Суспендиран портпаролот на Белата куќа поради закани кон новинарка


Белата куќа го суспендира заменик портоаролот Ти Џеј Дакло  поради закани кон новинарка од порталот Политико, која пишувала за неговата наводна романтична врска со една новинарка. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на Твитер потрвди дека Дакло е суспендиран на една недела без плата и оти повторно нема да работи со новинарите на Политико. Дакло […]

Ривалите ја нарекоа конфузна „пинг понг“ стратегијата на Мицкоски за името на Македонија


Сѐ уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е конфузен и постојано зборува различни работи во зависност од ситуацијата и соговорникот. Тоа што Мицкоски нема автентична политика и често ги менува ставовите се одразува на неговиот личен  рејтинг, а што е уште поважно ја влече партијата надолу. На 10 јули, пет дена пред изборите кога […]

Охрид со Стратегија за развој на туризмот 2020-2025


Општина Охрид изготви нова Стратегија за развој на туризмот за периодот од 2020 до 2025 година. Станува збор за стратешки документ во рамки на општинската Програма за развој на туризмот, а изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Новата Стратегија за развој на туризмот е изработена врз […]

Пендаровски: Ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат


Не е точно дека само претседателот Стево Пендаровски има безбедносен сертификат. Тоа го потврди тој самиот во интервју за програмата „Стадион“ на Радио Канал 77. „До овој момент меѓу 40 и 50 високи функионери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО безбедносни серитфикати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат. […]

Британската мутација на корона вирусот потврдена во повеќе од една четвртина од тестовите во Данска


Британската мутација на корона вирусот е потврдена во повеќе од една четвртина тестови во Данска, соопшти денеска данскиот институт за здравство ССИ. Мутацијата Б. 1.1.7 до вчера е откриена кај 28,5 проценти од примероците од првата недела на февруари, покажуваат првичните податоци на ССИ. Една недела претходно, учеството беше 20,3 проценти, а на почетокот на […]

Фајнанс тинк: Во недела ќе престанат да работат 43 илјади вработени (Инфографика)


Според „Фајнанс тинк“, недела ќе биде неработен ден за околу 43 илјади вработени, кои сега работат во денот кој инаку е предвиден за одмор. Оваа бројка е само 6 отсто од сите вработени, покажува Инфографиката која ја објави овој економски институт на нивната интернет страница. Останатите 84 илјади работници кои работат во неделите, или ќе […]

Санкционирани 94 возачи во Центар, 17 биле под дејство на алкохол


Санкционирани се 94 прекршоци во сообраќајот при акциска контрола за санкционирање на возење под дејство на алкохол на територијата на Општина Центар, што ја спроведе во текот на вчерашниот ден Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 17 санкции се изречени за возење во алкохолизирана состојба, 10 за возење […]

Захариева: „Во Македонија се добиваат избори на антибугарска реторика, кај нас нема таква работа“


Бугарската министерка за надворешни работи ги отфрла критиките дека со блокадата на Македонија во преговорите со ЕУ му помагала на Кремљ, тврдејќи дека Русија не била против влегувањето на балканските земји во Унијата, како што била против членството во НАТО. Но дека дека било во руски интерес „тие да влезат во ЕУ нереформирани“, како што […]

Епидемиолошката ситуација во Италија е стабилна, закана се мутациите на корона вирусот


Епидемиолошката состојба во Италија е стабилна, но може да биде пауза пред новиот побрз раст на ширење на Ковид-19, изјави претседателот на Високиот институт за здравство, Силвио Брусаферо, на редовна прес-конференција. За еден ден починале 316 пациенти болни од Ковид-19, а со тестирањето на повеќе од 300.000 луѓе откриени се речиси 14.000 новозаразени. – Се наоѓаме во многу […]

Снегот го отежнува сообраќајот, забрана за камиони на патиштата Гостивар-Кичево и Маврово-Дебар


Поради врнежи од снег и ниски температури претпладнево во 10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“. Забрана за сообраќање на камиони од 7 часот изутрината има и на патот Маврово-Дебар. Од Управата за хидрометеоролошки работи […]

Г7: САД се повторно на маса и ќе ѝ помогнат на глобалната економија


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден им порача на сојузниците на состанокот на Г7 во петокот дека повторно ќе се ангажираат за да помогнат во управувањето со излегувањето на глобалната економија од најтешката криза од Големата депресија, спротивно на пристапот на поранешниот претседател Доналд Трамп. Американската министерка за финансии Џенет Јелен им рече на своите […]

Рано утрово, серија земјотреси во централна Хрватска, беа почувствувани и во Загреб


Во текот на ноќта беа забележани серија земјотреси во централна Хрватска, од кои најсилен беше во 4:55 часот што ја потресе Петриња и околината, но се почувствува и во Загреб, јавуваат хрватските медиуми. Првиот силен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер и интензитет во епицентарот на V степен од ЕМС скалата се случи […]

Бектеши: Годинава ќе имаме раст на економијата


Економијата не може да расте без помош од државата, зашто државата континуирано ја поддржува економијата. Тоа не значи дека мора да биде директна финансиска поддршка од основниот Буџет на државата, но може да се спроведе преку различните политики што ги креира државата за создавање подобра бизнис клима, вели министерот за економија Крешник Бектеши во интервју […]

Дончиќ постави личен рекорд во НБА (видео)


Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд по број на постигнати поени во НБА лигата. Тој ноќеска на натпреварот против Њу Орлеанс (143:130) постигна 46 поени за 40 минути на теренот, оствари осум скока и направи 12 асистенции. За 21-годишниот словенечки репрезентативец, кој беше избран од Атланта на драфтот во 2018 година и веднаш […]

Преку ред до вакцина


Истражувањето на германската агенција ДПА покажало дека во најмалку девет германски покраини веќе се вакцинирани луѓе кои воопшто не биле на ред за вакцинација против коронавирус. Меѓу нив има локални политичари, свештеници, но и пожарникари и полицајци. Редоследот на вакцинирање во Германија е јасно определен со уредба на Министерството за здравство. Прво треба да се вакцинираат […]

Снежно невреме во Москва, 60.000 комуналци го чистат градот


Силна снежна бура денеска ја погоди Москва, и повеќе од 60.000 комуналци и 13.500 возила со специјална опрема дење и ноќе ги чистат улиците и носат снег на места каде што се топи, прочистува и фрла во реки. На овој начин комуналните служби во Москва се обидуваат да спречат колапс што може да се случи, бидејќи се очекува до денеска да паднат […]

Австралија: Петти ден на строги ограничувања во државата Викторија


Австралиската држава Викторија денеска влегува во петтиот ден на строга „блокада“, затоа што властите се обидуваат да спречат трет бран на епидемија на т.н. британска мутација на коронавирусот. Здравствените власти денеска потврдија само еден нов локално пренесен случај на Ковид-19, а вкупниот број на пациенти кои се во карантин во еден аеродромски хотел во Мелбурн е 14 и сите […]

Најстудено во Маврово и Крушево, до крајот на денот снежна покривка насекаде


Најстудено изутрина е во Маврово, каде се измерени -13 степени, по што следат Крушево со – 11, Берово -10, Во Крива Паланка -9, во Прилеп – 7. Минус шест степени под нулата се регистрирани во  Битола, Дебар, Штип и Тетово, -5 Скопје-Зајчев Рид и во Охрид, -4 во Струмица и Демир Капија, -3 во Дојран.  […]

Изборен молк во Косово


Косовските граѓани со право на глас ќе можат утре (недела, 14 февруари) да гласаат на вонредните парламентарни избори, додека изборниот молк за политичките субјекти кои се натпреваруваат на овие избори започна синоќа на полноќ и ќе трае до затворањето на гласачките места, утре во 19 часот, јави дописникот на МИА од Приштина. Официјалната кампања за овие, осми по […]

Во јануари намален за 83 отсто бројот на патници на аеродромите во Грција


Од 2,25 милиони патници на грчките аеродроми лани во месец јануари, една година подоцна за истиот период бројот се намалил на 383.463 патници, односно бележи пад од 83 отсто, според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Поради рестрикциите и карантинот, за 93 отсто е намален бројот на […]