Во Србија повеќе од 3.000 новозаразени, починаа 20 лица
Според последните информации во Србија се регистирани 3.042 новозаразени, а починаа уште 20 пациенти со Ковид-19.
Во последните 24 часа тестирани се 10.343 примероци, а вкупно од почетокот на епидемијата 3.041.684.
Во болница се лекуваат 4.199 пациенти, додека 171 се на респиратор.
Стапката на смртност е 0.94 отсто.
До сега во Србија, дадени се 1.651.170 дози вакцини, а втора доза примиле 620.825 луѓе.
Граѓаните во Србија се вакцинираат со руски вакцини „спутник В“, кинески „Синофарм“, вакцини „Фајзер/Бионтек“ и вакцина на „АстраЗенека“ од Оксфорд.