Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна
Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника, е стабилна, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Според моето стручно мислење, а според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна“, рече Филипче.
Мицкоски минатата недела објави дека е позитивен на Ковид-19, а вчера одговарајќи му на својот политички противник отрки дека се лекува на Инфективната клиника и дека има температура и главоболки.