Кампања „Остани безбеден“ во ОУ „Киро Глигоров” во Општина Центар


Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје ја започнува кампањата  „Остани безбеден“ во Основното училиште „Киро Глигоров”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Кампањата е во соработка со Општина Центар и Mисијата на ОБСЕ во Скопје, а на учениците ќе им бидат донирани заштитни маски и флуоросцентни трепкачи.

Целта на  активностите е едукација и зголемување на безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот, како и подобрување на културата на однесување во сообраќајот.

-Со превентивни активности како составен дел на редовното полициско работење кое се заснова на партнерство помеѓу полицијата, локалната самоуправа и граѓаните започнуваат превентивните активности со учениците кои посетуваат настава од прво, второ и трето одделение. Со едукативна работилница од областа на безбедноста во сообраќајот и посета на сообраќајница ќе се презентира правилно и безбедно минување на улица со почитување на сообраќајната сигнализација и правилата во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.