Шпанија планира фабриката на „Нисан“ да ја пренамени за производство на батерии за електрични автомобили


Шпанија размислува фабриката на јапонскиот производител на автомобили Нисан, што требаше да биде затворена во декември, да ја пренамени за производство на батерии за електрични автомобили. Нисан има три погони во околината на Барселона, во кои се вработени околу 3.000 луѓе, кои требаа да бидат затворени во декември, но тоа беше одложено за една година […]

Во Велика Британија откриен уште еден вид Ковид-19


Експертите соопштија дека во Велика Британија е откриен уште еден вид на коронавирусот со потенцијално загрижувачки сет на мутации. Истражувачите од Универзитетот во Единбург соопштија дека варијантата позната како Б1525 е откриена со секвенцирање на геномот во 10 држави, вклучително Данска, САД и Австралија, а досега во Велика Британија се пријавени 32 слуачи. Најраните случаи […]

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време


Во понеделникот, околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.М.(48) од тетовско Вешала, затоа што при контрола во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово било констатирано дека работел по дозволеното време и во него биле затекнати седум лица – гости. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а […]

До 2025 година Јагуар ќе биде 100 отсто електричен автомобил


Познатиот луксузен автомобил Јагуар ќе биде 100 отсто електричен бренд од 2025 година натаму, најави британскиот производител „Јагуар ленд ровер“ кој ја претстави својата нова „зелена стратегија“. „До средината на ова десетлетие, ’Јагуар‘ ќе доживее преродба, така што ќе имаме чисто електричен луксузен бренд“, се вели во соопштението. Компанијата, којашто ѝ припаѓа на индиската „Тата […]

Извозот на Еврозоната во декември 2020 порасна првпат после 10 месеци


Извозот на стоки во еврозоната се зголеми за 2,3 проценти на годишно ниво во декември на 190,7 милијарди евра, и тоа е прво зголемување од февруари 2020 година, покажуваат прелиминарни податоци на Евростат. Увозот на стоки во еврозоната од остатокот од светот изнесува 161,5 милијарди евра, што претставува пад од 1,3 проценти во споредба со декември 2019 година. Блокот […]

Народна банка: Вложувањето во крипто-средства е високо ризично


Вложувањето во крипто-средства се смета за високо ризично. Сите коишто вложуваат или имаат намера да вложат во крипто-средства треба да бидат исклучително внимателни и добро да се информираат за потенцијалните ризици на кои се изложени и ефектите од таквите вложувања. Ова е еден од одговорите на Народната банка на најчесто поставуваните прашања (ЧПП) кои стигнуваат […]

„Зоки Поки“ ја освојува Скандинавија – ќе се прикажува во Шведска и во Норвешка


ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија. По најавата за емитувањето во Шведска, пристига и најавата за емитување во Норвешка, на Норвешката национална телевизија „NRK“. „NRK“ е јавен сервис, но и најгледаната телевизија во Норвешка. Од медиумот велат дека речиси секој жител на Норвешка користи барем еден од нивните сервиси во текот на денот. […]

Јапонија ќе фрли дел од вакцините на Фајзер поради недостиг на шприцеви


Лекарите во Јапонија ќе треба да фрлат дел од вакцините против коронавирусот, произведени од американската фармацевтска компанија Фајзер, поради недостиг на доволен број специјални шприцеви, соопшти денеска генералниот секретар на јапонската Влада Кацунобу Като. – Не е лесно да се купи точна количина на овие специјални шприцеви, нема толку многу во светот, објасни тој, додавајќи дека Токио […]

Кампања „Остани безбеден“ во ОУ „Киро Глигоров” во Општина Центар


Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје ја започнува кампањата  „Остани безбеден“ во Основното училиште „Киро Глигоров”, информираат од Министерството за внатрешни работи. Кампањата е во соработка со Општина Центар и Mисијата на ОБСЕ во Скопје, а на учениците ќе им бидат донирани заштитни маски и флуоросцентни трепкачи. Целта на  активностите е едукација […]

(Во живо) Завршни зборови за „Таргет-тврдина“


Oбјаснувајќи ги системите за следење на комуникациите и начинот на работа на телекомуникациските мрежи, обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ги презентираа завршните оценки во случајот ‘Таргет-Тврдина’, кој се однесува на незаконското прислушување. Ристоска во излагањето потсети на клучната улога на сведоците Ѕвонко Костовски, Сашо Трајковски и Ѓорѓи Лазаревски, преку кои од УБК беа изнесени дел […]

Инспекторите открија уште една нелегална гинеколошка ординација


Инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат вчера извршија вонреден инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомневање дека е нелегална гинеколошка ординација.  Неофицијално станува збор за докторка која работела во струшката болница, но пациенти примала и дома.Надзорот бил извршен по пријава на пацинтка. Од полицијата во Охрид потврдија дека   полицијата асистирала на […]

Владата на седница расправа за гасоводот, Преспа и културата


Информација во врска со потребата од поднесување апликација за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, како и Информација за започнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра се меѓу точките […]

Ако не се почитуваат меѓународните регулативи до 2050 Македонија ќе стане пустина


Доколку долгорочната визија ни е енергетска транзиција и премин кон обновливи извори на енергија како и 51% намалување на емисиите на стакленички гасови, зошто слушаме изјави за продолжување на рокот на траење на РЕК Битола и гасификација на државата, реагираат од центарот за истражување Еко-свест на вчерашната конференција за медиумите на македонската влада за енергетската […]

Се обезбедуваат средствата за инфраструктура за управување со отпад во државата


Министерот за животна средина и просторно плaнирање, Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, денеска го посeтија Регионалниот центар за развој на Полошкиот регион, каде се сретнаа со претставници на консултантскиот тим и изведувачот заради увид во прогресот на имплементацијата на брзите мерките за рехабилитација на постојната локација за депонирање на отпад Русино, кои се […]

Обичниот грип речиси исчезна од Македонија


 Во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски грип изнесува 539, што е за 92,5 отсто помалку споредено со истиот период лани и 94,5 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива, соопшти Министерството за здравство. Најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 […]

Избрани 18 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“


 Од 41 роман кои конкурираат за „Роман на годината“ за 2020-та, жирито во првата селекција избра 18 кои ја продолжуваат трката за престижната награда. Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во составот на жирито се Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева […]

Европските банки ја користат пандемијата за да „зачистат“


Европските банки ја користат пандемијата за да ги направат промените што ги посакувале инвеститорите со години: намалување на работни места, затворање филијали и побрзо движење кон услуга за клиенти преку интернет. Вториот по големина германски кредитор, Комерцбанк, во четвртокот соопшти дека ќе скрати третина од персоналот во Германија, како и скоро половина од физичкото присуство во канцелариите, по […]

Можностите за почеток на преговорите во рамките на португалското претседателство, тема на видео средбата Османи – Силва


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на негово барање, оствари видео средба со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ, на која покрај билатералните односи, тема на разговор беше и европското досие на Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР,  фокусот бил ставен на можностите во рамките на […]

Хари и Меган Маркл наскоро кај Опра Винфри


Англија– Британскиот принц Хари и неговата сопруга – Американката Меган Маркл ќе го прекинат молкот за нивното заминување од Бакингемската палата во интервју коешто ќе биде прикажано во емисија на познатата американска ТВ-ѕвезда Опра Винфри следниот месец. Хари и Меган, кои завчера објавија дека очекуваат уште едно дете, минатата година ја изненадија јавноста и кралското […]

Студија: 91 отсто помал ризик од зараза со месеци по прележан Ковид-19


Австрија – Луѓето кои го прележале Ковид-19 имаат 91 процент помал ризик од инфекција во следните седум месеци, покажува студијата на Медицинскиот факултет во Грац, објавена во European Journal of Clinical Investigation. Тоа ниво на имунитет е само малку пониско од оној што го дава вакцината на Фајзер/Бионтех за која се покажа дека е ефикасна 95 […]