(Во живо) Премиерот Заев го презентира петтиот пакет економски мерки


На прес-конференцијата премиерот Зоран Заев го презентира петтиот пакет економски мерки, кој беше усвоен на денешната владимна седница. Од Владата велат дека петтиот пакет економски мерки е донесен во инклузивен процес со сите релевантни чинители во процесот, според истиот принцип како и изминатите четири пакети економски мерки. На новинарски прашања ќе одговараат и заменик-претседателот на […]

Модната недела во Париз во дигитален формат, со учество на  93 брендови


Франција– Модната недела во Париз ќе се одржи во март со 93 брендови кои ги презентираат своите есенски колекции, во она што ветува дека ќе биде уште еден чисто дигитален настан со оглед на постојаните мерки за да се  ограничи ширењето на коронавирусот. Федерацијата на висока мода и мода вчера го објави својот прелиминарен календар […]

Заев – Ал-Тани: Има интерес од Катар за инвестирање во земјава


Бизнис заедницата од Катар има интерес за разгледување на можностите за инвестирање во земјава, беше речено на денешната средба на премиерот Зоран Заев со новиот амбасадор на Државата Катар, Јасим бин Хамид Ал-Тани. Како што соопшти владината прес-служба, „ на состанокот се поздравени членството на Република Северна Македонија во НАТО и политиките на дијалог и […]

ЕК: И „Модерна“ доцни со доставата на вакцини против Ковид-19


Европска комисија денеска потврди дека е известена од американската компанија „Модерна“ за ненавремено доставување на вакцините против Ковид-19. Вакцините што требаа да пристигнат во текот на месецот, според портпаролот на ЕК, ќе бидат доставени во март. Тој не прецизираше што ќе се сличи поради недоставувањето на очекуваниот број на вакцини до крајот на февруари. Портпаролот […]

ДСЗИ ќе затвори уште една гинеколошка ординација во Струга


По налог од директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и по добиени сознанија дека во специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство во Струга на локација „Кеј 8-ми Ноември“ во Струга се врши гинеколошко акушерска дејност, спротивно на Закон, здравствени инспектори од Подрачното одделение Охрид во соработка со службени лица од Министерството за внатрешни […]

Премиерот Заев ќе го презентира петтиот пакет економски мерки – што е до сега познато?


Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата ќе го презентира петтиот економски пакет антикризни мерки. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши. Петтиот пакет економски мерки е донесен во инклузивен процес со сите релевантни чинители, како […]

Дете уби крадец кој сакал да ја ограби баба му


Момче на возраст од 12 години уби еден од провалниците кои упаднале во стан во Северна Каролина, соопшти полицијата. Наведено е дека две маскирани лица упаднале во станот, барале пари и пукале во едно постаро лице. Се работи за Линда Елис (73), која еден член на семејството ја идентификува како баба на детето, пишува Ен-би-си […]

Потпишана Декларацијата за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер, денеска преку видео-врска ја потпишаа Заедничката декларација за намери за соработка меѓу владите на Република Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија, чија цел е интензивирање на економската и научната соработка, како и соработката во […]

Во следните денови ведро и сончево, но со утрински температури под нула


Утрински температури под нулата се очекуваат и во текот на следните денови. Во текот на денот, температурите ќе бидат во пораст, но сепак утринските ќе бидат негативни, наместо и под -10 степени. Синоптичарите за утре најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со многу ниски утрински температури. Според прогнозата на УХРМ, утре минималните […]

Приведен 26-годишник затоа што го нападнал татко му


 Дваесет и шест годишник бил приведен во полицијата откако неговиот татко го пријавил дека го нападнал. Според пријавата на 47-годишниот татко, синот при нападот користел и остар предмет. – Ноќеска околу 1 часот и 25 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец К.В., кој претходно физички го нападнал неговиот 47-годишен […]

Во Хрватска има 274 новозаразени, а починаа 18 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 274 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи денеска изнесува 1.959. Меѓу нив 927 пациенти се на болничко лекување, од кои 84 на респиратор. Починаа 18 пациенти, или вкупно досега 5.357. Од почетокот на пандемијата во Хрватска заболеле 237.999 лица, а оздравеле 230.683. […]

Поради еден случај на новиот вид на Ковид-19 во Хуму реагираше и полицијата


Откако во германскиот град Хума вчера е потврден новиот британски вид на Ковид-19 кај еден градежен работник, полицијата спровела опсежна операција. Локалните власти соопштија дека на градилиштето биле испратени околу сто полицајци. Четирите згради во кои се сместени работниците ставени се под карантин, а сите работници се тестираат. Полицијата од синоќа дежура пред зградите и […]

Северна Кореја се обидела од Фајзер да ја украде технологијата за вакцината


Јужна Кореја– Северна Кореја се обидела да добие податоци за технологијата на вакцината против Ковид-19 со хакерски напад врз американската компанија Фајзер, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејската национална разузнавачка служба (НИС). НИС ја соопштила оваа информација за време на затворено заседание на Комисијата за специјални служби про јужнокорејскиот Парламент. Алијансата за вакцини Гави претходно овој месец […]

Белорусија: Претреси во простории на новинари, синдикалци и други активисти


 Во просториите на дваесетина новинари, активисти за одбрана на човековите и синдикални права во Белорусија, денеска се извршени претреси како дел од истрагата за протестното движење во 2020 година, што беше потиснато од властите. Во државата со месеци се одржуваа демонстрации против реизборот на претседателот Александар Лукашенко во август, со обвинувања за масовна изборна измама. Белоруските власти возвратија со масовно притворање, полициско […]

Османи: Акцискиот план со Бугарија договорен 99 отсто


Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека 99 отсто се дефинирани точките од  Акцискиот план  со Бугарија и дека може да почнат да ја договараат Меѓувладината конференција која треба да се одржи кај нас. Преостанатиот еден процент според министерот се технички деталји и затоа е оптимист дека во наредните денови ќе го финализираат тој […]

Белгиските власти порачуваат да не се купува руската вакцина онлајн


  Портпаролите на кризниот штаб за Ковид-19 денеска побараа од белгиските граѓани да не ја купуваат руската вакцина на интернет, јави дописничката на МИА од Брисел. На редовниот брифинг на штабот изутринава им беше посочено на граѓаните на Белгија дека во промет се пуштени фалсификувани руски вакцини кои се продаваат на интернет и на улица. Сабин […]

Путин ја губи битката за иднината на Русија


АНДРЕЈ КОЛЕСНИКОВ Институционалното гниење го одразува степенот до кој застарел режимот на Путин – морално, политички и технолошки. Портретите на Генрик Јагода, директорот на страшната НКВД (тајната полиција на Советскиот Сојуз), висат во полициските станици   Откако Русите започнаа да протестираат против затворањето на лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, безбедносните сили очигледно имаа карт-бланш за […]

Лична карта за нови делби


ЕРОЛ РИЗАОВ Со голема леснотија се враќаме назад во едни минати времиња на национално и верско бележење на граѓаните за нивното етничко потекло и верска припадност   Северна Македонија сѐ повеќе се одалечува од определбата за граѓанско, мултиетничко и мултикултурно општество со еднакви права на сите граѓани без оглед на националната и верската припадност. Издавањето […]

Судот ѝ наложи на холандската влада да го укине полицискиот час воведен поради короната


Холандскиот суд во вторникот и наложи на владата веднаш да го укине ноќниот полициски час воведен за ограничување на ширењето на корона вирусот во земјата, пресудувајќи дека не постои соодветна правна основа за тоа. Полицискиот час, првиот во Холандија по Втората светска војна, предизвика немири против мерката кога беше воведен на 23 јануари. „Полицискиот час […]

Австрија ја интензивира контролата на границата со Италија


Ограничувањата што вчера ги воведе Германија на границата со австриската провинција Тирол поради јужноафриканскиот вид на Ковид-19, ги принуди австриските власти да ја интензивираат контролата на границата со Италија, што денеска предизвика долги редови автомобили и незадоволство. Возачите на камиони кои од Тиропл влчегуваат во Германија од вчера треба да покажат негативен тест на Ковид-19. […]