Петтиот пакет мерки усогласен со коморите, продолжува поддршката за исплата на плати


Петтиот пакет содржи 30 мерки кои може да се поделат во четири столба: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните. Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната презентација во […]

Положено цвеќе на местото на сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица


Со марш и положување цвеќе на местото на сообраќајна несреќа кај скопското село Ласкарци во која загинаа 16 лица се одбележуваат две години од трагичниот настан. Претставници на oрганизацискиот одбор за одбeлежување на двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари и неговата сопруга на местото на несреќата положија цвеќе и оддадоа почит на […]

Бектеши: ДУИ ќе има градоначалници во речиси сите општини со албанско мнозинство


На претстојните локални избори ДУИ треба да кандидира градоначалници во сите општини со мнозинско албанско население, почнувајќи од Липково, па се до Струга, и убеден сум дека ќе победи во над 95 отсто од нив, смета министерот за економија Крешник Бектеши. -ДУИ е политичка партија која е најдобро организирана во Северна Македонија. Тоа го покажуваат […]

Кина одби да и ги даде на СЗО необработените податоци за пандемијата


Кина– Кина одби да и ги отстапи необработените податоци од почетокот на пандемијата на Светската здравствена организација, изјави членот на тимот на СЗО кој го испитуваше потекото на Ковид-19 во Вухан, Доминик Двајер. Тој истакна дека тимот на СЗО ги барал необработените податци на 174 пациенти, кои меѓу прите се заразиле со Ковид-19 во Вухан […]

Коловозите со остатоци од кашест снег, голомразица поради ниските температури


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни  коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. Поради голомразица  денеска напладне […]

Лазаров нов селектор на македонската ракометна репрезентација


Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров е назначен за нов селектор на националниот тим, објави денеска Ракометната федерација на Македонија. – Ве известуваме дека на денешната прес-конференција одржана онлајн, претседателот на Ракометната Федерација на Македонија г-динот Живко Мукаетов ги информираше претставниците на медиумите дека на одржаната седница на Управниот Одбор на РФМ на […]

Оксфорд почнува тестирање врз деца на вакцината на АстраЗенека


 Универзитетот Оксфорд почна со тестирање на ефектот на вакцината АстраЗенека кај деца кои се вакцинираат за првпат, соопшти денеска универзитетот. Тестовите треба да покажат дали оваа вакцина е ефикасна кога се дава на деца на возраст од шест до 17 години, а истражувањето ќе вклучи 300 волонтери кои ќе ја примат првата вакцина овој месец. Вакцината на АстраЗенека […]

Околу 30.000 набљудувaчи акредитирани за следење на изборите во Косово


Косово – Централната иборна Комисија на Косово (ЦИК) објави денеска дека го затворила процесот на акредитација за вонредните парламентарни избори, што ќе се одржат утре, јави дописникот на МИА од Приштина. Портаролот на ЦИК, Ваљмир Елези изјави за медиумите дека вкупната бројка на акредитирани набљудувачи изнесува околу 30.000. – Според листата, ЦИК кредитира 18 амбасади со 146 набљудувачи, […]

УХМР: До крајот на денот снежна покривка насекаде, од четврток постепено затоплување


Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во текот на ноќта, особено во југозападните и западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -7 до -1 степен Целзиусов. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки […]

Хотелиерите од охридско-струшката ривиера се надеваат на успешна година


Хотелиерите од охридско – струшкиот регион се надеваат на успешна туристичка сезона во 2021 година. Со строги протоколи, подготвени се да ги примаат гостите, како домашните така и странските. За приоритет кај странските гости и претставување на државата како безбедна туристичка дестинација тие побараа приоритет во вакцинирањето против Ковид 19. – Со вакцинацијата очекуваме да […]

Албанскиот министер за туризам казнет со 4.500 евра за непочитување на анти-ковид мерките


Министерот за туризам Бленди Клоси е казнет со 5 милиони леки, односно 4.500 евра како организатор на изборна активност одржана во градот Кучово, на која не се почтувани анти-ковид мерките. Исто така со парична казна во износ од над осум илјади евра казнет е сопственикот на угостителскиот објектот поради тоа што дозволил одржување средба без запазување на протоколите. Деновиве, […]

По американската, на Ковид-19, позитивна и шведската амбасадорка во Тирана


Влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19 во Албанија почна да се рефлектира и меѓу странските дипломати меѓу кои се зголемува бројот на заразени. По веста дека американската амбасадорка Јури Ким добила позитивен резултат на тестот, што самата ја објави на Твитер и амбасадорката на Шведска исто така е позитивна на Ковид-19. Веста ја објави шведската дипломатка […]

ЈП „Македонијапат“: На патот Тетово-Попова Шапка задолжително со зимска опрема


На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема  и по потреба според условите на патот да ја употребат, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“. Поради врнежите од снег во сила се забрани за тешки товарни возила […]

Карим Кан е новиот главен обвинител на Трибуналот во Хаг


Холандија – Претставници на 131 земја-членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) синоќа во Њујорк одлучија британскиот адвокат Карим Кан да биде новиот главен обвинител на Трибуналот за воени злосторства, кој ќе ја замени Фату Бенсуда кога ќе и истече деветгодишниот мандат подоцна оваа година, пренесува британски Гардијан. Весникот наведува дека Кан, кој ја вршеше функцијата помошник генерален секретар на Обединетите нации […]

Во болниците во државава 579 ковид пациенти и над 460 празни кревети


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 579 и има 461 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.   Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови пациенти […]

Светот го имаше Волт Дизни, а ние Цицо: 107 години од раѓањето на еден од основоположниците на театарската сценографија


Македонскиот народен театар соопшти за 107 години од раѓањето на Василие Поповиќ-Цицо (12 февруари 1914 – 10 декември 1962), еден е од основоположниците на театарската сценографија. – Автор без чија креативност, луцидност, шегобијност и сатиричност е тешко да се замисли македонската уметничка и театарска сцена. Неговата ширина на творечки подрачја го прави исклучителен — прв […]

Општина Карпош со активности за справување со снежните врнежи


Зимската служба на општина Карпош, утринава распрскува емулзиона течност на дел од повисоките места во населбите Бардовци, Жданец, Трнодол и долж улицата „Ловќенска“ во Козле, како и низ населбата Влае (кај удолницата меѓу бул. „Партизански одреди“ и ул. „Петар Чаулев“) како превенција од евентуално заледување на коловозот по најавените снежни врнежи во текот на викендот. […]

Вонреден надзор на ДИЖС врз излевање на води во Охридското Езеро од колекторскиот систем


По претставка на политичката партија Левица, државни инспектори за животна средина и природа, на ден 11.02.2021 година, извршија надзор врз функционалноста на колекторот што ги одведува отпадните води од населбите долж Охридското Езеро до станицата за пречистување во Враништа. Инспекторите извршија увид на делница на колекторот од препумпна станица Орце Николов до препумпна станица Подмолје, […]

Во Хрватска уште 379 заразени со кроона вирус, починаа 17


Во последните 24 часа во Хрватска забележание се 379 нови случаи со корона вирус, а вкупно активни се 2.451. Меѓу нив 955 пациенти се лекуваат во болница, од кои 89 на респиратор. Починаа уште 17 пациенти или вкупно 5.299. Досега во Хрватска од корона вирус заболеле 237.459 лица, а оздравеа 229.709. До денеска тестирани се […]

Принцот Вилијам е популарен исто колку кралицата, вели анкета


Англија– Принцот Вилијам е исто популарен како неговата баба Кралицата, според анкетата на YouGov. Војводата од Кембриџ, 38, ретко ги престигнува жените од кралското семејство во популарноста, а неговата сопруга Кејт често беше именувана како посакана од него. Но, тој се најде на првото место на една анкета на веб-страницата YouGov и заработи 75% рејтинг […]