Во Хрватска уште 379 заразени со кроона вирус, починаа 17


Во последните 24 часа во Хрватска забележание се 379 нови случаи со корона вирус, а вкупно активни се 2.451. Меѓу нив 955 пациенти се лекуваат во болница, од кои 89 на респиратор.

Починаа уште 17 пациенти или вкупно 5.299.

Досега во Хрватска од корона вирус заболеле 237.459 лица, а оздравеа 229.709.

До денеска тестирани се 1.260.970 лица, од кои 5.184 во последните 24 часа.