Д-р Докиќ: Маски треба да носат и вакцинираните


Фото: Б. Грданоски

Пулмологот д-р Дејан Докиќ, во вестите на Сител, објаснуваше зошто и вакцинираните треба да носат маски. Тој верува дека маски ќе се носат и понатаму, а препорачува замена за нив како шалови и марами.

– Дел од пациентите кои се вакцинирани ќе го имаат вирусот, но тие ќе се изборат со него, а дел кои се вакцинирани ќе заболат од Ковид-19, со лесна клиничка слика. Тие можат и да го пренесат вирусот на други лица. Затоа амерканската агенција за заштита од болести препорачува носење маски и за оние кои се вакцинирани.

На пример, вакцинираните ќе бидат заштитени во 60 отсто од јужноафриканскиот сој, но 40 отсто не се. Тие може да заболат од Ковид-19, но ќе бидат со лесна клиничка слика, без опасност од смртен исход – рече докторот.

Д-р Докиќ вели дека препораките треба да се заострат во однос на носењето маски. Имено, вели тој, дел од нашето секојдневие понатаму треба да е носењето маска и држењето дистанца. Шалови, марами да се избегнуваат и да не се сметаат како средство кое може да заштити од вирусот.

Во однос на лековите за Ковид-19 тој вели постојат неколку кои помагаат, но тврди дека во ек на пандемија не може да најдете лек против вирусот.