Светот го имаше Волт Дизни, а ние Цицо: 107 години од раѓањето на еден од основоположниците на театарската сценографија


Македонскиот народен театар соопшти за 107 години од раѓањето на Василие Поповиќ-Цицо (12 февруари 1914 – 10 декември 1962), еден е од основоположниците на театарската сценографија.

– Автор без чија креативност, луцидност, шегобијност и сатиричност е тешко да се замисли македонската уметничка и театарска сцена. Неговата ширина на творечки подрачја го прави исклучителен — прв вистински карикатурист кај нас и автор на корицата на првиот буквар на македонски јазик, првиот грб на град Скопје и НР Македонија. Светот го имаше Волт Дизни, а ние Цицо – автор на безброј карикатури, 30 сценографии и 14 костимографии во МНТ, човекот кој напамет го знаел делото „Сирано де Бержерак“, а често го читал Антон Павлович Чехов, наведува МНТ.

Василие Поповиќ-Цицо бил вработен во Народно позориште „Краљ Александар Први“ во Скопје од 1938 до 1941 година и од 1945-та во Македонскиот народен театар, каде што останал до крајот на животот.