Николоски: ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со Алијанса на Албанците и Алтернатива


ВМРО-ДПМНЕ соработува одлично со Алијанса на Албанците и Алтернатива, а пример за тоа е беспрекорното функционирање во Собранието како опозициски партии, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски во емисијата “360” на Телевизија Алсат. Николоски посочи и дека на последниот собир организиран од фондацијата „Конрад Аденауер” присуствувале претставници на овие две партии, што е […]

Над 37 000 граѓани досега со интерес за вакцинирање, се очекува испораката на вакцини


Над 37.000 граѓани досега се пријавиле преку онлајн апликацијата за вакцинирање против Ковид-19. Првите 8000 вакцини од компанијата „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија се очекува да пристигнат следните денови, а кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската „Синофарм“. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, во интервју за белгискиот весник […]

Избрани членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ќе добијат ли граѓаните вистински заштитник


Tри месеци по усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, Собранието ја усвои Одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата избра седум од пријавените 44 кандидати, по што тие беа изгласани на пленарна седница. Опозицијата во Парламентот се воздржа […]

Кумановските чевларски компании бараат поддршка за раст на производството


Чевларските компании од Куманово бараат да продолжи поддршката од државата за да го поминат кризниот период. Тие се надеваат дека ќе влезат во петтиот пакет економски мерки со кои е предвидена поддршка. Индустријата која генерира близу 3.000 вработени од градот се соочуваше со колапс на почетокот од ширењето на пандемијата, поради поврзаноста на компаниите со државите […]

Концерт „24 илјади бакнежи“ на Филхармонија по повод Денот на вљубените


Оркестарот на Филхармонија вечер со почеток од 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените насловен „24 илјади бакнежи“. На програмата се безвременски љубовни песни – „Еден бакнеж“, „Beautiful Maria“, „Ne me quitte pas“ и други. Насловот на концертот е извлечен од песната „24.000 baci“ која исто така ќе биде изведена. […]

Студено и ветровито, максималните температури до еден степен


Облачно, студено и ветровито време ќе преовладува денеска во државата. Пообилни врнежи од снег се очекуваат во попладневните и во ноќните часови кон недела особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, а понекаде во југозападните делови висината на снежната покривка ќе надмине 20 сантиметри. На планините снежната покривка […]

Забрана за камиони на патот Маврово-Дебар


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планиските премини Стража, Буково и Ѓавато.  Од 07:00 часот  изутрина поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Оттаму потсетуваат […]

Италија има нов премиер


Марио Драги, поранешниот гувернер на Европската централна банка, ја прифати функцијата Премиер на Италија и ја претстави нова влада на политичари и технократи што треба да ја извлече Италија од политичката криза среде пандемија. Портпаролот на претседателската палата во петокот вечерта објави дека Драги ја прифатил функцијата на состанокот со претседателот Серџо Матарела, кој го […]

„Гугл“ плаќа 76 милиони долари на француски медиуми поради авторски права


Гугл се согласи да плати 76 милиони долари на група француски медиуми за три години по долготрајниот спор за авторски права, јавија британски медиуми кои имале увид во документите. Двата документа вклучуваат нацрт договор во кој се наведува дека Гугл е подготвен да плати 22 милиона долари годишно на група од 121 национален и локален […]

Адвокатите на Трамп почнаа со одбраната во процесот за отповикување


Адвокатите на Доналд Трамп почнаа со одбрана, тврдејќи дека поранешниот претседател не треба да биде осуден во Сенатот за крвавиот напад на неговите приврзаници врз Капитол минатиот месец и го нарекоа процесот на отповикување „политичка одмазда“ од демократите. Одбраната ќе трае околу четири часа. Адвокатите на Трамп велат дека тој не ги поттикнал немирите на […]

Грозданова: Целосно сме подготвени за вакцините на „Фајзер“ и за процесот на вакцинација


Нашата држава месеци наназад се подготвува за една од можеби најголемите операции, не само кај нас, туку и на светско ниво, а тоа е логистиката околу пристигнувањето и дистрибуцијата на вакцините и нивната апликација и ние сме целосно подготвени да ги примиме вакцините, истакна претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова во вечерашното гостување на […]

Патнички воз на релација Скопје – Кочани удри во автомобил кај селото Горни Подлог


Патнички воз на релација Скопје – Кочани вечерва околу 19 часот удрил во патничко возило на железничкиот премин кај кочанското село Горни Подлог. Според првичните информации, освен материјална штета на возилото, нема повредени. Станува збор за необезбеден премин преку пругата, каде освен еден сообраќаен знак, нема светлосно-звучен сигнал, ниту рампа. Полициски екипи вршат увид на […]

Два милиони долари ќе поделат петте деца на Лари Кинг, според рачно напишаниот тестамент на славниот водител


САД- Легендарниот водител Лари Кинг сакаше да се осигура дека неговите деца ќе бидат згрижени по неговата смрт. Во рачно напишаниот тестамент , Кинг побарал неговиот имот да се подели подеднакво меѓу неговите пет деца: синовите Лари Кинг помладиот, 59, Канон, 20 и Ченс, 21, како и покојниот син Енди и покојната ќерка Каја, дознава […]

Во 18 пластични ќеси најдени делови од човечки тела во Мексико


Обвинителството на западната мескиканска држава Халиско соопшти дека полицијата пронашла 18 пластични ќеси со отсечени делови од човечки тела на периферијата на градот Гвадалахара. Полицијата синоќа пронајде дел од човечко тело во близина на надвозник крај автопат, а тоа ги довело до повеќе вреќи залепени меѓу себе во една вдлабнатина во близина. Отсечените екстремитети се […]

Мајка ги оставила трите деца во шума покрај Москва, каде се смрзнале


Жена во Русија наводно ги оставила своите три деца без облека во шума на многу ниски температури, поради што тие добиле сериозни смрзнатини. Жена на возраст од 33 години во петокот навечер имала намера да ги убие своите три деца близу главниот град на Русија, Москва, велат истражителите. Локален жител ги нашол малолетниците потполно смрзнати […]

ОН: Во Јемен речиси половина од децата на возраст под пет години страдаат од неухранетост


 Речиси 2,3 милиони деца или половина од децата на возраст под пет години во Јемен страдаат од акутна неухранетост, соопштија денеска четири агенции на ОН, јави ДПА. Според заедничкото предупредување на Организацијата за храна и земјоделство, УНИЦЕФ, Светската програма за храна и Светската здравствена организација, околу 400.000 од тие деца се очекува да умрат од […]

СВР Тетово одзеде возило „порше” поради 15 месеци истечена регистрација


Тетовската полиција денес одзеде возило марка „Порше“ поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, информираат од СВР Тетово. Возилото ќе биде задржано на 90 дена. – Сопственик на возилото е 31-годишен жител на Џепчиште и не било регистрирано 15 месеци. Возилото е одземено денеска околу 15 часот на автопатот Тетово-Скопје од страна на полицајците од […]

Се покренува прашањето за затворање на Гвантанамо


 Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден почна официјална ревизија за американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо на Куба, изјави денеска претставник на Белата куќа. Помошници вклучени во внатрешната дебата разгледуваат извршна наредба што претседателот Џо Бајден би ја потпишал во наредните недели или месеци, изјавија две лица запознати со состојбите. – Националниот совет за безбедност […]

Која е Беса Адеми, новата претседателка на Врховниот суд?


Судскиот совет денеска ја изгласа новата претседателка на Врховниот суд.  Судијката Беса Адеми беше избрана со 12 од вкупно 13 гласа. Таа стана врховна судијка во јули 2009, а области на кои работи, како што е наведено на официјалната веб-страница на судот, се: Оддел за граѓански дела, Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен […]