Земјотрес утрово во тетовско-гостиварскиот регион


Земјотрес со јачина од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 6:15 часот. Епицентарот на земјотресот е 65 километри од Скопје, во тетовско-гостиварскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот е почувствуван во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала. 

„Виза“ ќе дозволи плаќања со криптовалутата УСД коин


Американската компанија за картички „Виза“ (Visa) во понеделникот објави дека ќе прифати плаќања со криптовалутата УСД коин во својата мрежа до крајот на годината. Со дигиталната платформа за плаќање и криптовалути Crypto.com, компанијата започна пилот програма за плаќање со УСД коин, што треба да вклучи и други компании до крајот на годината. УСД коин е […]

Студија: Една доза вакцина го намали ширењето на заразата во британските старечки домови


  Само една доза од вакцината притив корона вируст им пружи на корисниците на англиските старечки домови значителна заштита, објавија британските научници. Според студијата која ја водеа научници од Универзитетот колеџ во Лондон, една доза од вакцината „Астра/Зенека/Оксфорд“ или „Фајзер/Бионтек“ спречила 56 отсто од заразите по четири недели о 62 отсто на заразата по пет […]

Британски министер: Ќе дадеме вакцини на другите кога ќе ги вакцинираме нашите возрасни граѓани


  Британскиот министер за стопанство и индустрија Кваси Квартенг рече дека Британија е посветена на вакцинирање на полнолетната популација, пред да подели вишок вакцини на други земји, како Ирска. „Мислам дека треба да се фокусираме на заштита на Британија. Сакаме да соработувме со други земји, но главен приоритет е нашиот проект на имунизација“, рече Квартенг, […]

Захариева тврди дека нејзиниот став за Скопје нема врска со изборите во Бугарија


 Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева нагласува во интервју за бугарскиот „24 Часа“ дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите. -Имаме Договор од 2017 година што не се спроведува, рамковна позиција на Владата и едногласно усвоена декларација од Парламентот. Во Република Северна Македонија го знаат мислењето на сите бугарски партии […]

Братучед на пејачот Фарел Вилијамс, еден од убиените две лица во Вирџинија Бич


САД– Донован Линч (25), братучед на поп-ѕвездата Фарел Вилијамс, е еден од убиените две лица во одделни престрелки во Вирџинија Бич, Вирџинија, САД, во петокот. Поп-пејачот синоќа ја потврди веста и повика на транспарентност, чесност и правда. „Загубата на овие животи е трагедија што не може да се мери. Мојот братучед Доновон беше убиен за […]

Сценската облека на „Дестинис Чајлд“ на аукција


САД – Сценската облека  што ја носеше поп-групата „Дестинис Чајлд“ на врвот на нивната слава ќе се најде на аукција во јуни, заедно со облеката на Лејди Гага, Витни Хјустон и Шер. Од аукциската куќа Џулиен соопштија дека ќе се наддаваат над 100 парчиња сценска облека во сопственост и користени од членовите на Дестинис Чајлд, […]

Младите маргинализирани во плановите за европското закрепнување


Иако тие се групата најпогодена од кризата со коронавирусот, младите Европејци се повеќе се чувствуваат изоставени од плановите за закрепнување по пандемијата. Експертите се залагаат за насочени мерки за поддршка на младите луѓе и обезбедување брза имплементација на Гаранции на ЕУ за младите на национално ниво. Пред четири години, Европската комисија презентираше „бела книга“ за […]

Бразил бара итна помош од 50 милиони вакцини на „Фајзер“


Бразил– Бразилскиот министер за здравство Марсело Кеирога побара од „Фајзер“ да испорача во државата 50 милиони дози вакцина за коронавирус што е можно поскоро. Во соопштение од националното Министерство за здравство се вели дека Кеирога ја повикуива компанијата да обезбеди брза испорака на вакцината, бидејќи јужноамериканската држава останува втора најпогодена од Ковид-19. Новиот бран на пандемија […]

Приведен Македонец во Бугарија при обид да прошверцува 4,7 кг марихуана на граничен премин


Бугарија– Македонец е приведен синоќа во Бугарија при обид да прошверцува 4,7 килограми марихуана на граничниот премин Ѓуешево, соопшти бугарската полиција. Возачот навел дека сака да премине транзитно низ Бугарија и дека крајна дестинација му била Турција. Марихуаната спакувана во 17 пакети е откриена во посебно направен дел во резервоарот на возилото Мерцедес. Приведен е С.Д. […]

Седница на Советот за безбедност за состојбата со пандемијата


Актуелната состојба поврзана со пандемијата ќе биде тема на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, што ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. -На седницата ќе се разговара за актуелната […]

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки


Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот. Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.  Тековната недела […]

Се очекува измените на Изборниот законик да влезат во собраниска процедура


Нормализирање на работата на Собранието, усвојување измени на Изборниот законик со примена на терминалот за отчитување на отисок од прст и вградување на препораките на ОБСЕ/ ОДИХР,  најавија вчера претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ  и Христијан Мицкоски, а веќе од денеска се очекуваат конкретни активности во законодавниот дом и работните групи. Со […]

Потребен е глобален договор за заштита на државите од пандемии, нагласуваат светски лидери


Германија– Повеќе од 20 светски лидери на држави, влади и меѓународни организации ја поддржаа идејата за меѓународен договор за борба против пандемиите во иднина. Тоа го објави германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг. Поддржувачи на иницијативата се францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот директор на Светската здравствена организација, […]

Сончево и ветровито


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните делови ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен. Во Скопје променливо […]

Македонецот во кома во Ниш е таткото на Влатко Ѓорчев


Македонецот што падна во кома по вакцинација во Ниш е Анѓелко Ѓорчев, татко на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вчерва на  Фејсбук профилот објави дека неговиот татко се бори за животот на респиратор.   Според Влатко Ѓорчев, татко му тргнал за Ниш да се вакцинира затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Пошол […]

Македонија ѝ врачи протестна нота на Бугарија (ВИДЕО)


Министерството за надворешни работи на  Македонија до Министерството за надворешни работи на Бугарија упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење, Ангел Џамбаски. „Ќе ги известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика […]

Бајден: Деведесет отсто од Американците ќе можат да се вакцинираат од 19 април


Администрацијата на САД прави се што е во нејзина моќ сите категории граѓани да бидат вакцинирани што поскоро, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден.  На конференција за новинарите во Белата куќа, Бајден укажа дека 90 отсто од возрасните во САД ќе имаат можност да се вакцинираат од 19 април, а останатите десет отсто од 1 мај. Вакцинацијата […]

За три дена во Србија вакцинирани 22.000 странци: Кој профитираше?


  За три дена во Србија се вакцинирани повеќе од 22.00 странци, што донесе и економски профит. Покрај огромната заинтересираност за вакцини, оживеа и побарувачката за изнајмување станови на ден, кои, поради пандемијата и малкуте туристи претрпеа гутитоци. Илјадници граѓани од регионот побрзаа да се вакцинираат во Србија, а метежот пред штандовите се прелеа на […]

Бугарија: ГЕРБ чекори кон победа, а ВМРО кон излегување од парламентот


Ако се остварат анкетите по неделните избори во Бугарија само шест партии ќе влезат во парламентот, од кои три немаат свои пратеници во досегашното свикување на Народното собрание. Партијата на премиерот Бојко Борисов, ГЕРБ, и натаму е во сигурно водство пред Бугарската социјалистичка партија (БСП), покажува најновата анкета на агенцијата „Маркет линкс“, направена за БТВ. […]