охрид


Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на стариот магистрален пет Охрид – Струга. Според информациите од СВР – Охрид, до несреќата што се случила во близина на автобуската постојка дошло кога во велисипедист удрило патничко моторно возило. Притоа смртно настрадал велосипедистот. Во тек е увид на местото што треба […]

До сега се попишале вкупно 32.752 лица од дијаспората


Во текот на првата седмица од најголемата статистичка операција попишани се вкупно 32.752 лица од дијаспората, информира Државниот завод за статистика (ДЗС). ДЗС појаснува дека секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Како што посочија во соопштение, проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат […]

Бесими: Јавниот долг во функција на економскиот раст


Министерот за финансии Фатмир Бесими во авторски текст пишува за еврообврзницата во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка Неделава Република Северна Македонија  излезе на меѓународниот пазар на капитал и ја издаде осмата еврообврзница. Оваа аукција беше вистински успех за нас, бидејќи покажа дека меѓународните инвеститори имаат голема доверба […]

Во ковид-центрите во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти


Во изминатите 24 часа  во ковид-центрите во болниците во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Од нив 500 во внатрешноста, а 325 се лекуваат во главниот град, соопшти Министерството за здравство.   По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола […]